feature

Емполи приреди сензација и го исфрли Јуве од Копа Италија

Фудбалерите на Јувентус доживеа шокантна елиминација од Емполи во четвртфиналето во Купот на Италија, На домашен терен Јувентус во 90 минути одигра 1-1, а потоа ја загуби пенал серијата со 2-4.

Емполи дојде во Торино по поразот од Аталанта (5-0) во лигата и никој не очекуваше дека ќе му пружи сериозен отпор на фаворизираниот ривал.

Емполи поведе во 24. минута преку Малех, Тирам израмни во 66. минута.

Тиаго Мота ги фрли сите карти во нападот, Влаховиќ и Коло Муани играа заедно од стартот, а тука беа и Јилдиз, Консеисао, Мекени…но тоа не му го донесе посакуваниот резултат.

Трагичари во пенал серијата беа Влаховиќ, чии удар во првата серија завршши над голот и Јилдиз, неговиот удар го одбрани голманот Васкез. За Јувентус прецизни беа Коло Муани и Локатели.

За Емполи сите прогодија: Хендерсон, Куаме, Какаче и Маријанучи.

Емполи во полуфиналето ќе игра против Болоња, втората полуфинална двојка е Интер-Милан.


Марсин Лијевски не е повеќе селектор на Полска

Полската ракометна репрезентација ќе добие нов селектор откако раководството на федерацијата реши да му врачи отказ на досегашниот кормилар Марсин Лијевски.

Легендарниот ракометар не се снајде најдобро во селекторската функција, не само што не ги донесе посакуваните резултати, туку и влезе во конфликт со дел од клучните играчи во националниот тим.

Токму поради недоразабирањето со селекторот пивотот Сипжак ја напушти репрезентацијата за време на СП 2025, а дополнителната „истрага“ на федерацијата забележа и други недостатоци во работата на Лијевски.


Чави одбил да го наследи Тен Хаг

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, оваа сезона можеше да го преземе Манчестер јунајтед.

Според „Релево“, англискиот клуб го сметал шпанскиот стручњак како замена за Ерик тен Хаг, но тој решил да одмора до летото 2025 година, па одбил неколку понуди за работа.

Чави требаше да го преземе Манчестер јунајтед по крајот на сезоната, доколку Руд ван Нистелрој ја заврши својата работа како привремен менаџер по заминувањето на Тен Хаг.

Четириесет и петгодишниот Шпанец остана без тим по заминувањето од Барселона во јуни 2024 година. Тој беше тренер на Каталонците од 2021 година, а работеше во Ал Сад од 2019 до 2021 година.


Најтрофејната американска кошаркарка замина во пензија

Шесткратната олимписка шампионка и кошаркарка на американската репрезентација Дијана Таураси објави дека става крај на својата професионалната кариера.

Четириесет и двегодишната кошаркарка призна дека во јануари 2025 година почувствувала дека не и останала енергија да се подготви за новата сезона.

„Едноставно немав сила. Тогаш сфатив дека е време да заминам. Ментално и физички бев едноставно исполнета. Тоа се најдобрите зборови што можам да ги употребам за да го опишам чувството. Заситена сум и среќена“, изјави Таураси за американските медиуми.

Американката е единствена шесткратна олимписка шампионка во екипните спортови во историјата и најтрофејната спортистка во олимписката кошарка.


Вардар го исфрли Силекс, полуфинале на Купот и за Шкендија, Струга и Брера

Вардар обезбеди место во полуфиналето на Купот на Македонија откако попладнево на арената „Тодор Проески“ оствари победа од 1-0 против кратовски Силекс.

Голот за победа го постигна Донгмо во 68. минута.

Актуелниот шампион на Македонија, Струга, како и Шкендија и АП Брера исто така изборија пласман во полуфиналето во Купот.

Резултати од четвртфиналето на Купот на Македонија:

Брера Струмица – Арсими 4-3 (1-1)
Детонит Плачковица – Шкендија 0-1
Струга – Гостивар 1-0
Вардар – Силекс 1-0.


Германецот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.

Плајс потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.

Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.

Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.

Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.

Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.


РФМ ја исплати премијата за успешниот мундијалски настап

По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија (РФМ( ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.

Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на петнаесеттото место.

Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.


Ливерпул и Најк нема да го продолжат договорот

ливерпул по завршувањето на сезоната 2025/2026 ќе го смени спонзорот. Ливерпул нема да го продолжи договорот со компанијата за спортска опрема Најк..

Според актуелниот договор со Најк, Ливерпул добива фиксна сума од 30.000.000 фунти по сезона, плус 20% провизија од нето продажбата на клупската стока, со што вкупниот износ е над 60.000.000 фунти годишно.

Американската компанија ќе му исплати на клубот 2.500.000 фунти доколку ја освои титулата во Премиер лигата, односно 4.000.000 фунти доколку Ливерпул ја освои Лигата на шампиони. Само пласманот во финалето во Лигата на шампионите ќе слее во клупската каса 2.500.000 фунти.

Следен спонзор на Ливерпул ќе биде „Адидас“. Се шпекулира дека идниот договор со германската компанија ќе биде значително поголем, иако конечната сума ќе зависи од резултатите на теренот и глобалната продажба на дресови.

Ливерпул претходно беше под договор со „Адидас“ од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.


Меси стрелец, Интер Мајами со победа ја почна ЛШ на КОНКАКАФ

Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1-0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3-1.

Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси.

До крајот на полувремето Тадео Аљенде ја удвои предноста на својот тим, а во судиското надополнување Суарез го постигна третиот гол. Во второто полувреме, замениот Мемо Родригез го постигна единствениот гол за гостите.

Интер Мајами во четвртфиналето ќе се соочи со Кавалирс, шампионот на Јамајка.


Симеоне: Им се возхитувам на моите фудбалери и на нивниот карактер

Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали својот тим по ремито 4-4 против Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот. До ремито Атлетико Мадрид дојде со голови постигнати во финишот од натпреварот, откако беа во негатива од два гола разлика.

„Треба да работиме на тоа како да ги браниме корнерите бидејќи очигледно имавме проблеми денес. Играчите покажаа дух, на што се восхитувам. Тоа беше отворен натпревар против многу силен противник, но имаме се што ни е потребно за да продолжиме напред.

На 0-3 во наша корист си реков: „Не брзај да се радуваш, нема да биде така лесно. Причина за загриженост се двата примени гола од прекини. Беше многу тешко да се реагира по пресвртот во првото полувреме. Барса почна подобро по паузата, но постепено почнавме да создаваме шанси. Гризман имаше шанса да израмни. Тогаш резултатот стана 4-2 со голот на Левандовски.

„Замените ни помогнаа. Имавме свежина во последните минути, а покажавме храброст да нападнеме со играч повеќе. Секако дека сме задоволни од крајниот резултат. Има многу време и многу натпревари до 2 април. Сè уште е рано да се размислува за реваншот“, заврши Симеоне.