Тиџани Рајндерс откако ги помина медицинските тестови во Англија, изјави дека со нетрпение чека да го облече дресот на Манчестер Сити.
„Не можев да дочекам да дојде денов. Целта е да се заврши се побрзо и да учествувам на Светското клупско првенство„ – рече Холанѓанецот кој доби времена дозвола да го напушти кампот на „лалињата“ за да ја заврши процедурата за трансферот.
Рајндерс беше купен од италијанскиот Милан за 55 милиони евра но, сумата може да достигне до седумдесет милиони со предвидените бонуси.
Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула во Голд Фелиција
Во Голд Фелициа во Битола, на осми јуни со свечена прослава Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона.
На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот. На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот како и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула.
Со шампањ, кетеринг закуски подготвени од страна на Голд Фелициа и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.
Пењароја останува тренер и покрај сезоната без трофеи на Барса
Жоан Пењароја ќе остане на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона иако неговиот тим е елиминиран во четвртфиналето на Шпанското првенство од екипата на Уникаха со 2-1 во победи. Тоа го потврди генералниот менаџер на клубот, Хуан Карлос Наваро.
„Јасно е дека заврши фантастична работа. Сега ќе работиме на зајакнување на тимот. Беше многу тешка сезона од сите аспекти“ – рече Наваро.
Пењароја во претходното лето потпиша двегодишен договор со Каталонците.
Хојлунд ветува подобра сезона во Јунајтед
MANCHESTER, ENGLAND – NOVEMBER 03: Manchester United’s Rasmus Hojlund during the Premier League match between Manchester United FC and Chelsea FC at Old Trafford on November 03, 2024 in Manchester, England. (Photo by Carl Recine/Getty Images)
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, нема намера да го напушти составот од Англија иако за неговите услуги е заинтересиран тимот на Интер. Тој во последната сезона одигра 52 меча и постигна скромни 10 голови.
„Имам договор до 2030 година, очекувам да играм за Манчестер Јунајтед. Се радувам на летниот одмор а потоа сум целосно посветен на проектот“ – рече напаѓачот.
22-годишниот Данецот иако не ги исполни очекувањата на навивачите, се надева дека во новата сезона ќе се врати во посакуваната форма.
Виеира доби нов договор во Џенова
Италијанскиот фудбалски состав Џенова, објави, дека го продолжи договорот со тренерот, Патрик Виеира. 48-годишникот останува во клубот до 30 јуни во 2027 година откако го презеде во ноември во изминатата година.
„Имав многу интензивен период откако пристигнав во Џенова. Успеавме да го обезбедиме опстанокот во Серија А “ – рече Виеира.
Џенова во најсилната фудбалска конкуренција на Италија ја заврши сезоната 13. место на табелата.
Алкалоид промовираше седум засилувања
Ракометниот клуб Алкалоид промовираше дури седум засилувања за наредната сезона во која ќе атакува на трофеите како на домашната така и на меѓународната сцена.
-РК Алкалоид останува на определбата да биде составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена, – стои во објавата на Алкалоид.
Нови имиња кај актуелниот освојувач на Европскиот Куп се: Ненад Костески, репрезентативно десно крило, Емилијан Ѓорговски – големиот потенцијал на левата бековска позиција, Михаил Аларов – репрезентативен пивот, десниот бек – Михаил Иваноски, младиот голман -Ѓорѓи Николовски, левото крило – Давид Трајкоски и интернационалецот од Србија – Урош Борзаш.
Клеман Лангле ќе го раскине договорот со Барселона и ќе остане во Атлетико Мадрид
Според Фабрицио Романо Клеман Лангле е на чекор да го раскине договорот со Барселона и да се пресели во Атлетико Мадрид, каде што веќе е постигнат договор до јуни 2028 година. Двата клуба моментално ги финализираат потребните документи за комплетирање на трансферот.
Лангле веќе помина една сезона како позајмен играч во Атлетико Мадрид, каде што се покажа како стабилен и клучен дел од одбраната. Неговото присуство го зацврсти дефанзивниот ред на клубот, што придонесе за позитивните резултати и ја поттикна желбата за траен договор.
Клеман Лангле има богата и стабилна кариера во највисоките фудбалски лиги, со настапи за клубови како Барселона, Атлетико Мадрид и Астон Вила. Тој е познат по својот силен физички стил, добрата позиционираност и способноста да ја контролира одбраната, што го прави вреден играч на највисоко ниво.
Овој трансфер се смета за стратешко засилување на одбраната на Атлетико во подготовките за претстојните сезони. Договорот до 2028 година го одразува долгорочниот план што го споделуваат и играчот и клубот.
Манчестер Сити го договори Черки
Манчестер Сити постигна договор за трансфер на високо ценетиот француски играч Рајан Черки од Олимпик Лион, јавува францускиот весник „Л’Екип“. Младиот талент се очекува да потпише петгодишен договор со гигантот од Манчестер, а трансферот ќе чини почетно околу 35 милиони евра, со можност за зголемување на сумата преку бонуси.
Извори блиски до клубот велат дека документите се во завршна фаза и дека Черки денеска ќе помине лекарски прегледи. Манчестер Сити сака да ги заврши сите формалности навреме, за Черки да се приклучи на тимот пред претстојното Светско Клупско Првенство, каде што може да дебитира.
Рајан Черки, роден во 2001 година, ја започна својата професионална кариера во Олимпик Лион каде што се искачи од младинските категории до првиот тим. Черки има одиграно над 185 натпревари за неговиот детски клуб, постигнувајќи 29 голови и додавајќи двојно повеќе асистенции. Познат по својата брзина, техничка вештина и креативност, тој беше еден од најперспективните играчи во француската лига, што го направи привлечен за големите европски клубови.
За Олимпик Лион, овој трансфер претставува значителен финансиски придонес. Почетната сума и бонусите го одразуваат верувањето на клубот во потенцијалот на Черки да успее на највисоко ниво.
Челзи потпиша еден од најдобрите таленти од француската лига
Челзи официјално го потпиша 19-годишниот француски дефанзивец Мамаду Сар од францускиот тим Стразбург. Овој високоценет дефанзивец потпиша осумгодишен договор кој ќе го поврзе со Стемфорд Бриџ до 2033 година.
Иако точната сума на трансферот не е откриена, според извештаите вредноста се проценува на околу 13 до 15 милиони евра. Преносот на Сар беше олеснет од заедничкото сопствеништво на клубовите Челси и Стразбур под конзорциумот „BlueCo“ на Тод Боели.
Сар се пресели во Стразбур од Олимпик Лион во август 2024 година за околу 10 милиони евра и брзо стана клучен играч во одбраната. Со 28 настапи, младото засилување помогна во обезбедувањето место за Стразбур во европските натпреварувања, прикажувајќи зрелост што ѓи надминува неговите години.
Ова е трет трансфер на Челзи ова лето, по доаѓањето на Дарио Есуго од Спортинг Клуб и напаѓачот Лиам Делап од Ипсвич. Сар се очекува да им се приклучи на соиграчите пред почетокот на нивната кампања на Светското Клупско Првенство, кое започнува на 16 јуни.
Хулиан Алварез – можен наследник на Левандовски во Барса?
Според „Cadena SER“ претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, ја потврди заинтересираноста на клубот за ангажирање на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез како долгорочна замена за Роберт Левандовски. Во интервју со изворот, Лапорта изјави: „Идеата е да го доведеме кога ќе замине Левандовски,“ со што јасно ја изрази намерата на клубот да го засили нападот по заминувањето на ветеранот.
Левандовски, кој има 36 години, се очекува да го напушти клубот во 2026 година откако ќе му истече договорот. Барселона веќе ги презема првите чекори во потрага по негова замена, а Алварез, кој има блескава дебитантска сезона во Атлетико Мадрид со 29 постигнати голови, се наметнува како главна цел.
Сепак, доведувањето на 24-годишниот напаѓач нема да биде лесна задача. Поранешниот играч на Манчестер Сити има проценета цена од околу 90 милиони евра. Претседателот на Атлетико, веќе разјасни дека Алварез не е за продажба, што дополнително ги отежнува преговорите.
И покрај пречките, спортскиот директор на Барселона, Деко, и тренерот, Ханси Флик, наводно силно се залагаат за негов ангажман. Флик особено го цени тоа што Алварез е флексибилен играч – може да игра како централен напаѓач, во повлечена улога или по крилата, што му дава тактичка ширина на тимот.
Финансиската состојба на клубот останува значајна пречка, но изјавите на Лапорта покажуваат дека Барселона сериозно размислува за ова засилување. За да го реализира трансферот, клубот најверојатно ќе прибегне кон продажба на играчи, реорганизација на платите и други финансиски маневри.
Како што се приближува последната сезона на Левандовски на Камп Ноу, Барселона очигледно се обидува навреме да го обезбеди идниот лидер на нападот.