feature

Скалони го врати Меси во аргентинската репрезентација

Селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони го објави списокот на играчи за натпреварите против Чиле и Колумбија.

Покрај очекуваните имиња, има и изненадувања, меѓу кои и еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

Николас Отаменди, дефанзивецот на Бенфика, исто така се наоѓа на прелиминарниот список за претстојните два јужноамерикански квалификациски натпревари за Светското првенство каде што Аргентина веќе се квалификуваше.

Меси, играчот на Интер Мајами, ги пропушти претходните два натпревари – против Уругвај и Бразил, но сега се враќа за дуелите против Чиле и Колумбија, на 5 и 10 јуни.

Да потсетиме дека капитенот на Бенфика Отаменди беше суспендиран за натпреварот во Сантијаго, но ќе биде достапен за дуелот со Колумбија.


Кирјиос ќе игра на Ролан Гарос по пауза од осум години

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос ќе игра на Ролан Гарос за првпат од 2017 година. Контроверзниот тенисер е на списокот на играчи во двојки регистрирани за Отвореното првенство на Франција. Партнер ќе му биде сонародникот Џордан Томпсон.

Кирјиос е без настапи на тениските терени од Мастерсот во Мајами, а ќе игра во сингл на турнирот во Штутгарт.


Нејмар добива нов договор во Сантош

Иако неговото враќање во Сантош не е она што би го сакал, Нејмар е во напредни преговори за продолжување на договорот, кој истекува на 30 јуни 2025 година, за уште една година, односно до Светското првенство во 2026 година.

Според „ТНТ Спортс Бразил“, Бразилецот, кој не играл два месеци, сака да остане во клубот од кој замина за да учествува на следното Светско првенство под водство на новиот тренер Карло Анчелоти.

Неговата цел е дотогаш да се опорави физички и да ги намали бројните повреди што ги претрпе низ годините, знаејќи дека веројатно нема да биде вклучен во првиот избор на италијанскиот тренер во јуни поради оваа причина.

Откако се врати во својата татковина, Нејмар одигра само 587 минути, распоредени во 9 натпревари, во кои постигна три гола и направи три асистенции. Сепак, во бразилското првенство тој беше на теренот само 79 минути, двапати како замена.


Роналдо најскап светски спортист за 2024 година

Трета година по ред, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е на чело на годишната листа на „Форбс“ за најплатени спортисти со заработка од 253 милиони евра.

Во споредба со претходната година, Роналдо ги зголемил своите приходи за 13,8 милиони евра. За една година, само боксерот Флојд Мејведер заработил повеќе од Роналдо, кој заработил 276 милиони евра во 2015 година и 262,2 милиони евра во 2018 година.

На второто место е плејмејкерот на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари со 143,5 милиони евра, додека третата позиција ја држи британскиот боксер Тајсон Фјури со 124,2 милиони евра.

Квотербекот на Далас Каубојс, Дак Прескот, го достигна четвртото место со 126 милиони евра, а петти е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со годишна заработка од 124,2 милиони евра.

По нив следуваат ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс (123,1 милиони евра), бејзбол играчот и член на Њујорк Метс, Хуан Сото (104,9 милиони евра), додека францускиот напаѓач Карим Бензема, кој игра за Ал Итихад во Саудиска Арабија, е осми со заработка од 95,7 милиони евра.

Листата ја затвораат јапонската бејзбол суперѕвезда Шохеи Охтани со 94,3 милиони евра и НБА ѕвездата Кевин Дурант, кој заработил 93,3 милиони евра.

Заедно, 10-те најплатени спортисти заработиле 1.288 милијарди евра, што е малку повеќе од минатогодишните 1.269 милијарди евра.


„Јуске Банк Боксен“ во Хернинг дом на македонските ракометари

Ракометната репрезенттација на Македонија ќе биде дел од групата Б на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка, а тоа значи дека нема да менува град во текот на целиот шампионат.

Македонија ќе игра со Данска, Португалија и Романија. Сите мечеви од групата Б се играат во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, а најдобрите две селекции одат во следната фаза, која исто така се игра во данскиот град Хернинг. Во оваа арена Лазаров и другарите играа на Европското првенство во 2014 година.

Европското првенство во Норвешка, Данска и Шведска ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.


Светскиот првак Данска прв ривал на Македонија на Европското првенство

Ждрепката сакаше Македонија да се најде во групата Б на Европското ракометно првенство, која ќе се игра во Хернинг. Репрезентациите на Данска, Португалија и Романија се нашите ривали во првата фаза.

Веќе е и познат распоредот на натпреварите со тоа што сатниците дополнително ќе бидат одредени.

Турнирот избраниците на Кирил Лазаров ќе го стартуваат на 16 јануари и тоа против фаворитот број еден за европското злато Данска. Потоа на 18 јануари одиме на мегдан со Романците која е селекција со која можеме да се надигруваме и да бараме победа за да на крајот, на 20 јануари, ги одмериме силите со незгодната Португалија.


ФФМ дел од конгресот на ФИФА во Парагвај

Фудбалската федерација на Македонија е присутна на 75. ФИФА Конгрес, кој се одржува во Асунсион, Парагвај.

Како претставници на ФФМ, на Конгресот учествуваат потпретседателот Марјан Стојковски, генералниот секретар Леонид Јандреоски и заменик генерелниот секретар, Дрилон Ганиу.

Учеството на највисокиот собир на Светската фудбалска асоцијација е можност за размена на искуства, поставување стратешки насоки и унапредување на меѓународната соработка во фудбалот.

Присуството на ФФМ е потврда за активната улога на нашата федерација во глобалните фудбалски процеси и стремежот за континуиран развој на фудбалот во Македонија.

Конгресот не само што ќе се совпадне со 100-годишнината од членството на Парагвајската фудбалска асоцијација во ФИФА, туку ќе го означи и почетокот на значаен период за континентот во контекст на глобалната игра, со тоа што Јужна Америка ќе биде домаќин на Светското првенство за жени на ФИФА 2027 и натпреварите по повод стогодишнината од Светското првенство на ФИФА во 2030 година.


Македонија во група со светскиот првак Данска на Европското првенство

Македонија во група со Данска, Португалија и Романија на Европското првенство

Македонија ќе биде дел о групата Б каде што ќе игра против селекциите на Данска, Португалија и Романија. Данска важи за една од најмоќните репрезентации во светот, а Португалија и Романија се непредвидливи.

Група А (Хернинг, Данска): Германија, Шпанија, Австрија, Србија
Група Б (Хернинг, Данска): Данска, Португалија, Македонија, Романија
Група Ц (Баерум, Норвешка): Франција, Норвешка, Чешка, Украина
Група Д (Баерум, Норвешка): Словенија, Фарски Острови, Црна Гора, Швајцарија
Група Е (Малме, Шведска): Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
Група Ф (Кристијансанд, Шведска): Унгарија, Исланд, Полска, Италија

ЕП во ракомет е закажано за почетокот на идната година, односно во период од 13 јануари до 1 февруари.


Започна продажбата на билети за финалето на Купот на Македонија во фудбал

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека продажбата на билети за финалето во Купот на Македонија започнува преку on-line платформата на ФФМ, https://eticket.ffm.mk.

Цената на билетите е 100 денари (јужна и северна трибина) и 50 денари за западна трибина (наменета за навивачите на ФК Вардар).

Во среда на 21 мај, Вардар и Струга ТЛ ќе тргнат во битка за освојување на националниот куп-пехар.


Номинираните за играч и менаџер на сезоната во Премиер Лигата се објавени

Објавени се осумте номинирани играчи и петте номинирани менаџери како најдобри во Премиер Лигата оваа сезона. 

Салах сигурно ќе биде фаворит за играчката награда. Тој досега има постигнато пет гола и шест повеќе асистенции од кој било друг играч. Со вкупно 46 голови и асистенции во 36 натпревари, тој е само еден гол или асистенција од израмнување на рекордот за најмногу гол-контрибуции во една сезона, рекорд кој заеднички го држат Алан Ширер и Енди Кол, поставен во сезона од 42 натпревари. 

Останатите седум номинирани играчи се: Вирџил ван Дијк, Морган Гибс-Вајт, Рајан Гравенберх, Александер Исак, Брајан Мбеумо, Крис Вуд и Деклан Рајс. 

Арне Слот ја прифати тешката задача да го замени Јирген Клоп во Ливерпул. Наместо да води транзициска сезона, Холанѓанецот успеа да ја освои титулата во Премиер лигата со убедлив настап, неговиот тим постигна најмногу голови и загуби само два натпревари пред официјално да го потврди триумфот. Тоа го прави главен фаворит за менаџерската награда. 

Останатите четворица номинирани менаџери се: Томас Франк, Еди Хау, Нуно Еспирито Санто и Витор Переира. 

Навивачите имаат рок до 12 часот попладне во понеделник, 19 мај, да гласаат за своите фаворити преку веб-страницата на Премиер Лигата. Навивачките гласови потоа ќе се комбинираат со гласовите на фудбалските експерти за да се одлучат победниците, кои ќе бидат објавени следната недела.