После скоро три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.
Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата да се врати и веќе го избрал новиот клуб. Станува збор за Јувентус, клуб каде Зидан ја доживеа својата афирмација и играше од 1996 до 2001 година.
Зидан сака во Јувентус да го направи тоа што го направи со Реал и да успее да освојува трофеи и како тренер, откако своевремено тоа го правеше како играч.
Јувентус е спремен на лето да направи тренерска смена, а прв избор за „старата дама“ е токму Зидан.
Локатели добива нов договор во Јувентус
Juventus’ Italian midfielder Manuel Locatelli reacts during the Italian Serie A football match between Juventus and Fiorentina on February 12, 2023 at the Juventus stadium in Turin. (Photo by Marco BERTORELLO / AFP) (Photo by MARCO BERTORELLO/AFP via Getty Images)
Играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели е блиску до потпишување на нов договор со „бјанконерите“.
Откако Николо Фаџоли е суспендиран поради неговата вмешаност во скандалот со обложување, Јуве се чини дека сака да ги продолжи договорите и со уште неколку други фудбалери.
Новиот договор за Локатели ќе биде до летото 2028 година. „Бјанконерите“ сега се надеваат дека ќе го склучат договорот бидејќи на фудбалерот му е понудено и зголемување на платата.
Италијанецот, кој моментално има 25 години, оваа сезона забележа десет настапи во Серија А, притоа постигна еден гол и една асистенција.
Во Арсенал загрижени, Артета не знае кога ќе се врати повредениот Габриел Жесус
Габриел Жесус од доаѓањето во Арсенал, па се досега се здоби со неколку различни повреди. Последната го остава повторно надвор од терените, без временска рамка за негово враќање.
Сега Бразилецот има повреда на мускулот.
Менаџерот Микел Артета не може да каже кога се очекува тој да се врати во тимот.
„Искрено не можам да му поставам временска рамка за враќањето на Габриел Жесус. Мораме да бидеме внимателни бидејќи тој со повредата треба да се однесува на вистински начин. Тој веќе притиска и сака што побрзо да се врати, но мора да биде внимателен“, изјавил Артета.
ЕВРОТИП CASHBACK ДО 100 ПАТИ ОД ВАШАТА УПЛАТА НА ТИКЕТОТ!
Сочувајте го тикетот со еден промашен пар бидејќи и понатаму сте добитни со Cashback на Евротип.
Правила и услови за ЕВРОТИП CASHBACK
Во промоцијата
учествуваат сите тикети со една комбинација и најмалку 4 настани
Во промоцијата
не учествуваат системски тикети
Организаторот
го задржува правото за промена на условите и времетраењето на промоцијата, со најмалку
3 дена однапред најавено соопштение.
Касемиро се повреди во Карабао Купот, нема да игра викендов против Фулам
Манчестер Јунајтед објави зошто бразилскиот дефанзивен играч за врска Касемиро беше заменет на полувремето во натпреварот од Лига купот со Њукасл. Главниот тренер на тимот, Ерик тен Хаг, потврди дека станува збор за повреда.
„Непосредно пред паузата се повреди, па го заменивме. Мора да почекаме еден ден за да донесеме конечен заклучок за неговата состојба, но мислам дека нема да го видиме на саботниот меч со Фулам“, изјави холандскиот стретег.
Барса се вклучи во трката по Сантијаго Хименез
Шпанска Барселона го следи мексиканскиот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, објави „ЕСПН“. Во исто време, Барселона знае дека конкуренцијата за потпис на играчот ќе биде голема, а холандскиот клуб ќе бара голема отштета.
Оваа сезона 22-годишниот Хименез на 10 натпревари од првенството на Холандија постигна 13 гола и имаше три асистенции. Напаѓачот постигна два гола и во неговиот единствен натпревар во Лигата на шампионите против Лацио (3-1).
Според изворот, претставниците на каталонскиот тим биле импресионирани од тоа колку брзо Мексиканецот се прилагодил на европската игра. Барселона ќе продолжи внимателно да го следи Хименез во наредните месеци, но има бројни пречки кои го спречуваат трансферот да се случи зимава.
Поточно, клубот веќе го договорил трансферот на напаѓачот на Атлетико Паранаенсе, Витор Роке, што ја намалува потребата од дополнителни напаѓачи. Тој ќе им се приклучи во јануари или на лето.
Нејмар заминува на операција, го чека пауза од десет месеци
Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе оди на операција во текот на утрешниот ден. Да се потсетиме дека Бразилскиот напаѓач претрпе повреда на левото колено во квалификациите за СП 2026 на натпреварот со Уругвај (0:2).
Веднаш му беше дијагностицирано со оштетување на предниот вкрстен лигамент, како и раскинат менискус. Неговиот клуб Ал-Хилал објави дека на фудбалерот му предложиле да оди на операција во Париз, но Нејмар самиот сака да биде опериран од страна на лекарот на Бразилскиот национален тим Родриго Ласмар. Оваа операција се очекува да биде реализирана во Бело Хоризонте во текот на денешниот ден.
Се проценува дека играчот за санирањето на повредата ќе треба да паузира околу десет месеци.
Шефилд Вендсдеј ризиква да згасне заради финансиски проблеми
Националната даночна управа на Англија му даде рок на второлигашот Шефилд Венсдеј две недели да плати долг од два милиони фунти. Доколку не ја исполни оваа обврска, на клубот му се закануваат санкции и како резултат на тоа затворање. Нејзиниот сопственик, тајландскиот бизнисмен Дејфон Чансири, тврди дека во касата нема доволно средства за покривање на толкава сума.
Тој реши јавно да ги повика навивачите да ја обезбедат таа сума:
“Ако 20 илјади луѓе соберат по 10 фунти – ќе ја достигнеме потребната сума и мислам дека можеме да го решиме проблемот со тоа.
Тие пари би ги покривале и даноците и платите и ако ќе го направиме тоа до 10 ноември, би можеле да избегнеме забрана за трансфери во следните три преодни рока. Ако навивачите не разберат, не можам да помогнам. Тука сум девет години, клубот е дел од мојот живот и треба да разберете колку ми е важен“.
Чансири потекнува од семејство кое е едно од најбогатите во Тајланд и чие богатство се проценува на 575 милиони долари.
Шефилд Венсдеј минатата сезона го освои третото место во Лига 1 и преку плеј-офот избори промоција во Чемпионшип, вториот степен на англискиот фудбал.
Моментално е на последното место на табелата со шест освоени бода по 14 одиграни кола. Пред околу сто години, Шефилд Венсдеј четири пати стана англиски шампион (1903, 1904, 1929, 1930 година).
Повреди го нападнаа Милан, Пиоли бара дефанзивец во зимскиот преоден рок
Милан се соочува со голем број на повреди од почетокот на сезоната, а најсериозна е ситуацијата во одбраната.
На последниот натпревар против Наполи се повреди Калулу и мораше да дебитира младиот Пелегрино, кој исто така не го заврши мечот поради повреда. Бидејќи повредата на Калулу е сериозна и ќе отсуствува подолго време, на Милан му е прекупотребен стопер во зимскиот преоден рок.
Клубот веќе почна да разгледува неколку имиња, а најголема желба е дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе
Азар: Фудбалот не ми недостастува, ќе видам како ќе се чувствувам за неколку месеци
Еден Азар за прв пат проговори откако одлучи да стави крај на професионалната фудбалска кариера.
Откако му заврши договорот со Реал Мадрид, 32-годишниот Белгиец одлучи да стави крај на кариерата, иако за многумина тоа беше изненадувачка одлука. Азар во последните години имаше големи проблеми со повреди и пропушташе поголем дел од сезоната.
„Имам само 32 години, но рано почнав да играм фудбал. Го напуштив домот на 14-годишна возраст и постигнав се што сакам. Моето тело повеќе не можеше да го издржи тој ритам. Имав некои повреди на крајот, па затоа ја донесов таа одлука. И среќен сум што донесов таква одлука“, изјави Азар.
Во текот на својата професионална кариера одигра 622 натпревари и постигна 167 голови. Најдобрите сезони ги одигра во Челзи од каде направи трансфер во Реал Мадрид за 100 милиони евра.