feature

Панче Стојанов именуван за нов тренер на Брера

Екипата на Брера го именуваше Панче Стојанов за нов тренер на местото на Тони Атанасов кој се повлече по поразот од Вардар за викендот.

Стојанов досега ја извршуваше улогата на помшник на Атанасов, а сега ќе го предводи тимот како главен тренер.

49 годишниот Панче Стојанов е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе мак клубови. Настапуваше за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Исто така работеше и во младинските категории на струмичкиот клуб.

Брера утре ја очекува нов натпревар против Вардар, сега во полуфиналето од Купот на Македонија.


Хименез не е сериозно повреден, може да игра уште викендов

Милан може малку да здувне, откако тестовите не покажале сериозна повреда на Сантијаго Хименез. Новиот напаѓач на „росонерите“ би требало дури и да биде подготвен за петочниот натпревар против Удинезе.

Репрезентативецот на Мексико влезе од клупата за време на ремито 2-2 со Фиорентина на Сан Сиро во саботата навечер, но остана само 25 минути на терен, бидејќи по незгоден пад при судир со голманот Давид Де Хеа беше принуден да го напушти теренот со тешкотии со дишењето.

Тестови не покажале лезии или скршеници, така што се работи само за модринка на градниот кош и стомачните мускули.


Македонија подготвена за ЕМОФ Скопје 2025, Скопје и Куманово местата каде ќе се одржат натпреварите

Денес беше одржана Прес-конференција на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) на која беа споделени деталите околу последните подготовки за организација на Европскиот Младински олимписки фестивал 2025 во Скопје. Овој спортски настан ќе се оджи во Скопје, а ќе има натпревари кои ќе се одржат и во Куманово од 20 до 26 јули оваа година.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, ја истакна важноста на ЕМОФ Скопје 2025 како најголемиот спортски настан во историјата на Македонија и како клучна можност за развој на младинскиот спорт.

„Станува збор за исклучително голем настан – најголемиот што досега го организирала нашата држава. Очекуваме речиси 4.000 учесници, вклучително спортисти, тренери, официјални лица и логистички персонал. Во Скопје и Куманово ќе биде присутен целиот европски младински спортски крем, односно младите спортисти кои што ќе бидат најголеми ѕвезди на следната летна олимпијада во Лос Анџелес. Организацијата на ваков фестивал е вистинска привилегија, а особено сме горди што успеавме Скопје да го вметнеме на мапата на најзначајните спортски настани во Европа. Ова е уникатна можност за промоција на нашата држава на европско ниво. На спортски план, Македонија ќе ја претставуваат околу 200 млади спортисти, а како домаќини имаме загарантирано учество во сите спортски дисциплини. Ова ни овозможува да се вклучиме и во спортови кои дури сега почнуваат да се развиваат кај нас и да лансираме цела нова генерација спортисти на возраст од 15 до 18 години – генерација што ќе созрева во годините што следат. Со тоа, имаме реална шанса да направиме вистински рестарт на младинскиот спорт во државата“, изјави Димевски.

Во пресрет на најголемиот младински мултиспортски настан на Стариот континент, Скопје и Куманово се во финалната фаза на подготовките за организација на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули оваа година. По тој повод, на 8 и 9 април, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Chefs de Mission семинар, каде што претставници од 49 национални делегации ќе имаат можност да се запознаат со организациските аспекти на фестивалот, спортските и логистичките капацитети, како и со самите градови-домаќини.


Кристијано Роналдо ги издвои тројцата најдобри во модерниот фудбал

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ги прогласи тројцата најдобри играчи во модерниот фудбал.

„Во листата на првите тројца играчи би се вклучил себеси, Лионел Меси и Зинедин Зидан“, изјави Роналдо за „Give me Sport“.

Оваа сезона Португалецот одигра 33 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и четири асистенции.

Договорот на Роналдо со клубот од Саудиска Арабија е до летото 2025.

Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот се проценува на 12 милиони евра.

Меси моментално игра за Интер Мајами во МЛС. Зидан ја заврши кариерата како професионален фудбалер.


Интер Мајами фаворит за потписот на Де Брујне

Интер Мајами, во кој играат Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Џорди Алба планира летово да го доведе белгискиот играч за врска, 33-годишниот Кевин де Бруине, објавија британските медиуми.

Договорот на Белгиецот истекува на 30 јуни и тој веќе објави дека летово го напушта Манчестер сити каде помина десет години и освои 16 трофеи.

Дејвид Бекам е еден од сосптвениците на американскиот клуб, ќе има силна конкуренција од Саудиска Арабија.

Де Брујне сега мора да одлучи дали ќе ги прифати богатите понуди од Саудиска Арабија, а се зборува за годишна плата од 24 милиони евра или ќе замине во Мајами, која е многу поприфатлива дестинација за него и неговото семејство.

Белгискиот играч за врска постигна 106 гола во сите натпреварувања за Манчестер сити, а имаше и 117 асистенции само во Премиер лигата.

Во историјата на Премиер лигата само еден играч е пред него кога се во прашање асистенциите, а тоа е Рајан Гигс кој собра 162 од нив. За репрезентацијата одигра 109 натпревари и постигна 30 гола, а на СП 2018 во Русија го освои третото место.


Сане „пресече“, чќе остане во Баерн и догодина

Лерој Сане најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.

Како што пишува Флоријан Платенберг, новинар на „Скај Спортс Германија“, 29-годишниот напаѓач ги договорил условите за продолжување на соработката со Баварците.

Поранешниот играч на Шалке и Манчестер сити е среќен во Баерн, но во медиумите се појави информација дека добил понуда од Арсенал.

Сане оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со пет асистенции.


Македонија со супер-тим на ветерани ќе ги предизвика Бугарите во Варна

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна.

Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија.

Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.

Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.

Македонската репрезентација е во состав со фудбалери од првата репрезентативна генерација, Илија Најдоски, Канатларовски, Мицевски, Марковски, Станковски, Мемеди, Бошковски…Горан Пандев, Агим Ибраими, Христов и Шаќири се дел од нашите легенди од поновата генерација. На хуманитарниот меч во нашиот состав ќе бидат Дарко Тасевски и Ванчо Трајанов кои оставија белег во бугарскиот клупски фудбал.

Ѓоко Хаџиевски е селектор на македонската репрезентација, а Димитар Пенев е предводник на Бугарија.

На спортскиот натпревар ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, која ќе започне во 15:00 часот.

Овој гест на солидарност претставува силна порака за човечност и заедништво и симбол на пријателство, спортски дух и заедничка хуманост.


Големи неприлики за Денвер, Мареј се повреди непосредно пред плеј-офот

Денвер Нагетс се наоѓа во серија од четири порази едно по друг. Евидентен е недостатокот на Џамал Мареј на паркетот без кој Србинот не успева да му донесе триумф на својот тим.

Канаѓанецот последниот натпревар го одиграна 26. март против Милвоки, натпревар на кој заработи повреда на задната ложа на десната нога, а и покрај тоа што предвидувањата беа дека станува збор за полесна повреда, се воспостави дека е поголем проблем.

„Се надевам дека ќе се врати во плеј-офот. Чудна повреда. Мислиме дека лесно ќе ја помине, но не е така. Не сме „внимателни“ со него, туку тој навистина е повреден. „Внимателни“ сте кога играчот може да игра, а вие сакате да бидете паметни. Тоа не е случајот. Шест тима се борат за четири места во плеј-офот. Немаме причина зошто да го одмараме“, изјави Малоун.


Тиагус Петрус ја менува Барса со Веспрем

Унгарски Веспрем за следната сезона ги обезбеди услугите на еден од најдобрите ракометни дефанзивци во моментотм Тиагус Петрус.

По седум сезони бразилскиот ракометар ќе ја замени Барселона и ќе ја продолжи кариерата во Унгарија.

Според пишувањата на Расмус Бојсен, Петрус со унгарскиот гигант се договори за договор „една плус една“ година. Брзилецот се очекува да стави потпис на соработката во следните денови.


Сака искажа љубов и сака да остане во Арсенал

Букајо Сака изјави дека не се брза да потпише нов договор со Арсенал, но додаде дека е „јасно“ дека сака да ја продолжи својата иднина во клубот.

Сака, кој треба да го направи својот прв старт по речиси четири месеци против Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, има уште две години од договорот со клубот од северен Лондон.

Англискиот репрезентативец беше прогласен за херој откако се врати од 101-дневно отсуство по повредата за време на второто полувреме од натпреварот против Фулам, постигнувајќи гол за победа од 2:1.

„Сакам да победувам и да победувам со овој тим. Јасно е дека навивачите знаат колку ги сакам. И видовте дека ми одговорија со љубов. Значи имаме добри односи и јас сум среќен тука”, изјави крилниот напаѓач на Арсенал.