feature

Мбапе е повреден и го напушти кампот на француската репрезентација

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е принуден да се повлече од репрезентацијата, објавува „Марка“.

26-одишниот напаѓач ќе се опоравува во својот клуб. Мбапе беше заменет во 83-тата минута во победата од 3:0 над Азербејџан во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Французинот претходно се справуваше со проблеми со глуждот. Франција ќе игра против Исланд на гостински терен во квалификациите на 13 октомври


Ако Реал го продаде Винициус, ќе тргне по Халанд

Реал контактирал со претставници на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, за да ја процени можноста за негов трансфер во шпанскиот клуб, објави „Caught Offside“.

Според изворот, „Лос Бланкос“ би можеле да го продадат напаѓачот Винисиус на неименуван клуб од Саудиска Арабија за 250 милиони евра ова лето. Реал Мадрид има намера да ги искористи приходите од овој договор за да го купи Халанд.

Во исто време, се забележува дека Манчестер сити нема планови да го продаде 25-годишниот Норвежанец. И покрај ова, Реал Мадрид не се откажува од идејата за негов трансфер. Халанд е во Манчестер сити од летото 2022 година. Неговиот договор со клубот важи до летото 2034 година.


Сабаленка шокирана од Пегула во Вухан

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан со 6-2, 4-6 и 6-7.

Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Ова беше прв пораз на Белорусинката на турнирот во Вухан. Претходно таа имаше освоено 20 од 20 натпревари.

Американката ќе се соочи со својата сонародничка Коко Гоф во финалето.Наградниот фонд на турнирoт изнесува 3,7 милиони долари.


Чаир преслушан, Пелистер го запоседна врвот на табелата

Во првиот натпревар од второто коло на Супер лигата, кошаркарите на Пелистер имаа една одличнаа четвртина, третата, беше доволна за победа над на Чаир.

За „зелено-белите“ ова е втора победа во сезоната, за уште подобро расположение пред европските обврски во ФИБА Евро купот.

По убедливиот триумф над Работнички со 40, вечерва Пелистер славеше над Чаир со 30 разлика 104:74.

Малешевиќ беше прв стрелец во победничката екипа со 23. поени, а имаше и осум скока и шест асистенции. Митревски заврши со 15.поени, Л. Вилсон дојде до 13, Си-Џеј Вилсон и Крстевски додадоа по 12, а Дејвис имаше 11,.

Во гостинската, Билингсли застана на бројката од 27.поени, на кои придодаде и 11. скока. Четмен финишираше со 12, а Бетсон и Рушити имаа по 11.


Франција загуби два клучни фудбалери по дуелот со Азербејџан

Килијан Мбапе најверојатно ќе го пропушти квалификацискиот натпревар на Франција за Светското првенство во 2026 година против Азербејџан поради повреда.

Напаѓачот на Реал Мадрид не тренирал два дена по ред поради повредата на глуждот здобиена на натпреварот од Ла Лига против Виљареал (3:1) во саботата.

Мбапе избегна сериозна повреда, но медицинскиот тим на француската репрезентација препорачал тој да остане надвор од теренот.

Одлуката за вклучување на напаѓачот во составот за натпреварот во петок против Азербејџан ќе биде донесена денес. Ако се биде в ред, Мбапе најверојатно ќе биде во составот на Франција за мечот со Исланд на 13 октомври


Платини: Да бев јас претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои!

Секој со свои различни вкусови за ВАР и против ВАР. Сепак јасно е, и покрај сите маани и проблеми, кога се воведе ВАР техолнологијата има помалку судиски киксови на фудбалската сцена.

Од друга страна славниот Мишел Платини смета дека ВАР не донел ништо добро на фудбалот:

“Јас да бев претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои. Проблемите во фудбалот се на друго место“ посочи Платини.

Поранешниот прв човек на УЕФА, дополни и дека ВАР не треба да ги одземе емоциите и човечкиот фактор.


Медведев последен полуфиналист во Шангај

Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот што се игра во Шангај. Тој во последниот четвртфинален меч го победи Алекс Де Минаур од Австралија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-4).

Негов противник во полуфиналето ќе му биде Французинот Артур Риндернех, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), беше поуспешен од Феликс Оже-Алисиме од Канада.

Во второто полуфинале ќе играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Валентин Вахерот од Полска, кои вчера обезбедија полуфинале.


Јунајтед потврди дека клубот нема да биде продаден

Манчестер Јунајтед ги негираше гласините за можна продажба на клубот, објави Би-Би-Си денес.

Повеќе извори блиски до раководството на 20-кратниот англиски шампион ги отфрлија медиумските извештаи дека разговорите со нов инвеститор се во напредна фаза.

Турки Ал-Шеик од владата на Саудиска Арабија зборуваше за можна продажба на „Црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед е во сопственост на американски бизнисмени од семејството Глејзер и Британецот Џим Ратклиф.

Тимот од Манчестер имаше нестабилен почеток на новата сезона и е на десеттото место со 10 бода.


Фудбал Фабиан Руиз: Наша цел е да ја одбраниме титулата во ЛШ

29-годишниот шпански играч од средниот ред на ПСЖ, Фабијан Руиз, зборуваше за перспективите на парискиот клуб во Лигата на шампионите.

„Најтешкото нешто во фудбалот не е да се стигне до врвот, туку да се остане таму. Нашата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите два, три или четири пати. Нема да биде лесно, но којзнае? Дефинитивно ќе направиме сè што можеме за да го постигнеме тоа. Најважно сега е нашата победа минатата година да биде пресвртница. Мислам дека самите видовме дека клучот до успехот е целосна посветеност“, изјави Руиз.

ПСЖ е актуелен шампион на Лигата на шампионите. Тие го победија Интер со 5:0 во финалето од минатата сезона 2024/25.


Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија, покажавме дека имаме и „фактор икс“

Фудбалската репрезентација на Македонија ја сопре Белгија во Гент, одигра 0-0 и освои голем бод со кој го задржа и првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2026.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од освоениот бод, ремито против моќната Белгија, но вели дека сме потфрлиле во организацијата на играта, иако за тоа влијаеше и силата на Белгија.

„Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од овој натпревар, иако планот беше да имаме поголем посед, да играме и кон напред. Секако дека и противникот влијаеше на нашата игра. Белгијците имаат одлични играчи во средниот ред. Најважно е дека вечерва го имавме тој „фактор икс“. Да издржиме до крај и кога се браниме, да покажеме карактер. Среќни сме, останавме на првото место и сега треба да се фокусираме на следниот меч против Казахстан, и тоа веднаш. Се надевам дека не е ништо сериозно со Висар Муслиу, но ќе знаеме по 24 часа кога ќе може да се скенира повредата“, изјави селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата по натпреварот во Гент.