feature

Марк Геи од Кристал Палас на чекор до „Енфилд роуд“

Ливерпул си подале рака со Борнмут за трансфер на Милош Керкеш и продолжуваат да работат на тимот за новата сезона, следна цел е Марк Геи од Кристал Палас.

Ливерпул веќе го ангажираше Џереми Фримпонг во зделка вредна 35 милиони евра, а во скоро време ќе го потврди и рекордниот трансфер на Флоријан Вирц од 137 милиони евра.

Попладнево голем број на извори објавија дека „црвените“ си подале рака со Борнмут за трансфер на Милош Керкез, левиот бек ќе се пресели на Енфилд за нешто помалку од 50 милиони евра.

Но Ливерпул нема да запре тука и ќе продолжи да работи на тимот за новата сезона, следна цел е Марк Геи од Кристал Палас.

Дефанзивецот е на мета на Арсенал, Челси и Њукасл, но Ливерпул верува дека може да ја победи конкуренцијата.


Алегри побара шест засилувања во новиот Милан

Масимилијано Алегри ја презеде клупата на Милан по заминувањето на Серџо Консеисао.Трофејниот стратег дојде без огромни очекувања и барања од управата, ама сепак си има јасна цел и позиции во тимот кои мора да му бидат „обновени“ и засилени. Според најавите од Италија, Алегри сака дури шест нови стартери во тимот.

Досега Милан го заврши само доаѓањето на Лука Модриќ кој треба да потпише по Светското клупско првенство.

Голема желба на управата на чело со новиот спортски директор е Гранит Џака, а орбитираат уште неколку имиња. За бековските позиции идеи се Олександр Зинченко и Гуела Дуе, за средината посакуван е Хави Гуера од Валенсија. За дефанзивниот дел најголема желба е талентираниот стопер Џовани Леони од Парма.

Во нападот „росонерите“ сонуваат позвучно и поскапо име и имаат неколку опции како Дарвин Нуњез, Душан Влаховиќ или Виктор Осимен.


Мајорка сака да го доведе Столе Димитриевски

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија.

Тренерот Корбелан, за прв голман го планира Хулен Аригезабала од Атлетик Билбао, кој бара тим каде што ќе биде прв голман, бидејќи повеќе не сака да му биде резерва на Унаи Симон.

Најсилен интерес за Димитриевски покажува Мајорка, која бара засилување на голманската позиција.


Осудениот Промес екстардиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.


Петра Квитова ја завршува кариерата на крајот од годината

Двократната освојувачка на Вимблдон, 35-годишната чешка тенисерка Петра Квитова, објави дека ќе стави крај на кариерата по овогодинешниот Ју Ес Опен, што ќе се одржи од 24 август до 7 септември.

Квитова, која го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, освои 31 трофеи во кариерата.

Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е второто место на ранг-листата на ВТА, но во моментов е рангирана на 572-то место.
Претходно оваа година, Квитова се врати на тенисот по 15-месечна пауза поради бременост и раѓањето на нејзиното дете, но таа победи само еднаш во седум настапи и реши да се посвети на своето семејство.


Вардар го претстави Иван Чупиќ за свој нов предводник

Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, ја доби довербата од управата и ја презеде тренерската функција во поранешниот европски шампион. 39-годишниот Хрват денеска на официјалната прес-конференција ги изнесе неговите размислувања.

„Многу сум среќен но, и благодарен до мојот клуб Метковиќ бидејќи веднаш кога дојде повикот од Вардар ми дозволи да заминам. Сите знаете колку ми значи Вардар, Скопје и Македонија како и „Комити“. Сакам да ветам дека јас и целата моја екипа мора да понесеме одговорност, да бидеме почестени што претставуваме еден голем клуб како Вардар“ – рече Чупиќ.

„Сакам овој град повторно да заживее за Вардар. Со огромен ентузијазам и желба сакам да ги исполниме целите. Јас сум многу задоволен од тимот со кој ќе располагам. Не барам играчи, задоволен сум“ – рече Чупиќ кој работеше во Загреб и Метковиќ.


Џејдон Санчо со сели во Серија А?

Јувентус го обнови својот интерес за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, објави „Скај Спорт Италија“. Торинскиот гигант му се придружи на Наполи во трката за поранешниот англиски репрезентативец, отворајќи прелиминарни разговори со неговиот клуб.

25-годишникот ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи, а сега се врати на „Олд Трафорд“. Тој постигна пет гола и имаше десет асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања за Лондончани, кои одлучија да платат надомест за да избегнат активирање на нивната задолжителна откупна клаузула.

Јувентус веќе беше во преговори за Санчо пред една година кога Кристијано Џунтоли беше задолжен за трансфери во „Старата дама“. Наполи е исто така заинтересиран за играчот, бидејќи Антонио Конте бара офанзивни крилни играчи за сезоната 2025/26.


Ливерпул и Борнмут постигнаа договор за Милош Керкез

Ливерпул постигна договор со Бурнмаут за трансфер на 21-годишниот лев бек Милош Керкез , објави Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.

Според изворот, „Ливерпул ќе плати 40 милиони фунти (46,8 милиони евра) за унгарскиот фудбалер. Договорот е во фаза на формализирање. Се очекува Керкез следната недела да ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул.

Минатата сезона, Керкез одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2028 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 45 милиони евра.


Иднината на Погба неизвесна – Монако и Ал Итихад во трка за негов потпис

Пол Погба, 32-годишниот француски репрезентативец, повторно е слободен играч по истекот на 18-месечната суспензија поради допинг. Интересот за неговите услуги е голем, бидејќи тој планира враќање на големата сцена. 

Монако е најнапред во преговорите и му понуди двегодишен договор. Разговорите напредуваат, но сè уште има пречки околу договорните услови и имиџ правата. 

Во меѓувреме, силен интерес покажува и Ал Итихад од Саудиска Арабија. Иако клубот сè уште нема поднесено официјална понуда – делумно поради недостаток на спортски директор и внатрешни проблеми – првичните контакти укажуваат на сериозна намера. Присуството на ѕвезди како Карим Бензема и Н’Голо Канте ја прави понудата уште поатрактивна. 

Погба засега не ја донел конечната одлука. Неговиот фокус е насочен кон враќање во врвна форма, со цел да биде дел од француската репрезентација на Светското Првенство во 2026 година. 

Очекувањата се дека во наредните недели ќе има поголема јаснотија околу неговата иднина, додека преговорите продолжуваат, а Погба размислува за следниот потег во неговата кариера. 


Хоан Гарсија потпиша со Барселона до 2031

Барселона официјално го претстави Хоан Гарсија, кој потпиша договор што ќе го задржи на „Камп Ноу“ до јуни 2031 година. 

Овој потег се смета за дел од долгорочната стратегија на клубот да го засили тимот со млади и перспективни фудбалери. Гарсија, кој беше следен од неколку врвни клубови, се очекува да внесе нова енергија и креативност во составот. 

Клупските челници внимателно го следеа неговиот развој, а долгорочниот договор е показател за силната доверба во неговиот потенцијал да се развие во важен играч за тимот. 

Управата на Барса е активна на трансфер пазарот ова лето, со цел да изгради конкурентен состав способен за борба за титули и на домашната сцена и во европските натпреварувања. Пристигнувањето на Гарсија е уште еден чекор во таа насока. 

Сега вниманието ќе биде насочено кон тоа како Гарсија ќе се вклопи во тимот и какво влијание ќе има во следните сезони.