feature

Ривс одби астрономски договор од Лејкерси

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франшиза за 90 милиони долари.

Раководството на Лејкерс не го очекуваше ова, но беа изненадени кога играчот за кој веруваа дека е сигурна опција, ја одби големата понуда за максимален договор.

Одличниот стрелец влегува во третата година од договорот вреден 54 милиони долари, кој го потпиша пред две години како заштитен слободен агент.

Тој има опција следното лето да излезе од договорот и да стане незаштитен слободен агент, а тогаш би можел да добие многу подобра понуда отколку оваа којашто му ја дадоа Лејкерс.

Лејкерс во овој момент не можат да понудат повеќе, па сè е извесно дека следното лето ќе дојде до разделба.

Можниот излез на Ривс на пазарот следното лето предизвика неговото име да се спомнува во трговски шпекулации. Сепак, Лејкерс никогаш не покажаа интерес да го разменат.


Монако се пофали со потписот на Пол Погба

По повеќегодишна пауза поради позитивен допинг тест, Пол Погба се враќа на теренот – потпиша двегодишен договор со Монако.

Последниот натпревар Погба го одигра пред речиси две години во дресот на Јувентус.

Монако беше неговиот прв клуб во француската лига.

Како што наведуваат француските медиуми, 32-годишниот ќе го носи бројот осум на дресот на “кнежевите”.

Французинот успешно го заврши лекарскиот преглед со членот на Лига 1, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.


Бенфика сака да го врати Жоао Феликс

Бенфика и Челси се среќаваат оваа сабота во Шарлот за осминафиналето од Светското клупско првенство, но на дневен ред е и друга важна тема.

Со присуство на Руи Коста, претседател на „орлите“, во САД, темата Жоао Феликс сигурно ќе биде дел од преговорите, бидејќи желбата на Бенфика да го привлече играчот е позната, а сопственикот на неговите права е токму Челси.

Англичаните платија над 50 милиони евра на Атлетико Мадрид за да потпишат седумгодишен договор со португалскиот репрезентативец, но Жоао Феликс на крајот беше позајмен на Милан оваа сезона, што фрла сенка на сомнение врз неговата иднина.

Бенфика е подготвена да понуди амбициозна сума за да ги купи неговите права, достигнувајќи ја границата од 30 милиони евра, но проблем останува високата плата на фудбалерот, која е премногу висока за стандардите на „орлите“.


Синер отпушти двајца членови на својот тим

Јаник Синер направи неочекуван потег пред почетокот на Вимблдон, со одлуката да отпушти двајца клучни членови на својот тим.

Пред третиот Гренд слем турнир во сезоната, Синер се раздели со Марко Паники и Улисес Бадија, кои претходно работеа со Новак Ѓоковиќ.

Според информациите што ги објави италијанскиот „Кориере дела Сера“, пресудиле „долгите јазици“ и непочитувањето на правилата за однесување на медиумите.

Паники наводно често давал изјави без претходна согласност, што, според Италијанците, почнало да го привлекува вниманието на медиумите повеќе од самиот Синер, а слична замерка добил и Бадија.

Наводно се кулминирало по инцидентот што се случил за време на тренингот во Хале, каде што Бадија по еден облог му викнал на Синер: „Твој ред е да јадеш го..а“.

Иако сè било шега, ваквото однесување било неприфатливо за Италијанецот.

Паники и Бадија беа ангажирани минатата есен, откако нивните претходници беа вмешани во допинг скандалот, поради кој Синер се нагоди и мораше да паузира три месеци.

Синер официјално не се огласи во врска со целата ситуација. Синер ќе ја започне својата кампања на Вимблдон во вторник против сонародникот Лука Нарди.


Меси: Не уживав додека играв за ПСЖ

Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави.

Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година.

„Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, рече Лионел Меси.

Аргетнинецот одигра вкупно 75 натпревари за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, постигна 32 гола и имаше 35 асистенции.

Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра од 18 часот во Атланта.


Чахчаноглу побара од Интер трансфер во Галатасарај

Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата.

„Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај.

Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година.

„Дојдов во Интер бесплатно пред четири години и секогаш го давав својот максимум. Сакам да продолжам во Галатасарај и ве молам разберете ме. Пуштете ме дома“, им рекол на раководството на клубот.

Тој е под договор до крајот на сезоната 2026/27.


Штутгарт постави луда сума за Волтемаде

Штутгарт ќе бара трансферна сума од околу 100 милиони евра за нивната ѕвезда Ник Волтемаде, се наведува во извештаите на бројни медиуми.

“Кикер” тврди дека раководството на клубот е “подготвено да седне на преговарачката маса” само ако потенцијалните купувачи започнат разговори со оваа сума.

Договорот на фудбалерот со Штутгарт трае до јуни 2028 година, но “Билд” и “Скај Германија” тврдат дека тој веќе ја одбил понудата за негово продолжување. Истите извори објавуваат дека Волтемаде ги договорил своите лични услови со Баерн Минхен и ако двата клуба се согласат, тогаш договорот ќе биде лесно склучен.

“Билд” дополнува дека Баварците се подготвени да ги започнат преговорите уште следната недела, но нивниот ентузијазам малку е намален бидејќи очекувале почетна цена од 50 милиони евра, а не двојно повеќе.


Интер и Парма се договорија за напаѓачот Анже-Јоан Бони

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми.

Фудбалскиот клуб Интер постигна договор со раководството на Парма за трансферот на Анже-Јоан Бони во нивниот клуб.

Вредноста на трансферот е 23 милиони евра плус се во игра и разни бонуси.

Сега им останува само да ги договорат условите со играчот, но тоа не би требало да биде проблем.

Бони има само 21 година, а веќе пет години е член на Парма, во која пристигна како тинејџер од родната Франција.

Интер штотуку започна со доведување играчи. Бидејќи на Марко Арнаутовиќ му истече договорот со клубот, а не потпиша нов договор, во тимот што се однесува до напаѓачите се само Лаутаро Мартинез, Маркус Турам, додека статусот на Пио Еспозито уште е под знак прашање.


Охрид се пофали со потписот на Дарко Ѓукиќ

epa09683386 Darko Djukic of Serbia reacts during the Men’s European Handball Championship preliminary round match between Serbia and Ukraine at Pick Arena in Szeged, Hungary, 13 January 2022. EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Дарко Ѓукиќ и Охрид ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро.

Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис.

„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно“, кратко прокоментира Ѓукиќ.


Ѓоковиќ: Сакам уште неколку години да играм на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.

Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.

„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“

Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.