feature

Реал го договори најдобриот кошаркар на Тенерифе

Реал Мадрид во Тенерифе го пронајде првото засилување за следната сезона. Станува збор за Дејвид Крамер, 28-годишен германски бек шутерски.

Момчето родено во Словачка оваа сезона игра брилијантно на Канарските острови, па тимот од шпанската престолнина го гледа како идеален наследник на легендарниот Американец Џејси Керол.

Феноменалниот шутер од Вајоминг играше за Реал од 2011 до 2021 година, со исклучителни 42% успешност во шутот за три поени. Тој заработи репутација на еден од најдобрите шутери на Стариот континент, а оваа сезона во АЦБ лигата, Крамер има подобри бројки од оние што го прославија Керол.

Иако минатата сезона во дресот на Сарагоса упати само 31% од своите удари надвор од линијата 6,75, поранешниот кошаркар на Улм и Брауншвајг сега експлодира.

Тој во моментов има просек од 12 поени и два скока во АЦБ лигата, со исклучителни 44 отсто шут за три поени. Сепак, во тековната кампања во Лигата на шампионите, со слична статистика (12,6 поени, 2,1 скока), тој погодува неверјатни 55 отсто од обидите за три поени.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, објави дека веќе е постигнат договор меѓу 28-годишниот кошаркар и клубот предводен од Чус Матео и дека тој сигурно на лето ќе стане член на Реал.

Крамер сезонава беше во центарот на вниманието кога постигна 43 поени во поразот на Германија од Шведска (72:73) во квалификациите за Евробаскетот


Антони нема намера да се врати во Манчестер, Бетис преговара да го откупи

Антони, според многумина најлошото засилување во историјата на Манчестер јунајтед, одлично ја започна кариерата во Бетис.

Бразилецот на крајот од зимскиот преоден рок ја прифати понудата на Бетис до крајот на сезоната да игра на позајмица на „Бенито Виљамарин“ и тоа дефинитивно беше добра одлука.

На седум натпревари, Антони постигна три гола и забележа две асистенции, со што ја врати самодовербата и формата.

Како што стојат работите, Бразилецот сака да го продолжи престојот во Бетис за најмалку уште една година, односно да ја продолжи позајмицата до летото 2026 година, за да се наметне во репрезентацијата за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Оваа вест ја навести и извршниот директор на Бетис, Рамон Аларкон.

„Ми беше кажано дека Антони сака да остане уште една година во Бетис. Играчот се чувствува многу удобно, и на теренот и надвор од него, бидејќи направивме се за да му олесниме да се прилагоди на животот во нашиот град од првиот ден кога пристигна”, изјави Аларкон.

Како што сега стојат работите, Бетис нема да има пари да го откупи Антони, бидејќи Јунајтед го преплати, кога плати за него речиси 100 милиони евра и сака да врати барем половина од инвестицијата.

Шпанците сигурно не се во можност да платат 50 милиони за ниту еден играч, но би ја искористиле волјата и желбата на фудбалерот да остане на позајмица до летото 2026 година.

Бразилецот изјави дека не сака да се врати во Јунајтед, каде што не е среќен и не може да ја најде вистинската форма.


Лидерот срушен во Струга, скопското дерби за Вардар

Вардар во градското дерби го победи Работнички, Струга убедливо славеше над лидерот Шкендија, а Силекс ја декласира Беса. По 22. коло во домашниот шампионат, Шкендија сега има два бода повеќе од Силекс и три од Гостивар, Работнички по поразот од Вардар падна на четвртото место.

Во тренинг центарот на ФФМ, Работнички го пречека Вардар. Дуелот им припадна на „гостите“. Откако Омерагиќ не реализира пенал, Вардар вво водство дојде со голот на Спахиу во 36.минута. Победата на црвено-црните ја потврди Мато во 91.минута.

Струга во интервал од 17.минута ја реши Шкендија. Радиќ го постигна првиот гол во 51.минута, на 2:0 зголеми Радески во 68., а пет минути подоцна Радиќ со својот втор гол стави точка на натпреварот.

Силекс со пет гола ја торпедираше Беса. Пет различни играчи ги постигнаа головите за Силекс: Алиќ, Ѓорѓиевски, Хрвановски во првото и Усман и Донов во второто полувреме.

Драматични победи забележаа Тиквеш и Гостивар.

Тиквеш со голот на Садик во 89.минута го победи Шкупи. Гостите од Скопје од 26.минута играа со фудбалер помалку, кога Кадриу го доби вториот жолт картон.

Пелистер со голот на Бопковски во 65.минута ја победи Воска спорт


Турам и Лаутаро ја потпишаа победата на Интер во Ротердам

Фудбалерите на Интер зачекорија во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион, го доби првиот осминафинален меч против Феенорд, во Ротердам со 0-2.

Интер ја оправда улогата на фаворит против тимот кој има сериозни проблеми со повредени играчи. Поради повреди новиот тренер на Феенорд, Робин Ван Перси, не можеше да сметна на 14 фудбалери.

Интер не блескаше, но одигра доволно добро за да победи. Победата ја најави Маркус Тирам во 38, а ја потврди Лаутаро Мартинез во 50.минута.

Можеше да слави Интер и со три гола разлика, меѓутоа веднаш по голот на Лаутаро, Веленројтер му одбрани пенал на Зјелински.

Реваншот ќе се одигра за шест дена во Милано.


Дибиров го одигра последниот натпревар во ЛШ

Еден од најомилените играчи во историјата на ракометниот клуб Вардар, Тимур Дибиров, вечерва во дресот на Загреб го одигра последниот меч во Лигата на шампионите. Поранешниот руски репрезентативец на крајот од сезоната ќе замине во пензија.

Загреб со минимален пораз од Кјелце (26:27) го заврши учеството во Лигата на шампионите. Дибиров постигна два гола, негови последни во елитното натпреварување кои два пати го освои во кариерата, како играч на Вардар, во сезоните 2016/17 и 2018/19.

Во кариерата настапуваше за Чеховски медведи (2004-2013), Вардар (2013-2022) и Загреб во последните три сезони.

За репрезентацијата на Русија, во периодот 2006-2020, одигра 215 постигна 747 голови.


ФИФА објави луди премии за првиот Мундијал за клубови

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд за Светското клупско првенство што летово ќе се одржи во САД ќе изнесува дури една милијарда долари.

„Светското клупско првенство на ФИФА не само што ќе биде врв на клупскиот фудбал, туку и енергична демонстрација на солидарност што ќе им користи на клубовите во размери што ниту едно друго натпреварување не го направило“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Светското клупско првенство, прво во нов формат, со 32 клуба, ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули.

„Сите приходи генерирани од турнирот ќе бидат распределени на клубовите учесници и преку клупска солидарност низ целиот свет, бидејќи ФИФА нема да задржи ниту еден долар. Резервите на ФИФА, кои се таму за глобалниот развој на фудбалот, ќе останат недопрени“, додаде Инфантино.

Групите за првиот клупски Мунсијал:

Група А: Палмеирас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
Група Б: Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл
Група Ц: Баерн Минхен, Окленд Сити, Бока Јуниорс, Бенфика
Група Д: Фламенго, Есперанс Тунис, Челзи, Леон
Група Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан, Мамелоди Санданс
Група Г: Манчестер Сити, Вајдад Казабланка, Ал Аин, Јувентус
Група Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Пачука, Салцбург

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат двете првопласирани. ФИФА претходно објави дека Светското клупско првенство ќе се игра на секои четири години.


Луис Хол мора на операција, Њукасл без младиот фудбалер до крајот на сезоната

Њукасл објави дека младиот фудбалер Луис Хол ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на стапалото. Клубот објави дека бекот се здобил со повреда на стапалото која не е нималку наивна.

„По скенирањето и советот од специјалист, тој ќе биде опериран“, напишаа од клубот.

Дефанзивецот на Њукасл се повреди во поразот од 0-2 од Ливерпул на 26 февруари.

20-годишниот играч има вкупно 56 настапи за Њукасл, со два гола и пет асистенции.


Шчешни и Рафиња херои на Барса во Лисабон

Барселона стекна минимална предност над Бенфика, по победата од 0-1, во првиот осминафинален натпревар во Лисабон. Голманот Шчесни и стрелецот Рафиња се најзаслуѓи за победата на Барселона, која на стадионот „Ла Луж“ од 22.минута играше со фудбалер помалку.

Бенфика доминираше, но не доби ништо од надмоќта на теренот. Португалците 26.пати шутираа кон голот на Шчесни, Полскиот ветеран ги збудале со осум успешни интервенции.

Барса од 22. минута играше со играч помалку, бидејќи Кубарси доби директен црвен картон.

Со 18 години и 42 дена, Кубарси стана еден од најмладите играчи во историјата на Лигата на шампионите кој доби црвен картон.

Тој потег го смени текот на натпреварот, бидејќи гостите до тој момент создаваа шанси, а потоа Бенфика ја презеде иницијатива.

Домашните, сепак, не можеа да постигнат гол за што беа казнети во 61. минута.

Рафиња го пресече лошот додавање на Силва, ја повлече топката неколку метри, а потоа со извонреден удар го матираше Трубин.


ФФМ обелодени нова платформа за интернет продажба на влезници

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја промовираше платформата за интернет продажба на влезни билети за натпреварите на репрезентациите, која фановите ќе можат да ја пронајдат како eticket.ffm.mk

„Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поразлично фудбалско искуство“; стои во соопштението.


Челниците на ФФМ на регионален состанок во Сараево

Претседателот на Масар Омерагиќ и генералниот секретар Дрилон Ганиу се во Сараево, каде што се на состанок со фудбалските асоцијации на југоисточна Европа.

На овој состанок со регионалните фудбалски лидери се сретна и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Тој е гостин и на овој настан имаше и средба со претставниците на мак-фудбалот таму.

Освен Чеферин, гостин е и Зоран Лаковиќ кој е директор на Националните асоцијации во УЕФА.