feature

Циципас: Во еден момент сакав да го оставам тенисот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас откри дека минатата сезона сериозно размислувал да ја заврши тениската кариера поради силни болки во грбот, кои го мачеле скоро цела 2025 година.

„Моја најголема грижа беше дали воопшто ќе можам да завршам меч“, изјави тој, додавајќи дека честопати се запрашувал дали може да одигра уште еден меч без болки.

По поразот на УС Опен од Даниел Алтмајер, Циципас не можел да оди нормално два дена поради болката, што го натерало да ја преиспита иднината на својата кариера.

Циципас, некогаш трет тенисер во светот и двапати финалист на Грен-Слем турнирите, сега е 36-ти на АТП листата, но вели дека моменталниот третман и подготовките му даваат нова надеж.

Тој истакна дека прошол пет недели тренинг без болки, што го исполнува со оптимизам пред сезоната 2026 и настапот за Грција на Јунајтед купот.


Тими Зајц дисквалификуван од „Четири скокалници“

Поранешниот олимписки шампион во ски-скокови, Тими Зајц, е дисквалификуван од Новогодишната турнеја втор пат оваа година.

Откако заврши втор во Оберсдорф, тој беше дисквалификуван поради носење одело кое беше три милиметри пократко, а сега повторно го има истиот проблем во Гармиш-Партенкирхен.

Овој пат, неговото одело беше четири милиметри прекратко во првата серија и веднаш беше дисквалификуван.

– Ајде малку да го растегнеме оделото и се надеваме дека сè ќе биде во ред во Гармиш-Партенкирхен, рече мирно Тими Зајц, но очигледно не беше направено како што треба.

Тими Зајц не беше единствениот дисквалификуван поради неисправна опрема во Гармиш. Дисквалификувани беа и Американецот Џејсон Колби и Турчинот Фатих Арда Ипчиоглу.


Фратези ги одбива сите опции, сака само во Јуве

Играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, е подготвен да се приклучи на Јувентус.

Претходно беше објавено дека Фенербахче сака да го земе 26-годишниот фудбалер на позајмица со задолжителен откуп и е подготвен да потроши околу 40 милиони евра.

Јувентус, Рома и Наполи исто така покажуваат интерес за играчот од средниот ред, но „нероаѕурите“ не сакаат да го дадат играчот на своите директни конкуренти.

Сепак, според „Тутоспорт“, Италијанецот одбил трансфер во турскиот клуб. Тој би сакал да се приклучи на Јувентус бидејќи сака да работи со Лучијано Спалети.

Поточно, бидејќи тренерот му верувал на стартното место додека ја тренирал италијанската репрезентација, додека Давиде бил резерва во Интер.

Сега, кога Интер сè уште не успева да му го даде на играчот од средниот ред времето за играње што го посакува, Фратези размислува за трансфер во јануари како можен начин да ја подобри неговата ситуација, а Јуве се смета за негова најдобра опција.


Роберто Карлос отпуштен од болница по зафатот на срцето

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Интер, Фенербахче и неколку други клубови, Роберто Карлос, е отпуштен од болницата каде што му беше извршена операција на срце, објави „Мундо Депортиво“.

52-годишниот Бразилец објави фотографија на социјалните мрежи со лекарите кои ја извршија операцијата, а во описот напиша: „Му се заблагодарувам на целиот медицински персонал за нивното внимание и грижа“.

На 31 декември 2025 година, лекарите открија згрутчување на крвта во ногата на Бразилецот за време на преглед. По анализа на целото тело било откриено дека неговото срце не функционира правилно. Роберто Карлос беше хоспитализиран за операција, која, поради компликација, траеше три часа наместо предвидените 40 минути.

Роберто Карлос играше за Реал Мадрид од 1996 до 2007 година. Со мадридскиот клуб освои четири шампионски титули во Шпанија и три титули во Лигата на шампионите. Исто така, го освои и Светското првенство во 2002 година со бразилската репрезентација.


Леао човек на одлука, Милан се враќа со три бода од Сардинија

Милан со гол на Рафаел Леао во второто полувреме го победи Каљари со 0-1 во првиот меч од 2026 година.

Росонерите не блескаа во првиот дел, но одиграа сосема солидно во вторите 45 минути од дуелот на Сардинија.

Веднаш во второто полувреме Милан нападна, а таквата игра брзо вроди со плод, во 50. минута Рафаел Леао постигна гол за водство од 1-0, што значеше и победа.

На овој меч за Милан дебитираше новото засилување Филкруг кој во игра влезе во 69. минута.

Сега Милан е на првото место на табелата, о Интер допрва треба да го игра својот меч од ова 17. коло.


Фабио ќе брани и во 47-та година од животот

Легендарниот бразилски голман Фабио го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година. Тоа значи дека рекордерот по бројот на одиграни натпревари дополнително ќе ја помести границата на одиграни натпревари.

Ова значи дека со продолжување на договорот тој ќе може да брани до својата 47-та година од животот.

Фабио претходното лето го надмина легендарниот англиски голман Питер Шилтон и официјално стана играчот со најголем број одиграни натпревари во историјата на фудбалот. Изминативе четири години Фабио имаше 261 натпревар и беше еден од клучните играчи за успесите на неговиот тим, а секако најголем успех е триумфот со клубот 2023 година во Копа Либертадорес.


Ненад Димитријевиќ пред трансфер во Баерн Минхен

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, е на чекор до напуштање на Зенит Санкт Петербург и преселба во Германија. Според достапните информации, плејмејкерот веќе побарал раскин на договорот со рускиот клуб за да ја прифати понудата од Баерн Минхен.

Главниот мотив за овој трансфер е желбата на Димитријевиќ повторно да настапува во Евролигата, најсилното клупско натпреварување на стариот континент.

Руските тимови, вклучувајќи го и Зенит, се суспендирани од европските купови, што го ограничува професионалниот развој на играчите кои се натпреваруваат исклучиво во ВТБ лигата.

Соработката со тренер од калибарот на Пешиќ би можела значително да ја унапреди кариерата на 27-годишниот македонски репрезентативец и да му овозможи стабилна минутажа во елитното друштво.


Руските спортисти без национални обележја на Олимписките игри во Италија

Руските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина нема да можат да ја претставуваат својата земја дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми.

„Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Игрите во февруари само како поединци кои се претставуваат себеси“, наведе Ковентри во денешното интервју за весникот „Кориере дела Сера“.

ИОК им забрани на Русија и Белорусија да учествуваат на олимписките борилишта по почетокот на руската инвазија а Украина во февруари 2022 година, а раководното тело на олимпиското движење во септември лани пресуди дека Русите и Белорусите кои ќе се натпреваруваат на ЗОИ 2026 ќе го сторат тоа како индивидуални спортисти, без национално знаме или химна.

ЗОИ 2026 во Милано-Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари.


Артур Мело блеска во дресот на Гремио

Некогашната голема надеж на Барселона и Јувентус, Артур Мело, по неуспешниот период во Европа повторно игра на високо ниво во татковината. Бразилецот, кој сè уште е под договор со Јувентус, настапува како позајмен фудбалер во Гремио и има клучна улога во тимот.

По неговото доаѓање, Гремио значително ги подобри резултатите, а Артур стана лидер на средниот ред.

Досега одигра 13 натпревари и собра 1.088 минути, со големо влијание врз играта и исклучителна прецизност во додавањата од речиси 94 проценти.

Статистиката покажува дека тимот е далеку поуспешен со него на теренот, а ваквите настапи му донесоа место меѓу петте најдобри играчи за врска надвор од најсилните европски лиги според ЦИЕС. Се чини дека далеку од Европа, Артур Мело повторно се пронаоѓа.


Укпа е првото засилување за Арсими во новата година

Македонскиот прволигаш Арсими официјално го промовираше првото засилување за продолжението на сезоната, ангажирајќи фудбалер добро познат на домашната сцена.

Нов член на дебитантот во ПМФЛ е Хоган Укпа. 24 годишниот играч за врска доаѓа како слободен фудбалер, а последен клуб во неговата кариера беше Струга Трим Лум, со која освои две шампионски титули. Нигериецот претходно настапуваше и за неколку клубови во татковината, како и за Лиепаја од Летонија.

Укпа беше без ангажман од јуни минатата година, по разделбата со стружани, а во Арсими од него очекуваат да донесе дополнителен квалитет и свежина во средниот ред.

По завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, Арсими се наоѓа на петтото место на табелата со 22 бода, остварени преку шест победи и четири нерешени натпревари.