feature

Камавинга не сака повеќе да игра како лев бек

Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, даде до знаење дека не сака и под Чаби Алонсо да игра како лев бек. Карло Анчелоти го користеше на оваа позиција кога беше потребно, но Французинот не беше среќен таму.

„Најважно е да му помагам на тимот, но има моменти кога треба да знаеш како да правиш различни работи. Мора да можеш да му помагаш на тимот максимално, и ако понекогаш е потребно да играш на други позиции, тоа е нормално. Но на долги патеки – не. Тимот секогаш е најважен. Ќе ми го поставите прашањето за левиот бек? Не, лев бек – не. Во центарот на теренот – да”, објасни Камавинга.

Против Хетафе, за време на викендот, левичарот беше стартер во двојка заедно со Орелиан Чуамени во схема 4-2-3-1, а пред нив делуваше Џуд Белингам.


Голем проблем за Обрадовиќ, се повреди Карлик Џонс

Партизан синоќа во АБА лигата го победи ФМП, по едно продолжение, со 109-103. Во фнишот на натпреварот се повреди плејмејкерот Карлик Џонс.

Плејмејкерот на Партизан, ќе паузира три месеци, пишува „Моцартспорт“.

Џонс веднаш по натпреварот бил однесен на медицински тестови. Снимката покажала дека има скршеница на петтата метатарзална коска и дека американскиот кошаркар го чека подолга пауза.

Ова значи дека Џонс заврши со играње кошарка за оваа година. Проблемот е уште поголем бидејќи од претходно е повреден и Шејк Милтон, за кого не е познато кога ќе се врати во тимот.


Дембеле е спремен, повредата е минато за Французинот

Фудбалскиот гигант Пари Сен Жермен ја доби големата „засилувачка“ вест – во клубот повторно ќе биде присутен еден од најдобрите фудбалери во светот, кој се враќа по пауза или трансфер.

По периодот во кој неговото присуство недостасуваше, клубот со нетрпение го дочека неговото враќање, надевајќи се дека ќе ја подигне амбициозната визија за освојување на највисоките трофеи.

Вратувањето на играчот е не само значајно за составот на ПСЖ, туку и за напредокот на клубот — се очекува неговата форма и мотив да допринесат за поголема стабилност, квалитет и резултати во сите натпреварувања.

Во клубот постои очекување дека со враќањето на „најдобриот“, ќе се врати и лидерството на теренот, ќе се постави повисоко ниво на конкуренција во составот и ќе се зголеми притисокот кон ривалите.


Ѓорческа ја надигра четвртата носителка на ВТА Челинџерот во Реверето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо. Таа оствари победа од 2-0 во сетови (6-4 и 6-3) за 76 минути игра.

Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4-2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4-3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6-4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5-1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6-3.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.


Ругани потпиша нов договор со Јуве

Од Јувентус официјално објавија обновување на договорот со дефанзивецот Даниеле Ругани до летото на 2028 година.

Токму 31-годишниот играч има најмногу натпревари за Јувентус меѓу сите фудбалери во сегашниот состав на клубот. Ругани има одиграно вкупно 152 натпревари за “бјанконерите”, во кои постигнал 11 голови и направил 1 асистенција.

Тој е шесткратен шампион на Италија со „Старата дама“, а освен тоа има периоди на заем во четири други клуба: Емполи, Рен, Каљари и Ајакс, каде што ја помина минатата сезона. Исто така, искусниот дефанзивец има 7 натпревари за националниот тим на Италија, за кој не играл од 2018 година наваму.

Во актуелната сезона Ругани има само три средби во сите турнири, но се очекува во следните недели да добива повеќе време за игра поради сериозната повреда на неговиот соиграч во одбраната Бремер.


Дени Руел e нов менаџер на Глазгов Ренџерс

Шкотскиот гигант Ренџерс денеска официјално го претстави новиот тренер, Германецот Дени Руел. Иако во изминатиот период клубот од Глазгов беше поврзуван со неколку звучни имиња и големи легенди, раководството сепак одлучи довербата да му ја даде на младиот германски стратег.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски и неговите соиграчи подолг период беа без предводник, откако Расел Мартин беше отпуштен поради серија слаби резултати. Новиот тренер Руел ќе има тешка задача да го врати Ренџерс на победничките патеки и да ја разбуди екипата која тоне во криза.

Во својата досегашна кариера, Германецот беше дел од стручните штабови на Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен, а како самостоен тренер работеше во Шефилд Венздеј, клуб кој го остави на дното од Чемпионшип.

Ренџерс во овој момент има само девет бодови по осум одиграни кола во шкотскиот шампионат, дури 13 помалку од водечкиот Хартс.


Синер нема да игра за Италија во Дејвис Купот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи за својата држава на завршницата од Дејвис купот. Италијанскиот тим ќе го предводи осмиот тенисер на светот Лоренцо Мусети, а Синер (втор на АТП листата) нема да игра.

Италија е актуелен освојувач на ова натпреварување, а отсуството на Синер е голем хендикеп за оваа репрезентација.

За разлика од Синер, најдобриот светски тенисе Карлос Алкараз ќе ја предводи Шпанија, а и третиот на АТП листата Александар Зверев ќе биде дел од германскиот тим.

На завршницата на Дејвис купот ќе настапат осум репрезентации, а двојките во четвртфиналето се: Франција – Белгија, Италија – Австрија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.


Бадел и Крива Паланка со победи ја почнаа новата сезона

Со вечерашните три натпревари стартуваше Sparkase Life Прва лига жени. Во неизвесна завршница во Кавадарци, Бадел успеа да стигне до првата победа совладувајќи ја екипата домаќин Пробаскет со 87-83.

Убедлива победа оствари кандидатот за врвот на табелата Крива Паланка. Домашната екипа го совлда тимот на Патриот со 103-44. Во тек е натпреварот меѓу Вардар и Спорт Тим.

Последниот дуел од стартното коло се игра во среда (СРЦ Кале) меѓу МЗТ Бела Вода и првакот Баскет Кам. Натпреварите поради локалните избори беа одложени и не се играа во деновите од викендот.


Тудор под притисок по првиот пораз на Јуве сезонава

Поразот во последниот натпревар од Серија А на Јувентус од Комо на гости (2-0) носи многу неизвесност за останувањето на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус. Судбината за неговото останување ќе се знае по следните два дуела на клубот во Мадрид и во Рим.

Италијанските медиуми веќе споменуваат нови имиња за клупата на Јувентус, кои би можеле да го заменат Тудор. Ова особено доколку екипата има слаби резултати на дуелите со Реал Мадрид (Лига шампиони) и Лацио (Серија А).

Еден од првите кандидати е Лучано Спалети, кој последен ангажман го имаше како селектор на Италија. Потенцијален нов тренер е и Роберто Манчини, но големо влијание ако има нов тренер секако ќе биде и платата на Тиаго Мота (тренер), кој е уште на платниот список на Јувентус до 2027 година.


Моли О’Калахан и Кејти Даглас урнаа светски рекорди на Светскиот Куп во Вестмонт

Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот Куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно.

Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од 50,19 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд од 50,25 секунди поставен од Австралијката Кејт Кемпбел во Аделаида во 2017 година.

Второто место го освои Австралијката Моли О’Калахан (51,44), која еден ден претходно на истото натпреварување исплива нов светски рекорд на 200 метри со време од 1:49,77.

Мекеон, која ги освои титулите во дисциплините на 100 и 200 метри грбно на Олимписките игри во Париз и Токио, победи во дисциплината 200 метри грбно со време од 1:57,87, поставувајќи нов светски рекорд.

Претходниот рекорд го држеше Американката Реган Смит (1:58,04), која го освои второто место со време од 1:57,91.