feature

Кореанецот Сон доаѓа на позајмица во Барса

Хјеонг Мин Сон, играч на Лос Анџелес, наскоро би можел да пристигне на позајмица во Барселона.

Славниот Кореец, легендата на Тотенхем, ќе ја користи познатата клаузула воведена од Дејвид Бекам.

Тоа правило им овозможува на ѕвездите од МЛС да се преселат во друг клуб за време на паузата во лигата без да им биде раскинат договорот.

На овој начин, фудбалерите можат да ја одржат формата. Бекам беше на позајмица во Милан додека играше за Лос Анџелес.


Ендрик пред позајмица во Лион до крајот на сезоната

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, ќе ги напушти „кралевите“ во текот на зимата, така барем велат информациите од Шпанија.

Поминаа 163 дена откако Бразилецот одигра натпревар за Реал Мадрид и постои голема веројатност дека тоа нема да се промени наскоро.

Чаби Алонсо не смета на Ендрик и клубот е отворен да го испрати на позајмица во јануари.

Иако Олимпик од Марсеј се поврзуваше со него, тој во моментов не е блиску до Велодромо но Франција сигурно е. Фабрицио Романо објави попладнево дека Олимпик Лион започнал преговори со претставниците на Бразилецот и Реал Мадрид во врска со позајмица до јуни 2026 година.

На Лион му е потребно засилување од ваков тип повеќе од потребното бидејќи најпродуктивниот напаѓач на тимот, Малик Фофана, е повреден и ќе мора да се оперира.


Николас Маху замина во пензија на 43-годишна возраст

Николас Маху замина во спортска пензија на 43-годишна возраст.

Францускиот тенисер во својата кариера имаше пет трофеи на Грен слем турнирите во двојки од вкупно 37. Дополнително тој има и четири титули на сингл турнири.

Французинот во 2010 година го одигра најдолгиот меч во тениската историја, кога играше неверојатни 11 часа и пет минути, а противник му беше Џон Иснер. Американецот го доби мечот со 70-68 во тај-брејкот на петтиот сет во средба која се играше поделена во три дена.

Само решавачкиот сет се играше осум часа и 11 минути. „Најубавите спомени ми се врзани со Грен слем трофеите. Имав богата кариера, а исто така уживам да зборувам за лудиот меч во 2010 година. Беше неверојатно искуство“, прокоментира Маху.


Џоб Белингам нема да го замени Дортмунд со Манчестер

Фудбалерот, Џоб Белингам, кој силно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, нема желба да им се придружи на „Црвените ѓаволи“ на позајмица во јануари, тврди „Мирор“.

Според британскиот весник, младиот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, кој има само 20 години, сака во зимскиот преоден рок да се пресели во тим кој учествува во Лигата на шампионите на УЕФА.

Џоб нема да ја исклучи можноста за враќање во Англија, од каде што замина во летото, кога го напушти Сандерленд.


Пресврт во Белград: Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија

Вељко Пауновиќ ќе биде новиот селектор на српската фудбалска репрезентација. Иако нема потврда од куќата на српскиот фудбал, ниту од идниот селектор, „Спортклуб“, повикувајќи се на свои извори тврди дека двете страни постигнале договор.

Според овој извор, се очекува оваа информација официјално да биде потврдена во четврток.

Во мир, далеку од притисокот на јавноста, и со претходно зелено светло од Извршниот одбор на ФСС, генералниот секретар на Српскиот фудбалски сојуз, Бранко Радујко, во Мадрид, водел тивки преговори со единствениот сериозен кандидат. Конечно, по конкретни дискусии и решавање на посериозни пречки, позитивен одговор дојде од Шпанија.

Конечниот договор доаѓа пред дефинирањето на списокот за натпреварите со Англија и Латвија. Сепак според непотврдени информации, иако претставниците на ФСС, поточно генералниот секретар Бранко Радујко, ја застапуваа тезата за преземање на тимот веќе во претстојните натпревари, желбата на Пауновиќ била да започне нов мандат, однсно да го преземе националниот тим во јануари 2026 година.


Кристал Палас го исфрли Ливерпул од Карабао Купот

По четири последователни порази во Премиер лигата, фудбалерите на Ливерпул се елиминирани од Лига купот. На „Енфилд“ Кристал Палас го победи Ливерпул со 0-3.

Кризта во Ливерпул се продлабочува, екипата на Арне Слот, има шест порази на последните седум натпревари.

За поразот во Лига купот оправдување на холандскиот тренер не моѓе да му биде ниту фактот што играше со „шарен состав“.

Исмаила Сар со два гола во интервал од четири минути, во првиот дел ја најави елиминацијата на „црвените“.

Ливерпул го нокаутира Јереми Пино во финишот на натпреварот.


Камерон Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, синоќа загуби од Британецот Камерон Нори, рангиран на 31. место во светот, во второто коло од Мастерсот во Париз, со 6-4, 3-6 и 4-6.

Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Алкараз сервираше осум аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки. Нори сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше две од седум брејк топки.

Во следното коло од турнирот во француската престолнина, Британецот ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Артур Риндеркнех (Франција) и Валентин Вашеро (Монако).

Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 6,1 милион евра.


Калатес потпиша за Партизан

Раководството на Партизан денес објави за потпишување на соработка со Ник Калатес.

Триесет и шестгодишниот бек во српските медиуми е најавен како големо засилување за „црно-белите“ кои се соочуваат со повредени играчи.

Ветеранот Калатес треба да му помогне на Вашингтон во организацијата на играта на Партизан.

Плејмејкерот беше во својата втора сезона со Монако, но сè уште не одигра ниту еден натпревар во најсилното европско клупско натпреварување. Тој сезонава одигра само три натпревари во француската лига (3,7 асистенции и 2,3 скока за 11,7 минути по натпревар).


Хамилтон нема да добие нов договор со Ферари

Луис Хамилтон најверојатно нема да добие продолжување на соработката со Ферари. Според ESPN, Британецот има недоразбирања за раководството на италијанскиот Формула 1 тим.

Хамилтон и Шарл Леклер ќе продолжат да се тркаат за Скудерија во 2026 година, но ситуацијата во врска со сезоната 2027 останува нејасна.

Договорот на седумкратниот светски шампион важи до крајот на следната година.

Неколку „инфлуенсери“ од Ф1 сугерираа дека на Хамилтон нема да му биде понуден нов договор со оглед на неговите моментални резултати. Самиот медиум забележува дека таков заклучок изгледа преран во овој момент, иако признава дека формата на Британецот е загрижувачка.


Реми во првите два натпревари од 11. коло на Првата лига

Првите два натпревара од 11.коло од Првата фудбалска лига завршија без победник. И на двата дуела водеа гостите: Работнички имаше и водство од 2-0 против Арсими, додека Башкими водеше со 1-0 против Македонија ЃП. Сепак домашните екипи стигнаа до нерешен резултат и еден бод.

Утре се играат натпреварите: Шкупи – Струга и Пелистер – Тиквеш, додека во петок на програмата се дербито меѓу Вардар и Силекс, како и дуелот Брера – Шкендија.

Почетокот на натпреварите е во 13:30 часот.

Табела: Вардар 24 бодови, Струга 23, Силекс 21, Шкендија 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 8, Пелистер 7, Работнички 7, Шкупи 1.