feature

Дешамп го пофали новиот капитен Мбапе

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп го оцени придонесот на напаѓачот и капитен на репрезентацијата Килијан Мбапе во победата над Хрватска во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА.

„Мбапе блеска. Цела недела беше голем лидер. Тој се покажа како одличен играч и одличен капитен на овој тренинг камп“, изјави Дешамп.

Да потсетиме, синоќа беше одигран реваншот од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа селекциите на Франција и Хрватска. Екипите играа на „Стад де Франс“ во Париз. Франција победи по подобро изведување на пенали (5:4) откако во рекуларниот дел и продолженијата беше 2:0 за Франција.


Нов Зеланд обезбеди пласман на Светското првенство во фудбал

Селекцијата на Нов Зеланд стана петтиот учесник на претстојното Светско првенство. Нов Зеланд во финалето од квалификацискиот циклус ја совлада Нова Каледонија (3-0) и добија билет за завршниот дел од турнирот.

Треба да се напомене дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Вообичаениот формат на турнирот ќе биде променет: репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи по четири селекции, каде секоја селекција ќе одигра по три натпревари во групната фаза.

Првопласираните две екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во плеј-оф фазата.

Најголемиот дел од натпреварите ќе се одиграат во САД, каде што ќе се одржат 60 од 80-те натпревари, вклучувајќи ги сите фази од четврт-финалето па до финалето. Канада и Мексико ќе бидат домаќини на по 10 натпревари.


Вардар ги одреди цените за хуманитарниот меч со Црвена Звезда

Фудбалскиот клуб Вардар објави информации за продажбата на билети за закажаниот меч против Црвена Звезда.

Македонскиот и српскиот гигант ќе одиграат пријателски натпревар на 16 април кој ќе биде од хуманитарен карактер, а сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Вардар на својот официјален веб-сајт објави информации за билетите. Ќе се продаваат два вида на влезници, односно на јужната и северната трибина билет ќе чини 200 денари, а за западната и источната по 100.

Од Вардар најавија бесплатен влез за децата од основните училишта од Кочани.


Познати двојките за првото коло од Купот на Македонија во ракомет

Денес, Ракометната федерација на Македонија ја одржа ждрепката за првото елиминациско коло од Купот на Македонија во машка конкуренција. Вкупно 29 екипи ќе се натпреваруваат во ова издание на најмасовното македонско натпреварување.

Првото коло ќе го скокнат ланскиот освојувач Алкалоид, шампионот Еурофарм Пелистер и вицешампионот Вардар 1961.

Парови за првото елиминациско коло во Купот:
Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Мулти Есенс – Преспа Вардар
Текстилец – Прилеп
Бутел Скопје – Металург РА
Радови – Скопје
Кичево – Пролет
Овче Поле – Фруитленд Борец
Охрид – Шампион
Тиквеш – Јехона
МРК Куманово – Астраион Хендбол
Младост – Струга
Вардар Неготино – Партизан 2016 Спорт
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево

Елиминациските натпревари на стартот на Купот на Македонија се на програмата следниот викенд (5 и 6 април).


Мексико првпат ја освои Лигата на нации на КОНКАКАФ

Фудбалерите на Мексико за првпат во историјата го освоија трофејот на КОНКАКАФ Лигата на нации. Мексиканците до победа во финалето стигнаа против Панама со 2-1 пред 70.000 гледачи во Калифорнија.

Уште во осмата минута од мечот Раул Хименез донесе предност со глава. Панамците успеаја да се вратат во игра со голот на Адалберто Караскиљо од белата точка, а на сличен начин и Мексико стигна до победата.

Сите чекаа крај и продолженија, а Кордоба играше со рака. Одговорноста ја презеде Хименез и реализира за 2-1 и прв трофеј на Мексиканците. Со ова беше запрена доминацијата на САД кои ги освоија сите три турнири во Лигата на нациите од нејзиното основање.

Инаку, САД загуби во „малото финале“ од Канада со 2-1.


Алкараз: Психички сум „скршен“ по поразите

Тој загуби од ветеранот Давид Гофен со 7-5, 4-6, 3-6, а по мечот призна дека ова му било еден од најслабите настапи во последно време.

-Тоа беше многу лоша изведба од моја страна, морам да признаам. Тој беше подобар од мене. По првиот сет тој почна да игра подобро, а моето ниво паѓаше. Не играв добро, а не се чувствував добро ниту физички. Во вакви натпревари, кога не се чувствувате сигурни во своите вештини или ментално, сè станува многу потешко. Мислам дека тоа беше видливо во вториот и третиот сет, кога не можев да играм подобар тенис, коментираше Алкараз по мечот.

Изјави дека во следните денови ќе има време да анализира што се случило.

„Добро го знам овој дел од сезоната. Играв одличен тенис на овие турнири, но по ова што се случи денеска, не знам што да кажам. Психички сум уништен, искрено! Ова беше турнир на кој сакав да се претставам добро и кога ќе загубиш во првото коло, боли многу“, додаде Шпанецот.


Велс доаѓа со 2.000 гледачи во Скопје

За мечот на Арената „Тодор Проески“, во Скопје најавено е дека ќе има околу 2.000 гостински навивачи кои ќе даваат поддршка за Велс.

За фановите од Велика Британија е стандардно да ги бодрат своите национални тимови без разлика каде играат.

Во квалификациски дуели во Скопје досега гостувале Велс, Шкотска, Република Ирска и секогаш имало гостински фанови, па така треба да биде и во вторник.


Злата за американските штафети за крај на Светското првенство во сала

Италијанската скијачка Федерика Брињоне математички го обезбеди Кристалниот глобус. На овој начин Италијанката по втор пат во кариерата победи во Светскиот куп.

Штафетите на Соединетите Американски Држави освоија златни медали на трките 4х400 метри со што го заврши 20. Светско првенство во атлетика во сала во Нанџинг, Кина.

Машката штафета на САД, составена од Елајџа Голдвин, Брајан Фауст, Џекори Патерсон и Кристофер Бејли, целта ја мина за 3:03.13 минути и зад себе ги остави главните конкуренти, атлетичарите на Јамајка. Јамајчаните до среброто дојдоа со време 3:05.05, а бронзата ја освои унгарската штафета (3:06.03).

Женската штафета на САД, составена од Кванера Хејс, Бејли Лир, Рози Ефионг и Алексис Холмс исто така освои злато, завршувајќи ја трката за 3:27.45 минути.

Сребрениот медал го освои Полска (3:32.05), додека бронзата и припадна на австралиската штафетна репрезентација (3:32.65).


Роналдо четврти пат влезе во Гинисовата книга на рекорди

Кристијано Роналдо пред реванш мечот меѓу Португалија и Данска во четвртфиналето во Лигата на Нации прими, и официјални влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако ја прими наградата за 132 победи во репрезентативната кариера, најмногу во историјата на фудбалот.

За Роналдо ова четврта награда за влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако претходно доби за најдобар стрелец, прв играч кој постигнал 100 гола во ЛШ и за најследен Инстаграм профил.


Ламин Јамал најмлад стрелец во историјата на ЛН

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа репрезентациите на Шпанија и Холандија, крилниот напаѓач на Шпанија, Ламин Јамал постигна гол и постави историски рекорд во ова натпреварување.

Ламин Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на турнирот. Во моментот на натпреварот Шпанецот имаше 17 години и 258 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на сонародникот на Јамал и соиграч во Барселона, Гави. Тој постигна гол на 17 години и 304 дена.

Да потсетиме, домашната екипа победи по пенал серијата (3-3, 5-4 пен.) и се пласираше во полуфиналето на турнирот. Репрезентацијата на Шпанија е актуелен победник на Лигата на нации на УЕФА.