Германскиот фудбалски состав РБ Лајпциг ќе го стави Чави Симон на летната трансфер-листа, објавија денеска дел од медиумите. Неговата цена на пазарот ќе биде 80 милиони евра.
Претходно имаше информација дека 22-годишниот играч од средниот ред би сакал да го напушти клуб и да побара нов предизвик. Холанѓанецот во сезонава одигра 24 натпревари во Бундеслигата, постигна 9 гола и имаше 7 асистенции.
Симонс претходно беше купен од францускиот ПСЖ за 50 милиони евра.
Анчелоти: Горд сум на оствареното со Реал
Карло Анчелоти потврди дека на 26 мај ќе го напушти Реал Мадрид и дека ќе замине во Рио Де Женеиро за да ја започне својата нова улога со петкратниот светски шампион – Бразил.
„Секогаш кога сум седел на клупата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“, тоа било посебно за мене.
Си одам со мир во душата и со сознанието дека го направив тоа што морав и дека мојот тим секогаш се обидува да победи до последен момент“, рече трофејниот стратег кој во иднина ќе ја води селекцијата на Бразил.
Монако се пофали со потписот на Ерик Даер
Фудбалерот, Ерик Даер, ќе ја продолжи кариерата во француското првенство. Дефанзивецот го напушта Баерн Минхен како слободен агент.
Во исто време Монако објави дека потпишал тригодишен договор со Англичанецот. Даер во последната сезона во Бундес-лигата одигра 35 натпревари и постигна два гола.
Даер досега во својата кариера има играно за Спортинг, потоа една деценија беше дел од тимот на Тотенхем a последниве две сезони го носеше дресот на Баварскиот гигант.
Директорот на Јуве заминува во Астон Вила
Маурицио Сканавино, кој е извршен директор на Јувентус, ја потврди разделбата со Франческо Калво кој ќе го напушти клубот бидејќи треба да биде назначен за извршен директор на Астон Вила.
„Тој изрази желба да се соочи со нови професионални предизвици. Закажавме состанок за да му овозможиме да заврши значајни комерцијални и институционални обврски“, изјави Сканавино.
Тој исто така увери дека клубот продолжува да има доверба во спортскиот директор, Кристијано Џунтоли, иако „старата дама“ има лоша сезона.
Тијани Рајндерс приоритет за Манчестер Сити
Пеп Гардиола е голем обожавател на холанѓанецот и сака да работи со него од следната сезона. Тој го смета Рајндерс за една од главните цели на клубот во претстојниот летен трансфер период.
Милан веќе ја има дефинирано својата позиција во врска со потенцијалниот трансфер, инсистирајќи дека секоја понуда мора да ја надмине нивната рекордна продажба.
Тој рекорд беше поставен со трансферот на Сандро Тонали во Њукасл Јунајтед за 70 милиони евра – најскапата продажба во историјата на клубот. Оваа позиција на италијанскиот клуб ја потврдува важноста на Рајндерс за тимот и неговиот извонреден пораст на вредност откако пристигна од АЗ Алкмар.
Интересот на Манчестер Сити за Рајндерс доаѓа во период кога клубот се подготвува за значителни промени во средниот ред. Заминувањето на Кевин де Брујне создава јасна потреба за креативно засилување.
Извештаите укажуваат дека Сити е подготвен да понуди меѓу 50 и 60 милиони евра за Рајндерс, иако тоа не ги исполнува очекувањата на Милан.
Останува да се види дали италијанскиот клуб ќе се согласи на трансфер, но по разочарувањето во Купот на Италија и со оглед на веројатноста дека следната сезона нема да играат во европски натпреварувања, Росонерите би можеле да ја ублажат својата цена.
Уште еден клучен играч на Тотенхем ќе го пропушти финалето во Лига Европа
Дејан Кулушевски беше опериран на коленото и ќе го пропушти финалето во Лига Европа против Манчестер Јунајтед следната среда. Тотенхем ја потврди невкусната вест.
Кулушевски беше заменет во 19-тата минута од поразот на домашен терен во Премиер Лигата против Кристал Палас, откако се судри со Марк Гуехи.
Отсуството на 25-годишниот играч е значаен удар со оглед на неговата добра форма во поголемиот дел од сезоната и како Постекоглу е без друга главна опција за креативен играч.
„Можеме да потврдиме дека Дејан Кулушевски се здоби со повреда на десната патела на натпреварот против Кристал Палас минатиот викенд“, пишуваше во соопштението на Тотенхем кое беше објавено на социјалните мрежи. „По дополнителни специјалистички консултации, играчот од средниот ред беше опериран во средата и веднаш ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински персонал“.
Отсуството на Дејан Кулушевски не е единствениот проблем за Спурс, тие имаат други повредени играчи кои ќе го пропуштат натпреварот, како Џејмс Медисон и Лукас Бергвал. Ќе биде тешко за менаџерот на Тотенхем да се справи со овие загуби.
Французите размислувааат за плеј-оф за шампионатот да не им биде здодевен
Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“.
Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона.
Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале за титулата.
Причината за ваквото размислување е фактот што ПСЖ доминира во Франција со години и е практично недопирлив за другите тимови. Новото правило можеби нема да ја прекине доминацијата на ПСЖ, но би го направил многу поинтересен финишот на сезоната.
Абутовиќ и следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер,постигна договор со Илија Абутовиќ за продолжување на соработката за уште една година. Тоа значи дека интернационалецот од Србија и во следната сезона 2025/26 ќе го носи дресот на битолчани.
„ Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.
Илија Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони пред да дојде во Битола ги мина настапувајќи за Шартр.
Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата“велат од Пелистер.
Уапсен олимпискиот шампион во борење
Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, е уапсен во Колумбус, Охајо, како дел од полициска акција насочена кон сузбивање на проституцијата, соопштија локалните власти.
Снајдер е меѓу 16-те лица приведени откако се одзвале на лажен оглас за ескорт услуги, поставен од полицијата во овој американски град.
Според извештајот, инцидентот се случил на 3 мај, кога Снајдер пристигнал на договорената локација и ја платил услугата во готово. По приведувањето, бил пуштен од местото на настанот, а на суд треба да се појави на 19 мај.
Снајдер е освојувач на златен олимписки медал од Рио 2016 и сребрен од Токио 2021. Покрај олимписките одличја, има седум медали од Светски првенства и три шампионски титули од “NCAA” Првата дивизија, настапувајќи за Универзитетот на Охајо.
Во 2016 година стана првиот Американец кој истовремено ги поседувал титулите олимписки, светски и “NCAA” шампион.
Во 2018 година, тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше за член на Претседателскиот совет за спорт, физичка подготвеност и здрава исхрана.
Евра: Ако Аморим сака конкурентен тим Бруно мора да остане
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, Патрис Евра, се изјасни против заминувањето на играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш.
Португалскиот интернационалец, околу кого се гради играта на 20-кратните шампиони на Англија, е трансфер цел на Ал-Хилал.
„Менаџерот сака да има конкурентен тим следната сезона. Ни требаат повеќе дефанзивци, добар напаѓач, можеби неколку играчи од средниот ред за да го поддржат Бруно. Слушнав дека Саудиска Арабија понудила навистина голема сума пари за Бруно и би било грешка Јунајтед да го пушти. Луѓето зборуваат за неговите 30 години, но тој е најважниот играч во тимот. Да не беше Бруно, можеби немаше да стигнеме толку далеку во Лигата на Европа“, изјави Патрис Евра за „Скај Спортс“.
Манчестер Јунајтед се квалификуваше за финалето на вториот најсилен европски турнир, каде што противник ќе им биде Тотенхем. Решавачкиот натпревар меѓу двата тима ќе се одржи на 21 мај во Билбао.