feature

Ливерпул се соочува со повреди пред критичен натпревар со Астон Вила

Alexander Isak sitting on the pitch for Liverpool, injured

Ливерпул продолжува да се соочува со сериозни проблеми со повредите пред критичниот натпревар против Астон Вила. Напаѓачот, Александер Исак, повторно ќе ја пропушти оваа недела, бидејќи не е целосно опоравен од повредата што ја претрпе претходно во месецот. Арне Слот потврди дека Исак, како и Кертис Џонс, кој исто така е надвор од игра поради повреда, нема да бидат достапни за овој натпревар.

Добрата вест за Ливерпул е враќањето на Рајан Гравенберх во полн тренинг, па тој веројатно ќе биде во составот за натпреварот против Вила. Сепак, проблемите со повредите остануваат сериозни, а губењето на 4 последователни натпревари во Премиер Лигата доведе до пад на тимот на табелата и самиот морал во тимот, што ја зголемува потребата од победа на овој клучен меч.

Слот ја истакна важноста на натпреварот и напомена дека напредокот на некои играчи е различен: додека Гравенберх е речиси подготвен за игра, Исак и Џонс се “99.9%” неподготвени за настап. Ливерпул продолжува да има проблеми со долгорочни отсуства, вклучувајќи ги и голманот Алисон Бекер, Џереми Фримпонг и младото дефанзивно засилување Џовани Леони.

За Ливерпул, победата е апсолутно неопходна за да се прекине лошата серија и да се врати самодовербата во тимот, како и кај навивачите. Бидејќи притисокот расте, сите очи ќе бидат вперени кон овие исклучително важни три бода на домашен терен против Астон Вила.


Нејмар се врати од повреда, нишани за Мундијалот во 2026

Neymar celebrating a goal for Santos

Нејмар се врати на тренинг со Сантос по неколку недели отсутност поради повреди. Бразилскиот напаѓач, кој страдаше од болки во мускулот на бутот, ја започна рехабилитацијата и активно учествува во тренинзите. Клубот потврди дека бразилецот повторно активно учевствува во полн тренинг.

Нејмар наводно е физички подготвен и мотивиран за своето враќање на натпреварите. Неговиот тренинг беше насочен не само на обнова на повредените мускули, туку и на јакнење на околните мускулни групи, со цел да се избегнат идни проблеми.

Сантос и самиот играч нагласуваат дека процесот на враќање треба да биде постепен и во согласност со неговата физичка состојба, при што истакнуваат дека се потребни трпение и време.

Нејмар ја има поставено и неговата цел: да учевствува на Светското Првенство 2026. Бразилската репрезентација ќе сака да го врати трофејот во нивната земја, а Нејмар е решен да се врати на своето највисоко ниво. Неговиот напор за да биде подготвен за предизвиците што следат е клучен за неговата кариера, но и за репрезентацијата, која има големи амбиции за претстојниот Мундијал.


Проблемите со повредата на Јамал продолжуваат

Lamine Yamal covering his face with his hands

Ламин Јамал продолжува да се справува со болки во препоните, но клубот и играчот одлучиле да избегнуваат хируршка интервенција во моментов. Според најновите информации, Јамал и медицинскиот тим на Барселона се одлучиле за конзервативен пристап, надевајќи се дека ќе го избегнат оперативниот зафат за сега.

Барселона побарала дополнителни медицински консултации за да се процени дали хирургијата може да биде долгорочно решение за неговата пубалгија. Сепак, засега не постои дефинитивен план за операција. Напаѓачот ќе продолжи да игра и покрај болките, а ситуацијата ќе биде внимателно следена од страна на клубот и неговиот тим.

Ако болките продолжат во наредните недели, одлуката за операција ќе биде повторно разгледана од страна на Јамал, неговите претставници и Барселона. Клубот е свесен за ризиците, имајќи ги предвид минатите случаи на играчи како Ансу Фати и Бојан Кркич, чии кариери беа погодени од хронични повреди. За сега, Јамал останува клучна фигура за тимот на Ханси Флик, но неговата физичка подготвеност ќе биде клучна за амбициите на Барселона оваа сезона.


Баерн неможе да престани да победува од стартот на сезоната

Harry Kane and Vincent Kompany discussing tactics for Bayern Munich

Баерн постави нов рекорд како прв клуб од најголемите европски лиги што ја започнал сезоната со 14 победи по ред. Овој неверојатен старт вклучува победи во Бундеслигата, германските купови и Лигата на Шампионите, со феноменален учинок од 51 постигнат гол и само 10 примени во овие 14 натпревари. Претходниот рекорд го држеше Милан со 13 последователни победи на почетокот на сезоната 1992-93.

Влијанието на Винсент Компани, кој го води баварскиот клуб во втората сезона како тренер, е клучен за овој успех. Компани успеа да создаде баланс меѓу тактичка дисциплина и напаѓачки стил, што доведе до доминантни настапи на сите фронтови. Неговото лидерство и посветеност кон тимот донесоа нов победнички менталитет, додека играчите се истакнуваат со извонредна физичка подготвеност и тимска хемија. Продолжувањето на договорот на Компани до 2029 година ја потврдува довербата на клубот во неговата визија и стабилноста што ја носи.

Клучниот играч во успехот на Баерн е Хери Кејн, кој продолжува да покажува некои од најдобрите настапи во својата кариера. Англискиот напаѓач постигна 22 голови во првите 14 натпревари. Неговата конзистентност и прецизност во завршувањето на шансите го прават централна фигура во нападот на клубот, а тој веќе се споредува со најдобрите напаѓачи во историјата на Бундеслигата.


Кристиано Жуниор чекори кон се поголема слава во неговата кариера

Cristiano Ronaldo Junior debuting for the u16 Portugal team

Кристиано Роналдо Жуниор, најстариот син на фудбалската легенда Кристиано Роналдо, направи важен чекор во својата млада кариера: го забележа својот прв настап за португалската репрезентација до 16 години. На само 15 години и три месеци, младиот напаѓач влезе во игра во последните минути од натпреварот против Турција, во кој Португалија славеше со 2:0 на турнирот „Federations Cup“ во Анталија. Иако настапи кратко, дебито го означи напредокот на неговиот пат во националниот дрес.

Роналдо Жуниор моментално настапува за младинскиот тим на Ал Наср клубот во кој блеска и неговиот татко. Неговиот настап за У16 е уште еден чекор во создавањето на нова фудбалска приказна во семејството Роналдо. Претходно, тој веќе се истакна со репрезентацијата У15, каде што постигна два гола во финалето на турнирот „Влатко Маркович“.

Многумина со интерес ќе го следат неговиот развој и ќе се прашуваат дали младиот Кристиано ќе може да ја продолжи славната традиција на својот татко.

Португалија У16 продолжува со настапите во Турција, каде што ги очекуваат мечеви против Велс и Англија. Победата над Турција ја обезбедија Самуел Тавареш и Рафаел Кабрал, таленти од познатите португалски академии.

Со приклучувањето на Роналдо Жуниор, тимот добива нова димензија и симболичен поттик, доказ дека новата генерација веќе тропа на вратите на иднината на португалскиот фудбал.


Синер и Медведев се чекираа во четвртфиналето во Париз

Јаник Синер и Данил Медведев обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Двајцата во вечерните мечеви постигнаа победи.

Синер без поголеми проблеми со 2:0 во сетови го совлада Франциско Серундоло. Многу потешко до победата стигна Медведев, кој со пресврт стигна до триумф откако Лоренцо Сонего поведе со 1:0 во сетови. Вториот сет во тај брејкот го освои Медведев, кој без поголеми проблеми го доби решавачкиот сет.

Денес во четвртфиналето ќе играат: Валери Вашеро – Феликс Оже-Алисимене, Александер Бублик – Алекс Де Минаур, Бен Шелтон – Јаник Синер, додека Медведев ќе игра со победникот од мечот Зверев – Давидович Фокина.


Палмеирас направи чудо и обезбеди бразилско финале на Копа Либертадорес

Raphael Veiga (2-d), de Palmeiras, celebra un gol en el partido de vuelta por la semifinal de la Copa Libertadores ante Liga de Quito en el estadio Allianz Parque, en Sao Paulo (Brasil). EFE/Isaac Fontana

Палмеирас и Фламенго ќе се борат за титулата во јужноамериканска Лига на шампиони, наречена Копа Либертадорес.

Палмерира на спектакуларен начин избори пласман во финалето. Успеа да надомести минус од три гола против ЛДУ Кито. Бразилскиот тим победи со 4-0.

ЛДУ Кито сензационално елиминира два бразилски тима во нокаут фазата – Ботафого и Сао Паоло, и беше на работ на третата сензација, но се случи „чудо“.

Еквадорците направија големо изненадување во првиот натпревар и славеа со 3:0, па Палмеирас имаше тешка задача.

Рамон Соса го доведе домашниот тим во водство во 20-та минута, а длабоко во судиското продолжение од првото полувреме, Бруно Фукс постигна гол за 2-0. Второто полувреме донесе жестоки напади на домашниот тим, кои вродија со плод и донесоа новхерој.

Рафаел Вега, клупска икона која е во овој клуб речиси една деценија, постигна два гола за голема победа на Палмеирас. Финалето на Копа Либертадорес е закажано за 29 ноември на стадионот Монументал во Лима (Перу).


Фримпонг се повреди, Ливерпул неколку недели без Холанѓанецот

Тимот на Ливерпул е во голема играчка и резултатска криза, а како да му се малку ваквите маки на тимот, сега има проблем и со повредата на стандардниот дефанзивец.

Џереми Фримпонг нема да може да настапи минимум месец и половина, затоа што на дуелот од Лигата на Шампионите против Ајнтрахт тој се повреди и оттогаш не е во комбинација.

Денешните пак вести на оваа тема, велат дека дополнителните прегледи врз дефанзивецот не носат дорби вести, напротив.

Во периодот кој што следува Ливерпул игра против Астон Вила, па потоа против Реал Мадрид во ЛШ,


Џенсон Батон објави крај на професионалната кариера

Шампионот во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, објави дека се повлекува од трките, јави „Би-би-си“.

На 8 ноември, 45-годишниот Батон ќе се натпреварува во трката „8 часа Бахреин“, што ќе биде неговата последна професионална трка.

Батон се натпреваруваше во 306 трки во Формула 1, од кои победи во 15. Тој го освои шампионатот во 2009 година со тимот Браун. Возеше и за Вилијамс, Бенетон, Рено, БАР, Хонда и Мекларен.

По пензионирањето од Формула 1 во 2016 година, Британецот продолжи да се натпреварува во разни трки на издржливост.


Одобрена продажба на Лејкерси за 10 милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер.

„Се очекува трансакцијата да се комплетира наскоро“, се вели во соопштението на НБА.

Претходно, американските медиуми објавија дека Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари.

Волтер е извршен директор на TWG Global, холдинг компанија која изгради импресивно портфолио од професионални спортски тимови, вклучувајќи ги Лос Анџелес Доџерс (бејзбол) и Лос Анџелес Спаркс (ВНБА). Вклучени се и тенискиот турнир „Били Џин Кинг Куп“ и Формула 1 тимот Кадилак, кој ќе се натпреварува во Ф1 почнувајќи од следната година.

„Лос Анџелес Лејкерс се една од најзначајните франшизи во сите спортови, дефинирана со историја на извонредност и неуморна потрага по величина“, изјави Волтер, кој е рангиран на 589 место на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот со проценето лично богатство од 6,1 милијарда долари.

ЛА Лејкерс беа основани во Минеаполис во 1947 година, а потоа се преселија во Лос Анџелес пред сезоната 1960-61.

Во својата клупска историја, Лејкерси освоија 17 титули, една помалку од Бостон. (