feature

Тер Штеген останува во Барселона

Марк-Андре тер Штеген официјално објави дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона, со што стави крај на шпекулациите за неговата иднина. Голманот, кој е клучен играч за клубот во изминатата деценија, ќе остане во Каталонија и по завршувањето на тековната сезона.

Шампионите на Ла Лига, Барса, се во процес на реконструкција на тимот, што доведе до шпекулации за продажба на познати играчи. Името на германскиот голман се појави меѓу можните заминувања, особено дека клубот е заинтересиран за младиот голман Хоан Гарсија. Сепак, со договор до 2028 година, Тер Штеген е смирен и не гледа причина за паника.

Неговото понатамошно присуство носи големо искуство кое ќе биде клучно додека Барселона се соочува со нови предизвици на доместично и меѓународно ниво


Несигурна иднината на Донарума во ПСЖ

По убедливата победа на ПСЖ во Лигата на шампионите, голманот Џанлуиџи Донарума откри дека неговата иднина во клубот останува неизвесна. 26-годишниот Италијанец беше столб во одбраната на ПСЖ и голема заслуга за европскиот успех, но неговите неодамнешни изјави сугерираат дека може да следат промени. 

По финалето, Донарума во разговор со новинарите изјави: „Не знам дали ќе останам. Ќе видиме во наредните денови. Во моментот сум целосно посветен на националниот тим.“ 

Иако го освои најпрестижниот трофеј во европскиот фудбал, голманот сепак размислува за следниот чекор во кариерата, што отвора прашања околу неговото останување во Париз. 

Со блискиот трансфер-прозорец, сите очи се вперени во тоа што ќе одлучи Донарума. Негово заминување би донело сериозни промени во плановите и стратегијата на ПСЖ за идните сезони. 


Рабио: Ако Алегри ме повика можеби ќе му се придружам во Милан

Играчот од средниот ред на Марсеј, Адриен Рабио, зборуваше за својот поранешен тренер Масимилијано Алегри , кој се врати да го води Милан, а исто така одговори и на прашање за евентуален трансфер во „росонерите“. Алегри беше тренер на Рабио во Јувентус.

„Често разговарам со Алегри. Не само за фудбал, туку и за сè друго. Навистина го ценам како личност. Има победнички менталитет. Што ако ме повика во Милан? Секогаш ќе бидам подготвен да разговарам за ова со него“, изјави Рабиот.

Алегри претходно беше главен тренер на „росонерите“ од 2010 до 2014 година. Под негово водство, Милан стана шампион на Италија во сезоната 2010/2011, а го освои и Суперкупот на Италија. Последната работа на 57-годишниот специјалист беше во Јувентус (2021-2024).


Младите кошаркари ги почнаа подготовките за ЕП – Б дивизија

На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на младинскиот Евробаскет од Дивизијата „Б“, нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 20“ години стартуваа за подготовките.

Селекторот Горан Самарџиев се одлучи за еден поширок список од 23. кошаркари, од кои во наредните денови од подготвителниот период кој ќе биде реализиран во Скопје, односно во нашата „база“, салата на СРЦ „Кале“.

„Почнуваме со надеж дека ќе имаме една успешна приказна ова лето. Одлучив да им дадеме шанса на сите потенцијални кандидати, оттука на првите тренинзи ќе имаме и поголем број на кошаркари. Оправдано, на почетокот не можеме да сметаме на некои од нив, како Марко Луканоски, кој има обврски со клубот, но очекуваме да се приклучи што е можно порано“, рече селекторот Самарџиев на првиот собир на кој ги дочека скоро сите повикани играчи.

Покрај Самарџиев, во стручниот тим на оваа наша селекција се и Душко Јаковчевски како асистент-тренер, како и Трајче Стојанов, кој заедно со Владимир Николовски ќе се (по) грижи за физичката подготовка на кошаркарите, Никола Арсиќ е физиотерапевт и Дарко Гогов како доктор на младинската репрезентација.


Емери и Астон Вила фаворити за потписот на Гарначо

Астон вила им се приклучи на клубовите заинтересирани за трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, пренесува „CaughtOffside“.

Претходно интерес за Гарначо пројавија и Наполи и Баер Леверкузен.

Според „Сан“, аргентинскиот крилен напаѓач повеќе би сакал да остане во Премиер лигата отколку да оди во Серија А или во Бундеслигата. Негова желба е Челзи.

Дваесетгодишниот играч од средниот ред одигра 58 натпревари за Манчестер јунајтед во сезоната 2024/25 во сите натпреварувања, постигна 11 гола и направи 10 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 45 милиони евра.


Симоне Ингази утре ќе ги каже своите планови за иднина

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги утре ќе одлучи за својата професионална иднина. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Инзаги е се сретне со раководството на „Нероаѕурите“.

Италијанските медиуми неодамна објавија информација дека Инзаги има богата финансиска понуда од саудиски Ал-Хилал.

Актуелниот договор на 49-годишниот италијански фудбалски стручњак со Интер е до 30 јуни 2026 година.

Во саботата Интер загуби од ПСЖ со 5:0 во финалето на Лигата на шампионите.

Претходно тимот на Инзаги остана без трофејот во Серија А, како и во Купот на Италија.


Грчката влада го прекина финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Грчката влада одлучи, засега само да го одложи третиот натпревар од финалето на плејофот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, јавуваат медиумите во Атина.

Во истата одлука, заколнатите (не)спортски непријатели беа предупредени дека, доколку страстите не се смират веднаш и спортот не се врати во границите на фер-плејот, серијата нема да продолжи и Грција ќе остане без шампион во сезоната 2024/25.

Во времето на објавувањето на веста, атинската полиција сè уште трага по сопственикот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос.

Инаку по два одиграни натпревари во финалната серија резултатот е изедначен 1:1.

Министерот за образование Јанис Вруцис закажа итен состанок за среда (5 јуни), на се поканети сопствениците на двата клуба, Димитрис Јанакопулос и браќата Ангелопулос.

Доколку не дадат јасни гаранции за продолжување на натпреварувањето под регуларни услови, првенството ќе биде прекинато, што во моментов е најизвесното сценарио.


Челзи ја сака тинејџерската сензација на Борусија Дортмунд

Челзи е заинтересиран за играчот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, објавија во понеделникот англиските медиуми.

Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер сити, член е на Борусија од 2020 година. Одигра 106 натпревари за првиот тим на Борусија и постигна 17 голови.

Британските медиуми објавуваат дека Челзи е подготвен да му понуди на клубот од Дортмунд 60 милиони евра за Гитенс. Тој има договор со Борусија до 30. јуни 2028 година.

Гитенс помина низ сите младински селекции на англиската репрезентација, но сè уште не дебитирл за сениорскиот тим.


Миовски ќе ја замени Џирона со Селтик?

Бојан Миовски веројатно ќе ја напушти Џирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик.

Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот.

Миовски има договор со Џирона до јуни 2028 година.

Селтик и минатото лето беше заинтересиран на Миовски, но тогаш „келтите“ сметаа дека Абердин бара премногу пари. Сега, кога се во потрага по напаѓач, менаџерот Брендан Роџерс сака да го врати Македонецот во шкотската Премиер лига.


Јунајтед го враќа Митровиќ во Премиер лигата?

Манчестер јунајтед е заинтересиран за спрскиот репрезентативец, Александар Митровиќ. Наводно, Митровиќ е вишок во плановите на Ал Хилал. Клубот планира нови играчи за настап на Светското клупско првенство. Прв на листата им е Виктор Осимен.

„Талкспорт“, тврди дека Ал Хилал е заинтересиран да го продаде или позајми најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација.

Во Англија веќе се јавија неколку заинтересирани страни. Вест Хем и Евертон имаат шанса да го доведат Митровиќ, но најмногу внимание привлече информацијата дека и Манчестер јунајтед го следи Митровиќ, откако извиси во трката за Лиам Делап.

„Црвените ѓаволи“ го сакаат Виктор Ѓокерес, но неговиот трансфер во овој момент не е е реален.

Цената на Митровиќ би била околу 40 милиони фунти, а во исто време напаѓачот би се согласил да ги намали финасиските барања.

Откако го напушти Лондон, Митровиќ постигна 68 гола на 79 натпревари за Ал Хилал.