feature

Хумелс им се извини на фановите на Рома за црвениот картон во Билбао

Рома вчера загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3-1 и беше елиминирана од Лига Европа, трагичарот е Матс Хумелс кој заработи црвен картон уште во 11. минута.

Волчицата повеќе од 80 минути играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на германскиот дефанзивец.

„Жал ми е. Сакам да се извинам на сите наши фанови и на моите соиграчи. Ве разочарав сите со грешката која едноставно беше глупава и ужасна. Овие натпревари треба да бидат натпревари во која мојот тим ќе се потпира на мене, сега заебав и тоа го чини целиот клуб рушење на сонот за освојување на Лига Европа. Не знам што уште да кажам, разочаран сум како и сите вие“, напиша Хумелс.


Емери: Сакам секогаш да играме како во вториот дел со Бриж

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери ги искажа впечатоците по победата над Бриж (3-0) синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Првото полувреме беше малку напнато, не е изненадувачки, бидејќи секој тим во Лигата на шампионите игра така. Не можевме да ги запреме, не можевме да доминираме со топката. Во вториот дел целосно ја променивме играта. Нашиот план успеа. Благодарение на нашата доминација на теренот постигнавме три гола. Мојата цел, им кажав на играчите, е да играм исто како што тоа го направивме во второто полувреме против Бриж“, изјави Емери.

Астон Вила се пласираше во четвртфиналето каде ќе се соочи со ПСЖ. Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 9 април, а реваншот во Англија на 15


Џовани Куенда договори трансфер во Челзи

Челзи „преку ноќ“ го договори првото засилување за претстојниот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо. Џовани Куенда, 17-годишниот португалски талент кој игра за Спортинг, се согласи да премине во лондонскиот клуб.

За неговите услуги наводно биле заинтересирани Манчестер јунајтед и други англиски клубови, за сума од околу 50 милиони евра.

Куенда ќе игра уште една сезона во Спортинг, а потоа ќе му се приклучи на Челси. Не е познато колку Челзи ќе плати за младиот Португалец.

Според „Трансфермаркт“, Куенда вреди 30 милиони евра. Тој веќе некое време е стандарден во првиот тим на Спортинг, а со само 17 години веќе забележа 43 настапи за постигна два гола и седум асистенции.


Хорхе Мартин ќе ја скокне ГН на САД

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој веќе се повлече од првите две трки сезонава поради повреда, потврди дека ќе ја пропушти и Големата награда на САД.

„Имам проблеми, рехабилитацијата не оди толку брзо колку што би сакал. Би сакал да бидам во Остин, но нема да можам да се тркам. Не знам дали ќе бидам и во Катар (13 април). Се уште е рано”, изјави тој на прес-конференција во Мадрид.

Мартин се повреди за време на претсезонското тестирање во Малезија во февруари и мораше да оди на операција на раката, а потоа доживеа уште една несреќа за која беше потребна дополнителна операција.

Тој ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд, а ќе ја пропушти втората во Аргентина овој викенд.


Иниго Мартинез потпиша договор до 2026 година

Барселона го обнови договорот со дефанзивецот Иниго Мартинез на уште една сезона. Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер требаше да истече на крајот на сезоната, но Каталонците ја искористија опцијата да го обноват на уште 12 месеци.

Иниго Мартинез се наметна како еден од најстабилните дефанзивци во тимот на Ханси Флик. Двете страни постигнаа договор пред неколку месеци, но дури сега Каталонците добија зелено светло од Ла Лига.

Дефанзивецот се приклучи на Барселона во летото 2023 година со слободен трансфер од Атлетик Билбао.

Оваа сезона баскискиот дефанзивец забележа 33 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола.


Милан нема да го откупи Жоао Феликс

Иднината на Жоао Феликс во Милан е доведена под знак прашалник. Милан одлучил да не преговара за постојан трансфер на Феликс ова лето, оставајќи го напаѓачот на Челзи во неизвесност околу неговата иднина за следната сезона.

„Калчомеркато“ пишува дека 25-годишниот фудбалер допрва треба да покаже дека заслужува место во тимот на Милан за следната сезона, затоа што „росонерите“ не се задоволни од неговите игри, особено што досега тој не успева да постигне гол во Серија А откако во јануари му се приклучи на Милан на позајмица. Италијанскиот клуб има опција да го ангажира Феликс за околу 41 милион евра ова лето, но таа сума е преголема за она што Феликс го покажува на теренот.


УЕФА му даде за право на судиите и ВАР-собата за „случајот Алварез“

Поништениот гол од пенал на Хулијан Алварез во дербито на Атлетико и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите крена огромна прашина.

Одлуката на судијата Шимон Марчињак беше непопуларна, ама правилна и тоа го потврди сега УЕФА. Европската фудбалска куќа образложи дека Полјакот ги следел фудбалските правила.

„Атлетико ѝ се обрати на УЕФА за инцидентот кој доведе до поништување на голот по пеналот на Хулијан Алварез. Иако контактот беше минимален, топката ја удри и со стојната нога пред да шутне, а тоа се гледа и во видеото. Според сегашното правило, ВАР мораше да му сигнализира на судијата да го поништи голот.

УЕФА ќе влезе во дискусии со ФИФА и ИФАБ за да одлучи дали правилото треба да биде сменето ако допирот е видно ненамерен“, соопшти УЕФА.

Сепак, исто така од УЕФА најавија дека можеби тоа правило ќе се менува во иднина.


Донарума е играч на неделата воо Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација – УЕФА го одреди идеалниот тим за реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Меѓу стативите се најде Џанлуиџи Донарума кој всушност е избран и за играч на неделата во елитното натпреварување. Италијанскиот голман одбрани два пенали и го одведе ПСЖ до победа на „Енфилд“ против Ливерпул.

Во дефанзивната линија се Нуно Мендеш, Асенцио, Емре Џан и Дензел Дамфрис. Средниот ред го сочинуваат Родриго Де Пол, Педри и Марко Асенсио.

Во офанзивната тројка се најдоа Максимилијан Бејер, Хари Кејн и Рахим Стерлинг.


Чурлинов и Јагиелонија изборија историско четвртфинале на КЛ

2024.11.22 Bialystok Pilka nozna PKO Ekstraklasa sezon 2024/2025 16. kolejka rozgrywek Jagiellonia Bialystok (zolto-czerwone) – Slask Wroclaw N/z Darko Churlinov Foto Michal Kosc / PressFocus 2024.11.22 Bialystok Football Polish PKO Ekstraklasa season 2024/2025 Jagiellonia Bialystok – Slask Wroclaw Credit Michal Kosc / PressFocus

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.

Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3-0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2-0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58. минута.

Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1-0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96. минута.

Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74. минута.


Бруно го одведе Јунајтед во четвртфиналето на Лига Европа

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.

Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4-1 и со вкупни 5-2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.

Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.

Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.

По победата од 3-1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4-0.

Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.

И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.

Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3-1.

Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.

Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.