feature

Третолигашот Арминија Билифилд ќе игра во финалето на Купот

Torjubel zum 2:1 durch Maximilian Grosser 19 Arminia Bielefeld, Arminia Bielefeld vs. Bayer 04 Leverkusen, DFB-Pokal, Halbfinale, 01.04.2025 DFB regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video Bielefeld Nordrhein-Westfalen Deutschland *** Goal celebration for 2 1 by Maximilian Grosser 19 Arminia Bielefeld , Arminia Bielefeld vs Bayer 04 Leverkusen, DFB Pokal, Semifinal, 01 04 2025 DFB regulations prohibit any use of photographs as image sequences and or quasi video Bielefeld Nordrhein Westfalen Germany Copyright: xkolbert-press/MarcxNiemeyerx

Членот на третиот ранг на германскиот фудбал Арминија од Билефелд избори пласман во финалето на купот. Во полуфиналниот натпревар, Арминија го победи бранителот на трофејот Баер Леверкузен со 2-1.

На патото до финалето Арминија ги победи Хановер (0-2), а потоа членовите на Бундес лигата: Унион Берлин (0-2), Фрајбург (1-3) и Вердер (1-2).

Домашната екипа по пресврт го елиминира бранителот на трофејот.

Џонатан Та ги доведе „фармацевтите“ во водство во 17. минута, но Мариус Вор одговори само три минути подоцна.

Тимот од Билефелд не застана тука, а до одморот, во третата минута од судиското надополнување, преку Максимилијан Грозер го комплетираа пресвртот против шампионот на Германија.

Во продолжение Арминија можеше да го удвои водството преку Џоел Гродовски. Во финишот Јонас Керскен најпрвин брилијантно го одбрани ударот на Виктор Бонифас, а набрзо Патрик Шик со глава ја погоди стативата.

Бранителот на титулата во Купот не можеше да избегне пораз до крајот на мечот, па Арминија во финалето на 23 мај во Берлин ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт-Лајпциг.


Болоња пред вратите на финалето на Копа Италија

Фудбалерите на Болоња го совладаа Емполи како гости во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија со резултат 0-3.

Јасно е дека реваншот ќе биде само формалност по ваквата демонстрација на силата на тимот на Виченцо Италијано. Болоња игра феноменално во последно време, ова за нив беше шеста последовна победа во сите натпрварувања.

Двоен стрелец за гостите на стадионот „Карло Кастелани“ беше Холанѓанецот Тијс Далинга во 29. и 51. минута.

Претходно, уште еден гол сезонава постигна и најдобриот стрелец на тимот Рикардо Орсолини.

Многу поголема неизвесност се очекува во второто полуфинале, в среда градските ривали Интер и Милан го играат првиот натпревар.

Болоња го освои Купот двапати во својата историја, вториот пат во 1974 година.


Полуавтоматскиот офсајд доаѓа во Премиер лигата на 12 април

Прес-службата на англиската Премиер лига на социјалната мрежа Х објави дека од 12 април ќе биде воведен полуавтоматски систем за откривање офсајд. Нагласено е дека овој систем ќе започне да се применува во 32. коло од натпреварувањето.

Претходно медиумите објавија дека ваквата иновација би требало да помогне да се намали времето за проверка на офсајд позициите со помош на ВАР системот на 31 секунда.

Да потсетиме дека полуавтоматскиот систем за откривање офсајд моментално се користи во италијанското првенство и Лигата на шампионите. За прв пат беше тестиран за време на натпреварите на Светското првенство во 2022 година во Катар.


Од Рома жалат што не го ангажираа Рабио

Поранешниот директор на фудбалскиот состав Рома, Валтер Сабатини, откри дека на времето Французинот, Адриен Рабиот, не и се приклучил на „волчицата“ само поради неговата мајка.

„Единствено жалам за неуспешниот трансфер на Рабиот. Неговата мајка е виновна за тоа. ПСЖ плати 30 милиони евра и таа сакаше да ги добие парите“ – рече Сабатини.

Ќе потсетиме дека Рабиот играше за францускиот состав од 2012 до 2019 година. По завршувањето на договорот замина како слободен во Јувентус.


Јунајтед бара 47,6 милиони евра за Антони

Манчестер Јунајтед е уверен дека може да го продаде 25-годишниот крилен напаѓач Ентони за 40 милиони фунти (47,6 милиони евра) по неговите успешни настапи во Реал Бетис, каде што игра како позајмен играч.

Оваа информација ја објавија медиумите во Манчестер, а според истите, за бразилскиот фудбалер интерес пројавуваат мадридски Атлетико, како и неколку клубови од италијанскиот шампионат. Бетис сака да ја продолжи позајмицата на Ентони на подолг период, но шпанскиот клуб е свесен дека тешко ќе ги исполни условите на „црвените ѓаволи“.

Ентони му се приклучи на Бетис на позајмица минатиот јануари. Во овој период учествуваше на 12 натпревари на сите турнири, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 20 милиони евра.


Де Роси фаворит за тренерското место во Вулверхемптон

Вулверхемптон стапиле во контакт со италијанскиот тренер Даниеле де Роси за можноста да го преземе тимот следната сезона.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Де Роси имал повеќе од една средба со клупските челници.

Инаку, Вулверхемптон веќе го смени тренерот оваа сезона. Во моментов на клупата е Португалецот Витор Переира, кој во декември го замени Гери О’Нил.

Де Роси досега во кариерата ги водеше СПАЛ и Рома, каде што ја мина својата професионална фудбалска кариера. На клупата на „Волчицата“ мина осум месеци, од 16 јануари до 18 септември 2024 година.

Доколку двте страни постигнат договор, Де Роси ќе стане вториот италијански тренер во Вулверхемптон.

Легандарниот голман Валтер Зенга го водеше клубот помалку од три месеци од 1 август до 25 октомври 2016 година.

Вулверхемптон моментално е 17-ти на табелата во Премиер лигата, прв над зоната за испаѓање, со девет бода повеќе од Ипсвич.


Пантер ќе добие нов договор во Барселона

Американски кошаркар со српски пасош ќе потпише нов договор со Барселона.

Веќе некое време се зборува за финансиската состојба на Барселона, буџетските промени, амбициите, намалување на платите и слично.

Токму затоа Кевин Пантер беше во јавноста, па се појавија шпекулации од намалување на платата до потенцијално заминување од шпанскиот клуб.

Како што пренесуваат добро упатените „Јурохупс“, поранешниот капитен на Партизан и член на АЕК, Црвена звезда и Олимпија Милано ќе потпише нов договор со Барселона.

Тоа ќе биде тригодишен договор вреден 12 милиони евра или четири милиони по сезона, што ќе го направи Пантера еден од најскапите играчи во европската кошарка.


37 клубови бараат смена на Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија, во вторникот е поднесено барање за Вонредно собрание. На Вонредното собрание ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.

Иницијаторите за смена на актуелното раководство на Федерацијата се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но тогаш најде „дупка“ во праилникот и си купи уште неколку месеци на функцијата.

Иницијативата за смена на Антиќ ја поднел поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски. Тој има поддршка од 37 членки на Собранието.

Кошаркарската федерација на Македонија мора во рок од две недели да го закаже Вонредното собрание, доколју тоа не се случи инцијаторите имаат право сами да го организираат.


Македонското пливање доби нов претседател

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната пливачка федерација на кое за нов претседател беше избран, Сашо Лазаровски.

Министерот најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

„Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето. Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани и во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана“ – рече министерот Ристовски.


Жорж Жесус ќе го преземе Бразил, на Нејмар тоа не му се допаѓа

Бразилската фудбалска репрезентација е во потрага по нов селектор откако се разделија со Доривал Жуниор поради резултатската криза.

Потрагата не оди баш лесно, Бразилците имаа високи амбиции и сакаа да ги доведат Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола на клупата, ама тоа се нереални желби.

Сега се споменува дека нов селектор би можел да биде Жорж Жезус. Искусниот стратег е актуелен тренер на Ал Хилал и работеше со Нејмар за време на неговиот престој во Саудиска Арабија. Односот на двајцата не беше најдобар, па поради тоа искусниот фудбалер не е најзадоволен со последните шпекулации.

Во својата тренерска кариера Жорж Жезус ги водеше Бенфика, Спортинг, Брага, Фламенго и Фенербахче.