Мохамед Азис дебитираше со девет гола, Еурофарм Пелистер 2 до врв го „наполни“ Скопје 2020
Уште една убедлива победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Првата лига. На дебито на новото засилување, Тунижанецот Мохамед Азис, младите битолчани го совладаа тимот на Скопје 2020 со 32 гола разлика. Зарков им даде шанса на ракометарите кои играа помалку досега сезонава и сите ја искористија минутажата.
Леворакиот Гичев постигна единаесет, крилото Димовски десет, а Мохамед Азис беше стрелец на девет гола. Финалните 51-19 реално осликуваат колку голема е разликата меѓу двата тима.
Момците на Александар Зарков и натаму се без пораз во Првата лига и веќе следната недела можат математички да слават промоција во Суперлигата.
Тунижанецот Мохамед Азис потпиша за Еурофарм Пелистер 2
Пелистеровото ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.
Мафуд веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига. Неговото официјално претставување е предвидено следната недела во Битола.
Масаи Оџири ќе ја преземе Атланта
Атланта бара претседател за кошаркарски операции. Клубот има намера да ја пополни позицијата со елитен и искусен менаџер.
Една од целите е 54-годишниот специјалист, Масаи Оџири, кој работи за канадскиот клуб – Торонто од сезоната 2013/14.
Засега нема информации дали Оџири ќе прифати да се пресели во САД.
Милан го продава Рајндерс за да ги купи Ричи и Лука
Милан размислува да го продаде Тиџани Рајндерс за 75+ милиони евра и со овие пари да донесе две засилувања – Самуеле Ричи од Торино и Лоренцо Лука од Удинезе.
Манчестер Сити и Реал Мадрид се сериозни во својата намера да го ангажираат Тиџани Рајндерс и ќе го стават Милан во искушение со богати понуди.
Се говори дека „росонерите“ се подготвени да го продадат Холанѓанецот доколку на маса биде ставен предлог од 75+ милиони евра.
Со овие пари, клубот од Сан Сиро ќе донесе две засилувања – првото ќе биде директна замена за самиот Тиџани Рајндерс.
Изборот е паднат на Самуеле Ричи од Торино, чиј трансфер ќе чини околу 30-35 милиони евра.
Второто засилување ќе биде за нападот со оглед на тоа дека Тами Абрахам и Лука Јовиќ немаат иднина во Милано.
На радарот на Милан е Лоренцо Лука од Удинезе, кој има цена од 30 милиони евра.
Леонардо Бонучи се враќа во Јувентус
По враќаето на Џорџо Киелини во Јувентус, уште една клупска легенда е на пат да се врати во Торино и тоа Леонардо Бонучи. Како што пренесува угледниот „Тутоспорт“, поранешниот дефанзивец е многу блиску до приклучување кон стручниот штаб на „старата дама“ за следната сезона.
Според информациите, Бонучи, Киелини и спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, имаат заедничка визија за иднината на клубот, а тоа било потврдено и за време на нивната вечера во Рим оваа недела. Киелини веќе е дел од структурата на клубот, но ќе добие нова функција, дел од задачите што досега ги извршуваше Франческо Калво, кој го напушти клубот.
Бонучи во овој момент работи како асистент во младинската репрезентација на Италија до 20 години, но според насоките од раководството на Јувентус, неговата тренерска кариера наскоро ќе добие нов правец.
Од завршувањето на својата играчка кариера, Бонучи активно работеше на стекнување лиценци и дополнителна едукација, а сега изгледа дека е време за практична примена на тоа знаење во клубот каде што остави неизбришлив белег.
Интер преговара со Канаѓанецот Џонатан Дејвид
Актуелниот италијански првак и финалист во Лигата на шампионите Интер планира во своите реови да го доведе Џонатан Дејвид, кој ова лето ќе го напушти Лил како слободен агент. За него покрај Интер, се интересираат и Баерн Минхен, Наполи, Ливерпул и Челси.
Според последните информации, Дејвид имал две барања: прво плата од 5 милиони евра по сезона, а второто барање е поголема минутажа, односно сака да оди во клуб каде што ќе има главна улога во нападот.
Роналдо го напушта Ал-Наср и се враќа во Спортинг
Кристијано Роналдо би можел да не го продолжи договорот со Ал-Наср и се очекува наскоро да ја напушти Саудиска Арабија.
Роналдо бил разочаран од неуспесите и според пишувањата, му здодеало да не освојува трофеи со екипата, со што се отвора можност за враќање во Европа, каде би ја завршил кариерата.
Се споменува враќање во матичниот Спортинг, каде ги направи своите први чекори, а воедно тука би имал прилика да се натпреварува на високо ниво и да добие повик за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи следната година.
Стојковски си замина од претседателското место во Пелистер
Легендата на македонскиот и битолскиот фудбал, Митко Стојковски се повлече од функцијата на претседател на ФК Пелистер.
Пелистер заврши на шестото место на табелата, но очекувањата на навивачите беа уште поголеми, па многу често нивното незадоволство беше насочено кон раководните структури.
Стојковски заминува, а од наредната сезона Пелистер ќе има нов претседател кој можеби ќе донесе поуспешни ветришта во фудбалска Битола.
„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.
Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, рече претседателот Митко Стојковски.
Дибу Мартинез се прости со фановите, летово заминува од Астон Вила
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, се чини дека го напушта клубот. Вчера, екипата од Бирмингем го одигра својот последен домашен натпревар оваа сезона, во кој го победи Тотенхем со 2-0 на „Вила парк“.
По последниот свиреж, аргентинскиот голман на Астон Вила го напушти теренот со солзи во очите. Тој долго време ги поздравуваше навивачите кои му возвратија со неколку минутно аплаудирање.
Многумина ги протолкуваа постапките на Мартинез како збогување со навивачите на Астон Вила.
Пред неколку недели стана јасно дека за голманот на Астон Вила има интерес од клубови во Саудиска Арабија. Се чини дека светскиот шампион со Аргентина ќе ја продолжи кариерата таму.
Фабрегас потврди дека останува во Комо
Como’s Cesc Fabregas is congratulated following the Serie A soccer match between Atalanta and Como at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, Tuesday, Sept. 24 , 2024. (Spada/LaPresse via AP)
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, објави дека ќе продолжи да го води тимот и следната сезона. Шпанецот призна дека бил во контакт со други клубови, но сака да продолжи со работата со сегашниот тим. Интерес за него покажаа Баер Леверкузен и Рома.
„Цврсто останувам во Комо, се чувствувам добро тука. Клубот наскоро ќе даде официјална изјава за ова прашање. Разговарав со раководството и се уверив дека имаме заедничка визија за иднината. Да, имав разговори со други клубови. Покажувам почит и дијалог со сите. Сакам повеќе за Комо, не за мене. Треба да има консолидација и напредок следната сезона. Има многу енергија и јас сум позитивен во врска со тоа“, коментираше Фабрегас на својата прес-конференција пред утрешниот натпревар на гости против Венеција.
Шпанскиот специјалист откри некои од своите идеи за развој на Комо.
„Кога отидов во Арсенал на само 16 години, бев сам, но знам како да создадам семејство. Тука ќе обезбедиме тренинг база на високо ниво. Моите момчиња мора да имаат најдобри можни услови. Разговарам со нив и за работи надвор од фудбалот, за лични работи. Прво сакам да ја видам личноста, а потоа и фудбалерот.
Сакам помал тим од само 20 играчи. Навивачите зборуваат за европските турнири, но следната сезона само треба да се етаблираме. Треба да одиме полека и со мали чекори. Немаме утврден буџет за следната сезона, сè зависи од нашите можности. На кои позиции сакам засилувања? На оние кои ви помагаат да ги добивате натпреварите.
Нико Паз е фундаментален за нас. Едоардо Голданига се етаблира како лидер. Тој е момче кое многу порасна и е гаранција за мене заедно со Габриел Стрефеца и Лука Да Куња. Тој ми даде многу мене и на тимот. Тој може да направи повеќе и треба да се развива, а неговите соиграчи го сакаат“, додаде Фабрегас.