feature

Снајдер: Куртоа лошо го постави живиот ѕид

Весли Снајдер процени дека Реал Мадрид направил грешка со поставувањето на ѕидот кога Деклан Рајс успеа да погоди во два наврата од слободен удар и да ја најави победата на Арсенал.

„Ѕидот беше погрешно поставен при првиот гол. На играч со десна нога никогаш не треба да му се дозволи да шутира под таков агол. Ако имате добар шут, тоа е многу лесен гол. Ѕидот беше преместен премногу лево“ – вели Снајдер.

„Сакам да дадам и мал коментар за вториот гол. Растојанието беше големо. Репризата покажува дека Куртоа прави чекор надесно. Да стоеше во неговиот агол ќе успееше“ – изјави поранешниот холандски репрезентативец.


Динамо му врачи отказ на Фабио Канаваро

Фабио Канаваро повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Не е познато кој ќе го води Динамо против Осиек во 29. коло од хрватскиот шампионат, во сабота.

Канаверо доби отказ по неполни три и пол месеци. Динамо му врачи отказ на третиот тренер сезонава. Сезона 2024/25. започна со Сергеј Јакировиќ, а потоа во септември беше заменет со Ненад Бјелица. Канаваро во Загреб пристигна на 29 декември минатата година. Потпиша договор со Динамо до летото 2026. Се претпоставува дека Канаваро во Динамо имал годишна плата од 1,5 милиони евра, а неговиот персонал 500 илјади евра годишно.

Италијанецот загуби со 3-0 од Истра во 28. коло, со што актуелниот шампион заостана осум бода зад лидерот Хајдук и седум бода зад Риека на осум кола до крајот.

Доколку не ја одбрани титулата, Динамо следната година нема да може да игра во Лигата на шампионите, што ќе претставува голем удар за буџетот на клубот.

Официјално буџетот на Динамо за оваа година е 67 милиони евра, а приходите од натпреварувањата на УЕФА требало да бидат околу 24 милиони евра. Без Лигата на шампионите таа сума ќе биде значително помала.

Во 14 натпревари со Динамо, Канаваро победи седум пати и имаше дури пет порази.


Париз или Атина домаќини на Ф4 на Лигата на шампионите на ФИБА

Победникот од четвртфиналната серија меѓу грчки АЕК и француски Нантер ќе биде организатор на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите, соопштија од ФИБА.

Четвртфиналните серии се играат до две победи, а АЕК е за нијанса поблиску до организација на фајналфорот бидејќи ќе има предност на домашен терен за евентуалната „мајсторка“.

„Фајнал-фор“ турнирот на кошаркаскиот настан ќе се одржи од 8 до 11 мај.


Синер спремен да се врати на тениските терени

Првиот светски рекет Јаник Синер ќе успее да го одбрани АТП врвот и покрај неиграњето, а прв настап се очекува да го има на Мастерс турнирот во Рим.

Името на Синер се најде меѓу пријавените за настап на овој турнир во „вечниот град“. За точно еден месец Италијанецот ќе се врати на терените навреме за да се загрее за вториот сезонски Грен слем турнир Ролан Гарос.

Овој месец како последен од суспензиајта за Синер значи враќање на тренинзите во официјалните тениски комплекси.


Анчелоти: Мора да веруваме, во Мадрид често се случувале пресврти

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги оцени шансите на неговиот тим во реваншот со Арсенал по тешкиот пораз (0:3) синоќа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Анчелоти по поразот од Арсенал: Мора да веруваме, бидејќи тоа се случи многу пати на „Бернабеу“

„Мора да бидеме искрени во сопствената критичка самооценка. Не бевме лоши во долгите делови од играта – имаше некои работи што ги направивме добро во првото полувреме. Имавме можност да го подигнеме нашето ниво повисоко, но целосно пропаднавме во вториот дел.

За реваншот треба да веруваме, да го задржиме тоа верување, бидејќи ова се случило многу пати на „Бернабеу“, изјави Анчелоти.

Реваншот ќе се игра во Мадрид на 16 април.


Арсенал обезбеди пет тима за Англија во ЛШ следната сезона

Победата на Арсенал над Реал Мадрид (3-0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите на Англија и обезбеди уште еден тим во елитното натпреварување за следната сезона.

На англиските клубови им беше потребна само една победа во кое било од трите меѓународни клупски натпреварувања под покровителство на Европската фудбалска унија (УЕФА) за да го обезбедат петтиот претставник во Лигата на шампионите за следната сезона преку коефициентот на УЕФА, објави Би-Би-Си.

Англија следната сезона би можела да има дури седум претставници во Лигата на шампионите.

Ова би се случило доколку Астон Вила ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, а не успее да обезбеди пласман преку Премиер лигата и доколку Манчестер Јунајтед или Тотенхем ја освојат Лига Европа.

Астон Вила е седма на табелата во Премиер лигата, а во четвртфиналето од Лигата на шампионите игра против Пари Сен Жермен.

Манчестер Јунајтед игра против Лион во двомечот од четвртфиналето на Лига Европа, додека ривал на Тотенхем е Ајнтрахт Франкфурт.

Ливерпул, Арсенал, Нотингем Форест, Челзи и Њукасл моментално се на првите пет места на табелата во Премиер лигата.


Белингем: Имавме среќа што примивме само три гола

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, смета дека победата на Арсенал е целосно заслужена, па дури и призна дека неговиот тим се спасил од потежок пораз на „Емирати“. Реал Мадрид загуби со 0:3 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите и е на прагот на елиминација од турнирот.

„Факт е дека не бевме блиску до позитивен резултат. Домаќините, пак, беа многу добри. Јасно е дека два гола беа постигнати од слободни удари и се резултат на висока индивидуална мајсторија, но искрено, можеа да постигнат и повеќе. Имавме среќа што примивме само три гола. Сепак, претстои реванш и веќе размислуваме за тоа. Свесни сме дека ќе треба да направиме нешто неверојатно, нешто лудо. Но, ако тоа може да се случи некаде, тоа би било само на нашиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, рече Белингам.

Да потсетиме, реваншот ќе се одигра во Мадрид на стадионот „Бернабеу“ на 16 април.


Денвер го отпушти тренерот Мајк Мелоун

По серијата лоши резултати, Денвер Нагетс му врачи отказ на првиот тренер Мајк Мелоун.

Оваа информација ја објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој работи за „ESPN“.

Мелоун беше тренер на Денвер 10 години, почнувајќи од 2015 година, кога во тимот од Колорадо пристигна Никола Јокиќ.

Тие „пораснаа“ заедно и за една деценија заедничка работа го донесоа единствениот шампионат на Нагетс во 2023 година.

Тој му „помогна“ на Јокиќ да освои три МВП награди и многу влијаеше на неговиот развој и игра.

Сепак, резултатите на Денвер не се најдобри во последно време и челниците на франшизата решија да го отпуштат Мелоун. Пред Денвер, тој работеше во сезоната 2013/2014 како тренер на Сакраменто Кингс.

Претходно беше асистент во Голден Стејт Вориорс, Њу Орлеанс Хорнетс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, како и во Менхетен, Провиденс.

Денвер моментално се наоѓа на четвртото место во западниот поредок со 47 победи и 32 порази.


Рајс го потопи Реал, Интер со победа се враќа од Минхен

Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со 3-0, а Интер во Минхен го победи Баерн со 1-2.

Микел Артета му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери во историјата, Карло Анчелоти. Арсенал буквално го прегази Реал, кој може да биде задволен што Лондон го нашушти со три примени гола.

Апсолутен херој е Деклан Рајс, чии две торпеда од слободни удари, во 58. и 70.минута го потопија „краслскиот клуб“. Точка на мечот во 74.минута стави Микел Мерино.

Можеше Арсенал да постигне уште некој гол, но во периодот од 60. до 64.минута Куртоа имаше две брилијантни интервенции, а Алаба и Белнгем интервенираа од гол-линијата.

Реал во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Мбапе, чии удар успеа да го скроти Давид Раја.

Интер во Минхен ги искористи сите проблеми кои Баерн ги има со повредите во дефанзивниот дел од тимот.

Италијанскиот првак поведе со брилијантниот гол на Лаутаро Мартинез во 38.минута.

Баерн се врати во мечот во 85. минута кога Томас Милер изедначи, но само три минути подоцна Фратези погоди за победа на Интер.


Панче Стојанов именуван за нов тренер на Брера

Екипата на Брера го именуваше Панче Стојанов за нов тренер на местото на Тони Атанасов кој се повлече по поразот од Вардар за викендот.

Стојанов досега ја извршуваше улогата на помшник на Атанасов, а сега ќе го предводи тимот како главен тренер.

49 годишниот Панче Стојанов е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе мак клубови. Настапуваше за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Исто така работеше и во младинските категории на струмичкиот клуб.

Брера утре ја очекува нов натпревар против Вардар, сега во полуфиналето од Купот на Македонија.