feature

Салах го кани Де Брујне во Ливерпул

Кевин Де Брујнe денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас.

Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата.

Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“.

Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Брујнe за сè што направи за Премиер лигата во изминатата деценија. Патем, тој се пошегува дека на „Енфилд“ има место за играч од негов квалитет.

„Сакам да му честитам за сè што постигна во кариерата досега. Тој заврши фантастична работа во Манчестер сити и имаше неверојатен придонес во развојот на Премиер лигата и навистина му посакувам се најдобро. И секако имаме место тука за него“, рече Мо Салах низ смеа.

Салах и Де Брујне беа соиграчи пред една деценија во Челси.

Сепак, во моментов нема навестувања дека Де Брујнe би можел да оди во Ливерпул, а Наполи во моментов се споменува како најреална опција.

Де Брујне одби трансфер во Саудиска Арабија и САД бидејќи верува дека сè уште може да игра на најголемата сцена.


Пјастри се избори за пол-позиција во Имола

Лидерот во првенството на Формула 1, Оскар Пјастри ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања. Австралиецот во Имола до првото место на стартот дојде пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Џорџ Расел (Мерцедес).

Оскар Пјастри до пол-позицијата дојде во последниот круг, кога го постави најбрзото време 1:14.670. Актуелниот шампион, Ферстапен квалификациите го заврши со 34 илјадоти делови од секундата послабо време од младиот Австралиец.

Изненади во квалификациите Расел, кој во последниот круг излезе со средно тврди пенвматици. На крајот ризикот му се исплатеше го освои третото место, пред вториот возач на Мекларен, Ландо Норис.

Теретиот ред го формираа Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Карлос Саинц (Вилијамс). Нивните колеги, Ленс Строл и Алекс Албон се во четвртиот ред. Пласман во топ 10 изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс) и Пјер Гасли (Алпин).

Приказна на денот е Ферари, доживеа катастрофа. Шарл Леклер и Луис Хамилтон трката ќе ја започнат од 11. и 12. место.

Траката за Големата награда на Емилија Ромања в недела ќе започне во 15:00 часот.


Кристал Палас го освои првиот ФА Куп во својата историја

Момент за историја на „Вембли“, играчите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во 120.годишната историја на клубот. Кристал Палас го пибеди Манчестер сити со 1:0 и го освои трофејот во ФА купот.

Трета среќа за Палас, во третиот обид славеа во најстарото куп натпреварување во светот. Претходно не успеаја во 1990 и 2016 година.

Сити остана без ниту еден трофеј оваа сезона, без Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и ФА Купот.

Херои на Палас се стрелецот на единствениот гол во 16.минута Ечереки Езе и голманот Дин Хендерсон. Хендесон одбрани пенал, во првиот дел ги запре ударите на Халанд и Доку, а во 82.минута го одбрани и ударот на младиот Аргентинец, Ечевери.

Нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во клупската историја.

Трагичар е Омар Мармуш, Хендерсон му одбрани пенал во 37.минута.


Астон Вила нуди 50 милиони евра за Феран Торес

Астон Вила покажува интерес за 25-годишниот напаѓач на Барселона, Феран Торес . Ова го објави „Бермингем меил“.

Според изворот, клубот од Бирмингем може да го стекне шпанскиот фудбалер следното лето. Барселона разгледува понуда од 50 милиони евра за Феран Торес

Торес оваа сезона одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 19 гола и имаше седум асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година. Според информациите доставени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 28 милиони евра.


Италијанката Паолини го освои Мастерсот во Рим

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини го освои ВТА турнирот од серијата 1.000 во Рим.

Паолини убедливо и лесно ја победи третата тенисерка на планетата, Коко Гоф, со 6-4, 6-2, по 90 минути игра.

Ова е втората титула на турнирите од Мастерс серијата за Паолини,по онаа во Дубаи минатата сезона.

Паолини веќе направи брејк во првата гем, но веднаш го испушти. Фестивалот продолжи и во третиот, кога ситниот Италијанец направи клучен чекор кон освојување на првиот сет.

Сличен беше и почетокот на вториот сет, со тоа што Паолини брзо стигна до 3-0 со дабл брејк.

До крајот на натпреварот, тие разменија уште по два паузи, така што Паолини ќе ја заврши работата релативно рутински за голема прослава во Рим.

Со овој триумф, Паолини се искачи на четвртото место, ја „скокна“ Ига Швионтек, додека Гоф и покрај поразот од понеделник ќе биде втора на ВТА листата.


Охрид падна во Битола, Еурофарм Пелистер се врати на врвот на табелата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34-30 во натпреварот од седмото коло од плеј-офот во Суперлигата. „Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат.

Ракометарите на Охрид одлично го почнаа мечот, на двапати имаа предност и од два гола разлика, беше 6-4 и 7-5, но како одминуваше времето Пелистер играше се подобро и на одморот замина до предност од 17-14. Охрид не се предаде, во вториот дел неколкупати дојдоа до само еден гол негатива, но не успеаа да го свртат резултатот. Финишот му припадна на Пелистер кој на крајот славеше победа од 34-30.

Популарните „гладијатори“ беа достоинствен ривал, се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Пелистер е поквалитетен тим и дојде до посакуваниот триумф, победа број шест во оваа фаза. Кузмановски со девет гола беше лидер кај актуелниот шампион, Јукиќ со седум ја предводеше листата на стрелци кај поразените.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер се израмни на врвот на табелата од плеј-офот со Вардар 1961. Следниот викенд, во рамките на деветтото коло, Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека Бутел Скопје.


ФИА воведе ново правило во Формула 1 сезоната

Светската автомобилска федерација (ФИА) на своите социјални мрежи ги објави казните за пцуење што беа воведени на почетокот на оваа сезона.

Според првичните прописи, казната за првиот прекршок можеше да биде 40.000 евра, додека за секој следен прекршок можеше двојно да се наплати.

Но, сега казните се драстично намалени, па казната за лош збор е „само“ 5.000 евра, но тоа нема да биде случај за некои „многу сериозни прекршоци“ кои можат да бидат строго санкционирани.

Казните, логично, ќе бидат повисоки ако возачите кажат или направат нешто несоодветно, на пример на прес-конференција, каде што таквите постапки не можат да се оправдаат со висок адреналин.

Ова особено ќе му се допадне на Макс Верстапен, кој во последно време имаше многу казни за навредливи зборови, особено минатата сезона.


Се разделија Работнички и Горан Самарџиев

По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да ја прифати.

Нермин Пепиќ, актуелниот тренер на јуниорската селекција на овој клуб, ќе го преземе кормилото во обид да ја спаси сезоната на „центарци“. Според информациите, Пепиќ веќе ја презел сениорската екипа и го водел тренингот на тимот.

Дебито на клупата на Работнички како прв тренер, Пепиќ ќе го има во недела од 20:30 часот, кога Работнички го пречекува ТФТ и мора да забележи победа. При пораз, ќе игра за третото место со поразениот од серијата меѓу МЗТ Скопје и МКК Куманово.


Ти Џеј Шортс пред потпис со Панатинаикос

Според информациите од Грција Ти Џеј Шортс Шортс најверојатно ќе потпише договор со Панатинаикоцс, клубот кој на завршницата на Ф4 ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.

Познато е дека во тимот на “зелените“ од Атина, игра и охриѓанецот Чеди Осман.Шортс имаше блескава сезона во дресот на Париз. Беше и еден од кандидатите за МВП во Евролигата и не тајна дека во моментов е еден од најбараните кошаркари во Европа.


Вардар пресилен за Бутел, победа со моќно издание за момците на Милано

Ракометарите на Вардар дојдоа до заслужена и убедлива победа (30-37) на скопскиот дуел со Бутел, не дозволувајќи грешка во рамките на плејофот на машката супер лига.

Црвено-црните како гости на почетокот имаа негатива и од три гола, но издоминираа до крајот на првото полувреме кое го добија со 21:13.

До крајот на средбата рутински ја одржуваа високата предност и си ги обезбедија планираните бодови од овој натпревар во рамките на плејофот.

Хориха со седум голови го предводеше победничкиот тим, Субашевски со шест погодоци се истакна во редовите на Бутел.

Вардар стигна до шестата победа на седмиот натпревар во плејофот и има два бода повеќе од Еурофарм Пелистер, кој допрва ќе го одигра својот натпревар од ова коло.