feature

Барса пикирала нов напаѓач за следната сезона

Барселона сака летово да доведе напаѓач кој ќе биде наследник на Роберт Левандовски и веќе има неколку имиња на листата на желби. Сепак, таквата одлука на клубот најмногу ќе го „оштети“ Феран Торес за кого Каталонците веќе одлучиле што ќе прават.

Каталонците оваа сезона имаат во составот само еден класичен напаѓач, а тоа е Роберт Левандовски кој е во одлична форма за давање голови, но јасно е дека на Ханси Флик би му користел уште еден играч на таа позиција.

Тоj и порано истакнуваше дека би сакал клубот да доведе напаѓач, но не некој кој ќе биде резерва на Левандовски, туку фудбалер кој ќе биде негов наследник во иднина.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона веќе има неколку имиња на листата на желби, а првиот на истата е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Исто така, покрај него, со Барселона се поврзува и напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.

Сепак, одлуката на Барселона е најголем удар за Феран Торес бидејќи тој е тој што игра на местото на напаѓач кога Левандовски е надвор од стартната постава, но Шпанецот не се прослави многу.

Доаѓањето на нов напаѓач значи дека позицијата на Феран е загрозена, а шпанскиот „Фихајес“ пренесува дека во Барселона веќе одлучиле дека ќе го продадат доколку успеат да ги исполнат летнјите цели.

„Фихајес“ пишува дека интерес за играчот на Барселона веќе покажале Наполи, Милан, Арсенал и Тотенхам и дека Каталонците нема да имаат проблем да го продадат овој фудбалер летово.


Липи не е одушевен од работата на Мота

Марчело Липи кој на времето седеше на клупата на Јувентус, вели дека очекувал многу повеќе од сегашниот тренер на „бјанконерите“, Тиаго Мота.

„Старата дама“ заостанува во трката за титулата во Италија и изненадувачки испадна во елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони.

„Очекував повеќе во однос на неговиот карактер. Не сакам да го критикувам за сè но, клупата на Јувентус е како дресот, тежи повеќе”, изјави Липи.


Гасперини посакува да ја заврши тренерската кариера во Јуве

BERGAMO, ITALY – MARCH 17: Gian Piero Gasperini, Head Coach of Atalanta BC, applauds following the Serie A match between Atalanta BC and Empoli FC at Gewiss Stadium on March 17, 2023 in Bergamo, Italy. (Photo by Emilio Andreoli/Getty Images)

Џанпјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, се уште сонува еден ден да ја преземе клупата на Јувентус, клубот во кој започна и освои трофеи на јуниорско ниво.

„Враќањето во Јувентус по 20 години би било круна на мојата кариера“, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинците, од 1994 до 2003 година. Во овој период, Гасперини го предводеше младинскиот тим на Јувентус до неколку трофеи.

Интересно, Кристијано Џунтоли, актуелниот спортски директор на Јувентус, сакаше да го донесе Гасперини во Наполи уште во 2019 година. Сепак, тоа не се случи.

Гасперини изгради репутација на еден од најценетите тренери во Италија благодарение на неговите извонредни резултати со Аталанта, која ја трансформираше во редовен учесник на европските натпреварувања.

Гасперини е познат по својот напаѓачки стил на игра и тактички иновации, често користејќи формација 3-4-1-2. Неговата способност да развива играчи и да постигнува успеси со ограничени ресурси му донесе признание во фудбалскиот свет, вклучително и две награди за најдобар тренер во Италија (2019 и 2020 година).

Правата самостојна работа ја доби во 2003 година во Кротоне. Успеа со овој тим да избори промоција во Серија Б. Потоа следеше успешен период во Џенова од 2006 до 2010 година, при што го предводеше клубот до петтото место во Серија А. По кратки и помалку успешни епизоди во Интер и Палермо, Гасперини ја презеде 2016 Аталанта.


Дали Влаховиќ ќе го издаде Јуве и ќе потпише за Интер?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а откако одби да му биде намалена платата за да ја продолжи соработката, клубот јасно му стави на знаење дека ги брои последните денови во клубот. Математиката на Јувентус е јасна, летово мора до го продаде Влаховиќ за да заработи од неговиот трансфер.

Душан Влаховиќ, како што тврдат италијанските медиуми ќе го напушти Јувентус, но ќе остане во Серија А. За да се реализира ова сценарио во игра треба да влезе и ПСЖ.

Имено, во потенцијално еден од најневеројатните трансфери, Влаховиќ би се преселил во Интер. Од овој трансфер Јувентус би заработил помеѓу 25 и 30 милиони евра што е далеку под пазарната вредност на напаѓачот.

Во зелката треба да се вклучи и ПСЖ. Домино ефектото би го задржал Рандал Коло Муани во Јувентус, а Маркус Тирам од Интер би се преселил во ПСЖ.

Интер чека понуда за Тирам за да може да влезе во траката за потписот на Влаховиќ, тврди„ Тутомеркато“. Јувентус парите од трансферот на Влаховиќ би ги искористил да го откупи договорот на Коло Муани од ПСЖ.


Поповиќ се предомисли, ќе го води Сан Антонио до крајот на сезоната

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар.

Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон.

„Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна работа, а одлучноста и професионалноста што ја покажаа играчите беа извонредни. Сакам да се фокусирам на моето здравје со надеж дека ќе можам да продолжам да работам во иднина”, рече Поповиќ.

Грег е тренер на Сан Антонио од 1996 година и за тоа време освои пет шампионски титули во НБА.


Баерн и Томас Милер преговараат за нов договор

Живата легенда на Баерн Минхен, Томас Милер, за германските медиуми ја коментираше моменталната позиција со преговорите со клубот за нова соработка. 35-годишниот ветеран има договор само до крајот на актуелната сезона и се уште е нејасно дали ќе остане и следната сезона.

„Ние сме во преговори. Зборуваме и за спортски и за финансиски аспекти“, изјави Милер за весникот „Шпигел“.

„Сè уште многу се забавувам играјќи фудбал. Сакам да продолжам“, додаде офанзивниот играч за врска на Баварците.

Милер е младински играч на Баерн, кој влезе во првиот тим во 2009 година.


Ембид повторно мора под нож, Филаделфија во големи проблеми

Philadelphia 76ers’ Joel Embiid plays during an NBA basketball game, Friday, Nov. 18, 2022, in Philadelphia. (AP Photo/Matt Slocum)

Ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид бара решенија за повредата на левото колено. Изворите велат дека центарот сè уште се надева на неинвазивна процедура која може целосно да го обнови неговиот повреден зглоб.

Сепак, тимските лекари и надворешните експерти консултирани деновиве, наводно, не веруваат дека постои такво решение.Ембид ќе мора редовно да добива инјекции во коленото за да игра. Во спротивно ќе мора што побргу на операција.

Најкорисниот играч на НБА од 2023 година оваа сезона одигра само 19 натпревари.


Ковачиќ ќе го замени Сити со Атлетико?

Хрватскиот фудбалски репрезентативец и фудбалер Матео Ковачиќ оваа лето би можел да го напушти Манчестер сити и да потпише за Атлетико Мадрид.

Искусниот Ковачиќ од 2015 до 2019 година играше за Реал Мадрид, кум му е капитенот на Кралскиот клуб, Лука Модриќ, а од следната сезона може да го облече дресот на лутиот градски ривал на најтрофејниот клуб.

Во Атлетико сметаат дека Ковачиќ би можел да биде одлично пополнување по најавеното заминување на Родриго Де Пол.

Договорот на Ковачиќ со Сити е до јуни 2027, па Атлетико ако сака да го купи, ќе мора да плати и отштета од 30-тина милиони евра. Интерес за Матео има и од Фенербахче, но Хрватот преферира да остане во топ 5 лигите.

Јорганџиите се заинтересирани за уште еден играч од Премиер лигата, тоа е напаѓачот Дарвин Нуњез од Ливерпул.


Муса се сели од Мадрид во Барселона?

21/10/2022 Dzanan Musa DEPORTES Oscar J. Barroso / AFP7 / Europa Press

Кошаркарскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Џанан Муса (25), би можел да го промени тимот и тоа во еден од главните конкуренти и лут ривал.

Да земеме предвид дека во текот на летото, поточно по 30 јуни, кога му истекува договорот, Муса би можел да го напушти Реал Мадрид.

Претходните информации што ги објави шпанска „Марка“ беа дека мадриѓани нема да му го продолжат договорот на Муса, што предизвика интерес кај тимовите од Евролигата. И Барселона внимателно следи како се развива ситуацијата, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Сезонава, за нешто повеќе од 21 минута на теренот, Муса има просек од 12,3 поени, 2,9 скока и 1,9 асистенции. Сепак, неговата последна сезона беше значително подобра, кога за исто толку време на паркетот забележа 13,9 поени, 2,8 скока и 2,2 асистенции.


Питлик мора на операција, Фленсбург остана без најдобриот ракометар

Проблем за германски Фленсбург откако се повреди првиот ракометар и дански репрезентативец Симон Питлик.

Бекот од Данска доби фрактура на раката, поточно на десната подлактица. Питлик се повреди во реваншот од Европската лига на ЕХФ против Феникс Тулуз. Првичните најави се потврдија по ренгенскиот преглед и Питлик го очекува операција.

„Фактот дека во нашата моментална ситуација мора да играме без Симон воопшто не ни се допаѓа“, прокоментира директорот на Флензбург, Холгер Гландорф.