feature

Билиќ се враќа на клупата на Вест Хем

Иднината на Нуно Еспирито Санто во Вест Хем е во прашање по поразот од 3-0 од Вулверхемптон во 20-то коло од Премиер лигата. Раководството на клубот размислува за промена на менаџерската позиција. Според „Ток Спорт“, Славен Билиќ, кој претходно ги водеше „чеканите“, е подготвен да се врати во клубот доколку раководството одлучи да го замени Португалецот.

Сопственикот на клубот, Дејвид Саливан, веќе изрази сомнежи во врска со назначувањето на Нуно Еспирито Санто, кој го замени Греам Потер. И покрај првичните намери да го вратат Билиќ, одборот на директори го убеди Саливан да му даде предност на португалскиот тренер. Мајкл Карик, кој претходно беше на потесниот список на клубот, е исто така меѓу потенцијалните кандидати за позицијата главен тренер.


Фонсека: Ендрик не е подготвен за деведесет минути

Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, зборуваше за адаптацијата на напаѓачот Ендрик, кој е позајмен од Реал Мадрид.

Бразилецот не е вклучен во составот за денешниот натпреварот со Монако на гостински терен.

„Ендрик е во добра физичка состојба, но не е подготвен да ги одигра сите 90 минути. Тој почна да тренира оваа недела и неговата адаптација оди многу добро. Тој е многу мотивиран. Беше добро примен од тимот, но Ендрик нема да игра против Монако“, го цитира „Л’Екип“ Фонсека.

Се очекува новиот фудбалер на Лион да дебитира на 11 јануари против Лил во 1/16 финалето од Купот на Франција.


Фрејзер Фостер потпиша за Борнмут

Борнмут го објави потпишувањето на голманот Фрејзер Фостер. Неговиот договор важи до крајот на сезоната. Тој ќе го носи бројот 17 за својот нов тим.

Триесет и седумгодишниот Англичанец беше без клуб откако го напушти Тотенхем во јануари 2025 година.

Фостер има одиграно 155 натпревари во Премиер лигата и прими 204 гола во својата кариера.

Голманот во кариерата има брането и за Саутемптон, Њукасл и Норич.


Отворен мини-преоден рок во мак-одбојката

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството ќе биде активен од 3 до 17.јануари 2026 година.

Во овој период домашните играчи ќе можат да ја менуваат клупската средина во пресрет на продолжението од сезоната.

Овој трансфер период е наменет и за пријавување на странски играчи со меѓународен ФИВБ сертификат, како и за домашни играчи кои играле во странство во првиот дел од сезоната.

Вториот дел од сезоната во Првата лига мажи и Првата и Втората лига жени стартува на 24 јануари.


Адејеми парично казнет за прекршокот и недисциплината

Нико Ковач нема немара да толерира недисциплина во својот тим. Па така Борусија Дортмунд на препорака на својот тренер го казни Карим Адејемми.

Офанзивецот ќе плати висока казна за неговиот прекршок на натпреварот против Борусија Менхенгладбах.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд беше казнета со голема сума по кризниот состанок што се одржа веднаш штом тимот пристигна во нивниот зимски тренинг камп во Марбеља.

Одлуката беше донесена во луксузниот одморалиште Кимптон Лос Монтерос, а Адејеми ќе мора да плати казна од дури 90.000 евра, пишува германскиот Спорт Билд.

Според информациите од германските медиуми, износот од 90.000 евра ќе биде одбиен директно од месечната плата на Адејеми, што е дел од неговиот годишен договор вреден околу шест милиони евра.


Се повреди Валанчиунас, Далас во нови проблеми

Литванецот Јонас Валанчиунас требеше да биде соодветната замена за повредениот Никола Јокиќ во редовите на Денвер Нагетс , но 33-годишникот, исто така се повреди.

Станува збор за истегнување на листот од десната нога, повреда со која се здоби на натпреварот во Торонто. Како да не е доволно што Џамал Мареј е единствениот здрав член на почетниот состав на Денвер, сигурниот „инсајдер“ Шамс Чаранија известува дека Валанчиунас ќе биде надвор од терените четири недели.


Гуању Жоу се раздели со Ферари

Вестите од светот на Формула 1 овој петок започнуваат со официјална потврда за разделба. Скудерија Ферари и кинескиот возач Гуању Жоу повеќе нема да соработуваат, откако италијанскиот тим објави дека тој ја напушта улогата на резервен возач.

По само една сезона помината како резервен и развоен возач на тимот од Маранело, Гуању Жоу ги пакува куферите и го напушта славниот италијански бренд.


Аке потврди заминување од Сити овој јануари

Нејтан Аке си оди од Манчестер Сити и тоа уште во текот на овој зимски преоден рок.И, за да ја претставува Холандија, мора да игра во клуб, а тоа не е случај. И тоа е она што му го истакнува Роналд Куман.

„Всушност, неколку пати ми кажа дека сака да играм повеќе и понекогаш е тешко да ме повика ако не играм многу“, рече Нејтан Аке, додавајќи:

„Ќе се борам, сакам да играм на секој натпревар. Но, нема да кажам дека требаше да играм на секој натпревар, бидејќи Рубен Дијас, Јошко Гвардиол и Нико О’Рајли играат фантастично, како и целата одбрана, сепак, секој играч би сакал да има минути. Ќе видиме што ќе се случи во иднина.“

Нејтан Аке има поскромна улога во тековната сезона отколку во претходните сезони. Тој настапи само на 13 натпревари и собра 596 минути. Не е ни чудо што е вознемирен.


Милутинов е најкорисен кошаркар на полусезоната во Евролигата

Српскиот кошаркар Никола Милутинов во Евролигата ја освои титулата најкорисен играч (МВП) според просечниот индекс на корисност.

Центарот на Олимпијакос доминираше на паркетот со одлични бројки, просечно остварувајќи двоцифрен број поени (11), на кои придодава 7,7 скока по натпревар.

Покрај Милутинов, неговиот соиграч во Олимпијакос, Саша Везенков, исто така се најде веднаш зад него во рангирањето, што покажува колку добро функционира тандемот во редовите на грчкиот тим.

Бугаринот има поголем просек во ефикасноста (18,1 поени), но Милутинов е покорисен во однос на индексните поени.


Два премиерлигаши го сакаат Родриго во зимскиот преоден рок

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од својот статус во тимот, долго се шпекулира дека би можел да замине од Мадрид, а каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека до крајот на преодниот рок тој би можел да гзамине од „Сантојаго Бернабеу“.

Според овој извор, доколку Бразилецот го напушти Мадрид, најреални следни дестинации се Арсенал и Манчестер Сити.

Родриго и неговиот татко, кој е и негов менаџер, не сакаат да им се повтори минатото лето, кога Бразилецот не успеа да го напушти клубот и покрај интересот од неколку врвни европски тимови.

Сепак, трансферот би можел да се одложи поради повредата на коленото на ѕвездата на Реал, Килијан Мбапе, поради што тој ќе пропушти неколку натпревари.

Доколку продажбата се реализира, Реал Мадрид ќе бара отштета од околу 100 милиони евра (87 милиони фунти), со оглед на тоа што договорот на Родриго е до 2028 година.

Покрај англиските клубови, интерес покажува и ПСЖ, кој, доколку сака, би можел да ги надмине понудите од Премиер лигата.