feature

Аргентина сака пријателски дуел со Русија

Светскиот шампион Аргентина би можел да игра пријателски натпревар против Русија во Москва за време на ноемвриската пауза за меѓународни натпревари – и покрај забраната на ФИФА за руските репрезентации и клубови.

Според информациите на „Сан“, цитирајќи го аргентинскиот новинар Гастон Едул, двете земји се во преговори, а руската страна веќе го резервира легендарниот стадион „Лужники“ за периодот од 10 до 18 ноември.

Во последните години, Русија беше изолирана од меѓународниот фудбал, откако ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите нејзини тимови од учество на турнири поради војната во Украина, која започна во 2022 година. Ова не ја спречува руската страна да бара пријателски натпревари надвор од официјалниот календар – во последните две години, Русија играше натпревари против земји надвор од Европа.

Последниот официјален натпревар на Русија пред санкциите беше против Хрватска пред околу четири години.


Индијана поведе во финалето на НБА плеј-офот

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111-110, во првиот финален натпревар од НБА лигата.

Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.

Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110-109, но промаши.

Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за победа.

Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, но вистински херој беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока. Арон Најсмит оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 15 поени и девет скока.

На Оклахома не ѝ помогна уште еден MВП настап од 38 поени на Шеј Гилџес-Александер. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Лугенц Дорт 15 поени.

Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник, исто така во Оклахома.


Само реми за Бразил на дебито на Анчелоти

Карло Анчелоти, дебитираше на клупата на Бразил со нерешен резултат. Неговиот тим гостуваше во Еквадор, натпреварот во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство заврши без голови.

Еквадор е вообичаено многу тежок домаќин за сите тимови поради големата надморска височина, но овој пат натпреварот се играше во Гвајакил, град на море, па Еквадорците немаа предност на реткиот воздух на кој се навикнати.

Ѕвезди како Винисиус, Ричарлисон, Касемиро, Алисон и Бруно Гимараеш играа за тимот на Анчелоти, но не успеаја да победат.

Бразилските новинари го следеа секое движење на Анчелоти на клупата, на крајот во извештаите напишаа дека осум парчиња мастики сменил во текот на мечот.

„Одигравме многу добра дефанзивна игра. Требаше да бидеме подобри со топката, да играме со поголем проток, но на крајот нерешениот резултат е добар за нас. Условите беа комплицирани за поинаков стил на игра. Имавме добри шанси во првото полувреме.

Можевме да играме подобро, но мора да ја почитуваме силата на противникот. Не сакам да барам оправдување, но тревникот не беше идеален. Се надевам дека во следниот натпревар ќе имаме подобри услови и дека ќе играме со поголем ритам, движење и интензитет“, рече Анчелоти по натпреварот.


Родриго е првата трансферна цел на Арсенал

Арсенал го направи Родриго главна трансфер цел за позицијата крилен напаѓач. Арсенал верува дека 24 -годишниот бразилски репрезентативец е играчот кој може да игра одлучувачка улога во освојувањето на трофеи.

Неколку луѓе од Арсенал, вклучувајќи и фудбалери, разговарале со крилниот напаѓач на Реал Мадрид за Арсенал и животот во Лондон.

Арсенал ќе даде сериозна финансиска понуда доколку Родриго биде достапен на трансфер пазарот.

Родриго треба да се сретне со новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, за да разговараат за неговата иднина во клубот.


Кудус ја одби понудата на Инзаги и Ал-Хилал

Фудбалерот на Вест Хем, Мохамед Кудус одби да се пресели вo Ал-Хилал од Саудиска Арабија. 25-годишниот играч од средниот ред на Вест Хем добил понуда со трипати поголема плата од сегашната во Лондон, но Ганецот го одби трансферот.

Во исто време, Вест Хем можеше да добие околу 70 милиони фунти за неговата слобода. Претходно се тврдеше дека Ал-Наср, за кој игра Кристијано Роналдо, сакал да го потпише играчот.


Богдан Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ростерот на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.

32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голема трага и затоа огромно е задоволството што нашата соработка ќе продолжи.

Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.


Сабаленка и Гоф за титулата на женскиот Ролан Гарос

Првата и третата носителка на Ролан Гарос, Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе се борат за титулата на вториот Гренд слем турнир во сезоната. Сабаленка ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек, а Гоф ја елиминира француската сензација, Лиос Боисон.

Најдобрата во светот, Сабаленка, ја детронизира, Швјонтек за два и пол часа.

Неизвесни беа првите два сета, во кои се случи фестивал на брејкови. Сабаленка го доби првиот со 7-6, а Швконтек вториот со 6-4. Во третиот Сабаленка ја декласира противничката, славеше со 6-0.

Сабаленка е првата тенисерка што стигнала до финалето на три последователни Гренд слем турнири по Серена Вилијамс во 2016 година.

Коко Гоф стави крај на најубавата приказна на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Американката и препушти само три гема на противничката. За пласман во финалето и беа потребни само 70 минути, победи со 6-1, 6-2.

За утеха, Боисон ќе направи метеорски успех на ВТА листата. На Ролан Гарос дојде како 361. во светот, а од понеделник ќе биде меѓу најдобрите 70. Исто така ја зголеми банкарската сметка, заработи 690.000 евра.


Девет гола во Штутгарт, Шпанија втор финалист на Лигата на нации

Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5-4 на стадионот во Штутгарт. Шпанците со два блиц крига дојдоа до водство 4-0, потоа и до 5-1, влегувањето на рајан Шерки ја раздвижи Франција, на крајот „триколорите“ немаа време да изборат продолженија.

Шпанија во првото полувреме им покажа на Французите зото се европски шампиони. Откако Франција не успеа да го отвори резултатот, кога тео Ернандез ја погоди гредата, следуваше блиц криг на Шпанците.

Два гола во три минути, прво погоди Нико Вилијамс, а потоа Микел Мерино. Асистент за два гола беше Микел Ојерзабал.

Во ист ритам Шпанците продолжија и во вториот дел. Блив криг со два гола во 54. и 55.минута. Најпрвин Јамал погоди од пенал, а потоа и Педри.

Франција, четири минути подоцна од пенал го намали резултатот, прецизен беше Мбапе, но Јамал во 67.минута ја врати предноста на Шпанија од четири гола.

Во финишот, поранешните светски шампиони спречија дебакл со три погодоци. Талентираниот Рајан Шерки постигна ефектен гол, потоа автогол си постигна Вивијан, а во четвртата минута од судиското продолжение, Коло Муани успеа дури и да внесе неизвесност во натпреварот.

Шпанија и Португалија ќе играат во финалето, во недела на „Алијанц Арена“во Минхен. Двата тима имаат по една титула во ова натпреварување, а победникот ќе има шанса да стане првиот тим со два трофеи.


Англичанецот Мартин е нов менаџер на Глазгов Ренџерс

Англискиот стручњак Расел Мартин е новиот тренер на Глазгов Ренџерс.

Мартин потпиша тригодишен договор со челниците на клубот од Глазгов и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на вечниот ривал Селтик во шкотската Премиер лига.

На клупата на освојувачот на Купот на победниците на куповите во 1972 година, тој го наследи Бери Фергусон, кој го водеше тимот како привремен тренер од февруари до крајот на сезоната.

Во својата тренерска кариера досега, Мартин ги предводеше Саутемптон, Свонси и МК Донс.

Со Саутемптон избори промоција во Премиер лигата, пред две сезони, но поради лошите резултати, беше отпуштен во текот на сезоната.


Ваноли го напушти Торино, Барони ќе биде негова замена

Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли повеќе не е тренер на Торино, објави клубот.

„Торино и тренерот Паоло Ваноли нема да продолжат заедно во следниот шампионат. Клубот сака да им се заблагодари на Ваноли и неговиот тим за посветеноста и заложбата што ја покажаа минатата сезона во „Граната“ и им посакува се најдобро во иднина“, беше објавено на веб-страницата на клубот.

Ваноли ја напушти клупата на „биковите“ по само една сезона. Во својата тренерска кариера досега, тој ги предводеше и Венеција и Спартак Москва пред да се пресели во Торино.

Нов тренер на Торино ќе биде Марко Барони, кој минатата недела доби отказ во Лацио.

Како што објави клубот, Барони потпишал двегодишен договор.

Во својата богата тренерска кариера, Барони меѓу другите ги предводел Лацио, Верона и Лече