feature

Њукасл притиска за Феран Торес

Њукасл е силно заинтересиран за напаѓачот на Барселона и шпаски репрезентативец Феран Торес.

Феран Торес пред една година пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа.

Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Њукасл внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе во јануари.

Премиерлигашот е спремен да поуди 50 милиони евра, сума која ќе ги задоволи финансиските апетити на Барселона.


Фелер донесе австриска радост во Светскиот Куп по 17 трки

Австрија ја прекина низата од 17 трки без победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање и тоа со тројно славје во домашниот ски-центар Гургл.

Мануел Фелер денеска беше најбрз и тоа со вкупно време по двете трки од 1 минута, 47 секунди и 23 стотинки. Зад него со 23 стотинки послабо време финишираше сонародникот Марко Шварц, а се-австрискиот подиум го комплетираше Михаел Мат.

Ова беше прва сезонска трка во машка конкуренција во Светскиот куп откако претходно беа откажани трките во Зелден и Цермат-Червинија поради лоши временски услови.


Ако Ретклиф го купи Јунајтед, Малдини ќе биде спортски директор

Доколку Сер Џим Ретклиф го убеди семејството Глејзер да му продаде 25% од акциите на Манчестер Јунајтед и води грижа за спортските прашања во клубот негов избор за позицијата спортски директор во клубот би бил Паоло Малдини, пренесуваат медиумите на Островот.

Легендарниот Малдини е слбооден во професионалната потрага по нов ангажман откако новите сопственици на Милан минатата година го отпуштија.

Мaнчестер Јунајтед од друга страна никако не успева по заминувањето на Фергусон во 2013 година да ги пронајде вистинските луѓе, а Ретклиф смета дека Малдини има капацитет да биде еден од најважните луѓе на Јунајтед во враќањето кон врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Maлдини по фантастичната кариера како играч сосема солидно работеше и во Милан кој токму благодарение на неговата добра работа стана шампион во Италија во 2022 година и тоа по 11-годишен пост.


Вернер се враќа во Премиер лигата, две понуди стигнаа за Германецот

Тимо Вернер не добива голема минутажа во Лајпциг, па се очекува во јануари да се врати во Премиер лигата, тврдат германските медиуми.

Германскиот репрезентативец не е задоволен со статусот во германскиот тим и сака трансфер по секоја цена.

Вернер помина две сезони во Челзи, каде пристигна за 55 милиони евра, но „сините“ не беа задоволни од неговиот придонес и го продадоа во неговиот поранешен клуб.

Сега интерес за Вернер покажуваат Кристал Палас и Фулам, а Германецот сака да се врати во Премиер лигата.


Премиер лигата драстично го казни Евертон за прекршување на финансискиот фер-плеј

Остра казна на Евертон му изрече денеска Премиер лигата, казнувајќи го прволигашот од Ливерпул со одземање десет бодови поради кршење на финансиските правила.

Премиер лигата во март го пријави Евертон поради наводно кршење на правилата на профитабилност и одржливост по што во меѓувреме беше спроведена независна истрага.

Евертон најави дека ќе ја обжали казната.

Пред изрекувањето на казната Евертон се наоѓаше на 14 место на табелата, а сега е претпоследен со само четири бодови.


Јуве во јануари ќе тргне по Де Пол од Атлетико

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Атлетико Мадрид и аргентински репрезентативец, Рдриго де Пол.

После суспензијата Погба и на Фаџоли, Алегри по секоја цена сака да донесе засилување за средниот ред, а прва желба е аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол.

Де Пол беше светски шампион со Аргентина, но не е среќен во Атлетико и е спремен да ја промени средината. Атлетико исто така е спремен да слушне понуди, а Јувентус веќе почнал преговори со неговиот агент.


Камавинга сериозно го повреди коленото

Фудбалерот за врска на мадридски Реал, Едуардо Камавинга, го повреди десното колено на тренинг на француската репрезентација, објави денеска шпанскиот прволигаш.

На Камавинга му е дијагностицирана руптура на надворешниот страничен лигамент во десното колено, а Реал не објави каков и да е потенцијален датум за враќање на францускиот репрезентативец на теренот.

Камавинга, кој настапи на сите прволигашки натпревари од почетокот на сезоната, им се приклучи на повредените соиграчи во Реал – Тибо Куртоа, Едер Милитао и Арда Гулер.

На почетокот на овој месец Камавинга го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште две години, до 2029 година.


Баерн се вклучи во трката за Мбапе

Иднината на Килијан Мбапе повторно е главна тема во медиумите бидејќи неговиоот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната.

Мбапе одбива да стави потпис на нов договор, па на лето најверојатно ќе го напушти клубот како слободен агент.

Реал Мадрид веќе подолго време фажи како фаворит за неговиот потпис, интерес покажува и Ливерпул, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.

Според „Sport1“, Баерн се сомнева во изводливоста на трансферот на 24-годишниот Французин поради неговата висока плата, но неговото име неколкупати се појавува во разговорите со раководството на Минхен. Од клубот не ја исклучуваат можноста да влезат во трката за да го доведат без обештетување. Мбапе не само што е еден од најдобрите фудбалер на светот, туку ќе придонесе многу комерцијални придобивки на германскиот гигант.


Бруно Гимараеш од Њукасл голема желба на Чави и Лапорта

Фудбалерот на Њукасл, Бруно Гимараеш, може да добие понуда да се пресели во Барселона, наведуваат дел од медиумите во Англија.

Каталонците процениле дека 24 годишниот играч може да биде наследник на ветеранот Серхио Бускетс. Бразилецот пристигна во Англија пред една година за 45 милиони евра и веднаш се наметна со неговите игри во Премиер лигата.

Барса е подготвена за потписот на Бруно да понуди пари и еден фудбалер.


Флоренци не се обложувал на фудбал и може да избегне голема казна

За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација и откри на обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.

„Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот“, изјави Алесандро Флоренци на сослушувањето кај јавната обвинителка Мануела Педрота.

Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.

Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега беа запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.

Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло.