feature

Ѓоковиќ откри скандал: Ме отруја во хотел во Мелбурн

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ даде интервју за магазинот GQ каде е на насловната страница на февруарското издание.

Во големото интервју, Ѓоковиќ изјави шокантно тврдење, објави Телеграф.

Имено, кога пред две години беше задржан во хотел за имигранти, а подоцна и депортиран,

„Ѓоковиќ имал здравствени проблеми, а сега изјави и дека се отрул од храна во тој хотел.Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел во Мелбурн! Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија, открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав високо ниво на олово и жива во себе“, изјави Ѓоковиќ за GQ.

За потсетување, австралиските власти не му дозволија на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата, иако имаше соодветна документација и сѐ што е потребно. Причината беше тоа што тој не ја примил вакцината против коронавирус, а всушност беше вклучен во политичките игри на локалните лидери, кои одлучија да го направат Новак свое „жртвено јагне“.

Тој беше третиран скандалозно, помина неколку дена во притвор, имаше две судења и цело време престојуваше во озлогласениот хотел за имигранти, каде што не можеа ниту да се отворат прозорците, а имигрантите таму се жалеа дека храната е полна со црви. .

Новак на крајот и дефинитивно беше депортиран од Австралија по второто судење, откако локалниот министер за имиграција одлучи да ја поништи одлуката на судот што докажа дека Ѓоковиќ бил во право и дека има право да се натпреварува на Австралија Опен.


Нов отказ во Премиер лигата: Се разделија Евертон и Шон Дајч

Англискиот стратег Шон Дајч повеќе не е менаџер на Евертон, официјално потврдија од клубот.

Евертон е на 16. место на табелата во Премиерлигата со 17 бодови, само еден бод го дели од опасната зона.

Дајч го презеде тимот на Ливерпул на почетокот на 2023 година. Тој го водеше тимот на 83 натпревари, со биланс од 26 победи, 24 нерешени и 33 порази.

„Карамелите“ забележаа само еден триумф во претходните 11 натпревари, но успеаја да останат непоразени во три кола, во дуелите со фаворизираните Арсенал, Челзи и Манчестер сити во текот на декември.

Според англиските медиуми, по десет години на клупата на Евертон ќе се врати Дејвид Мојес.


Диало доби нов и многу побогат договор со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Амад Диало го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“. Новиот договор што го склучија двете страни ќе биде со важност до летото 2030 година.

Претходниот договор за соработка истекуваше на крајот од сезоната, но Диало претходно јасно посочи дека приоритет му е да остане во клубот.

Диало сезонава е еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“, има учинок од шест гола и седум асистенции.

Диало пристигна во Манчестер јунајтед од Аталанта во 2021 година. Во меѓувреме, тој беше позајмен на Ренџерс и Сандерленд, пред да се наметне во првиот тим на ѓаволите.

Со новиот договор, фудбалерто доби значително покачување на платата, наместо досегашните 30.000 ќе заработува 120.000 фунти неделно.


Реал пресилен за Мајорка, ќе се игра „Ел Класико“ за Суперкуп титулата

Реал и Барселона трет пат во последните три години ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Шпанија. Вечерва, во Џеда, во второто полуфинале, Реал ја победи Мајорка со 3-0.

Конечниот резултат покажува дека Реал убедливо победи, но се до судиското надополнување на времето резултатот беше 1-0.

Реал навистина доминираше, но Мајорка со одличното издание на голманот Доминик Гриф брилијантно се бранеше. И покрај 15 шута, пет во во рмките на голот, Реал го скрши отпорто на Мајорка во 63. минута.

Тогаш се појави веројатно најдобриот играч на Реал Џуд Белингем успеа да ја смести топката во голот. Ова е негов седми на последните девет натпревари.

Тој резултат беше активен се до судиското надополнување на времето, Ваљент си постигна авто гол во 92., а Родриго го постави конечниот резултат во 95. минута.

Финалето меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за в недела.


Баерн се вклучи во трката по Ѓокереш

Луѓето од Баерн Минхен планираат да го анагажираат 26-годишниот центарфор на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш.

Клубот од Минхен испратил скаути да ја гледаат играта на шведскиот фудбалер кој им оставил одличен впечаток. Тој во сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите конкуренции со ефект од 31 гол и шест асистенции.

Напаѓачот има договор со португалскиот тим до летото во 2028 година.


Лазаров: Посакувам вака борбени да бидеме и на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација одигра добар натпревар против Хрватска, синоќа во Вараждин. Нашите момци во овој тест меч беа совладани со два гола разлика, но до пред самиот финиш беа рамноправен противник.

„За мене најважно е дека се изборивме против една силна репрезентација, која има силни индивидуалци и е домаќин на Светското првенство“, вели селекторот Кире Лазаров.

„Им честитав на момците, не се предадовме, се боревме до самиот крај, игравме пред 5.000 Хрвати кои добро го познаваат ракометот. Оваа борбеност треба да ја задржиме, ова го трениравме. Мора да бидеме борбени до самиот крај бидејќи во Вараждин ќе дојдат голем број на навивачи, не смееме да ги предадеме нив. Можеме да загубиме од подобар противник, но не смееме да ги предадеме нив, тие ќе дојдат и ќе одвојат средства“, изјави Лазаров по мечот.


Потер претставен за нов предводник на Вест Хем

Вест Хем Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на англискиот стручњак Греам Потер на местото главен тренер на клубот.

Вест Хем Јунајтед со задоволство го пречекува Греам Потер како нов тренер на клубот.

49-годишниот фудбалски стрчњак потпиша две и пол годишен договор со „чеканите“ и ќе го предводи својот нов тим за прв пат кога „Чеканите“ ќе играат во третото коло од ФА Купот со Астон Вила во петок навечер.

„Високо почитуван и баран менаџер, Потер ја чекаше вистинската можност откако ја напушти својата последна функција во Челзи во април 2023 година. Тој беше едногласно избран од бордот на директори да го води клубот во согласност со неговите цели и амбиции“, се вели во соопштението на клубот.

Вест Хем Јунајтед се наоѓа на 14. место на табелата во англискиот шампионат. Тимот на 20 натпревари успеа да освои 23 поени.


Хрватот Гвардиол е најскап светски дефанзивец

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол се најде на врвот на уште една листа на дефанзивци од светска класа, пренесува официјалниот сајт на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Гвардиола, кој брзо стана еден од клучните играчи на хрватската репрезентација и англискиот шампион Манчестер сити, го зазеде првото место на рангирањето на најскапите дефанзивци во светот според Меѓународната фудбалска опсерваторија (CIES).

Проценетата вредност на трансферот е 115,7 милиони евра. Зад него се Вилијам Салиба од Арсенал (101,8), Пјер Инкапие од Баер Леверкузен (90,3) и клупскиот соиграч на Гвардиол, Рик Луис (87,5).

Вкупно, Гвардиол се наоѓа на 16-тото место на листата на најскапи играчи во светот. Листата ја предводат Џуд Белингем (251,4), Ерлинг Халанд (221,5) и Винисиус Жуниор (205,7).

Гвардиол оваа сезона постигна четири гола за Манчестер сити.


Сити нуди 40 милиони евра за Витор Реис

Манчестер сити ќе потпише договор со 18-годишниот бразилски централен бек Витор Реис од Палмеирас. Младиот фудбалер го прифатил договорот со англискиот шампион, а Палмеирас би требало да заработи околу 40 милиони евра.

Витор Реис во кариерата одигра 22 професионални натпревари и постигна два гола. Тој претходно одигра 16 натпревари за младинскиот тим на Палмеирас. Младиот дефанзивец, според „Трансфермаркт“ вреди 14 милиони евра. Важи за еден од најталентираните бразилски фудбалери и иден сениорски репрезентативец.

Може да игра и како десен бек, а неговиот талент за прв пат беше препознаен пред осум години од фудбалската школа на Робињо (Р10 академија) во Параиба.


Агбаду го напушти Ремс и потпиша за Вулверхемптон

Поранешниот играч на Ремс и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Емануел Агбаду, потпиша договор со Вулверхемптон, потврдија од премиерлигашот.

Од клубот изјавија дека Агбаду потпишал договор со Вулверхемптон до јуни 2029 година со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Агбаду играше за ремас од 2022 година, а претходно играше за Еупен и Монастир. Тој одигра 76 натпревари за францускиот тим сите натпреварувања.

Вулверхемптон моментално е на 17. место со 16 бодови по 20 одиграни кола.