feature

Хоакин Кореа има истегнат мускул, го чека подолга пауза

Inter Milan’s Argentinian forward Joaquin Correa celebrates after scoring his side’s third goal during the UEFA Champions League quarter-finals second leg football match between Inter Milan and Benfica Lisbon on April 19, 2023 at the Giuseppe-Meazza (San Siro) stadium in Milan. (Photo by GABRIEL BOUYS / AFP) (Photo by GABRIEL BOUYS/AFP via Getty Images)

Фудбалерот на Интер, Хоакин Кореа, кој има проблеми со потколеницата, денеска беше на дополнителни прегледи, потврди преку соопштение составот од Милано.

„30-годишникот беше подложен на медицински тестови во Институтот Хуманитас во Роцано. Тој страда од истегнување на мускулот на левата потколеница. Неговата состојба ќе се проценува на дневна основа”, се вели во соопштението на „нероаѕурите“.

Ќе потсетиме дека Кореа последниот меч во Серија А го одигра против Парма на 6 декември.


Македонија скапо ја продаде кожата, но сепак загуби во тестот против Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија прикажа добра игра, но загуби во последниот натпревар пред Светското првенство вечерва против Хрватска со 27-25 (13-14). Момците на Лазаров одиграа квалитетен натпревар и одлично парираа на силниот ривал, а во првите 30 минути имавме и предност. Хрватска во самиот финиш успеа да се „одлепи“ и да стигне до победата.

Клучни во последните моменти беа одбраните на голманот Пешиќ, но имаше и неколку исклучувања во нашите редови.

Вечерва најефикасен во нашите редови беше Атанасијевиќ со пет гола, Костески постигна четири, а Кузмановски и Серафимов по три.

Ваквиот настап на Македонија може да ни даde надеж за добро издание на Мундијалот, кој го стартуваме против Унгарија на 15 јануари.


Хамес замина од Рајо по само четири месеци

По само четири месеци Хамес Родригез и Рајо Ваљекано се разделија, но Колумбиецот нема намера да ја заврши кариерата и е во потрага по нов ангажман.

Родригез беше најплатен во Рајо со плата од четири милиони евра годишно, меѓутоа за Рајо одигра само седум натпревари.

Според последните информации во овој момент два клуба важат за фаворити за неговиот потпис. Првиот е Жуниор од Колумбија кој му нуди плата од 300.000 долари месечно со што Родригез би станал најплатеиот во првенството.

Интерес покажал и неговиот поранешен клуб Банфилд кој се спремни да му дадат догвоор до декември 2026 години и тоа е примамлива опција за Колумбиецот.

Низ кариерата Родригез досега играше за: Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос, Сао Паоло и Рајо.

Дресот на репрезентацијата на Колумбија го носеше на 112 натпревари во кои постигна 29 гола.


Валенсија и Димитриевски добија третолигаш во осминафиналето на Купот

Најмасовното шпанско натпреварување Купот на кралот дојде до осминафиналето, а веќе се познати паровите за оваа фаза.

Среќата посака македонскиот голман Столе Димитриевски и Валенсија да налетаат на третолигашот Оуренсе. Барселона и Реал Мадрид добија ривали од Ла Лига, а има неколку интересни пресметки. Сите натпревари се на програмата на 15 јануари.

Осминафинале во Купот на кралот:
Оуренсе – Валенсија
Барселона – Бетис
Реал Мадрид – Селта
Атлетик Билбао – Осасуна
Елче – Атлетио Мадрид
Реал Сосиедад – Рајо Ваљекано
Понтеверда – Хетафе
Алмерија – Леганес

Можеби ќе ве интересира


Мусиала бара клаузула во новиот договор со Баерн

Како што пренесува „Спорт Билд“, Џамал Мусиала побарал откупна клаузула од 175 милиони евра за да стави потпис на нов договор, во моментов, ниту еден друг фудбалер на Баерн Минхен нема откупна клаузула.

Пред неколку недели, медиумите од Германија објавија дека Џамал Мусиала е блиску до потпис на нов договор со Баерн Минхен вреден помеѓу 100 и 125 милиони евра.

Но како што пренесува „Спорт Билд“, преговорите запнале откако агентите на Џамал Мусиала побарале откупна клаузула од 175 милиони евра.

Раководството на „баварците“ секогаш било против ваквата пракса и не сакаат откупни клаузули во договорите на своите играчи со цел тие да бидат во целосна контрола при продажба.

Ниту еден фудбалер во сегашниот состав нема откупна клаузула, па останува да се види дали Баерн Минхен е подготвен да направи компромис за да го задржи Џамал Мусиала, кој треба да биде носителот на играта во следните години.


Јуве сака да го позајми Араухо од Барса

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „Газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година.


Винициус доби минимална казна, ќе отсуствува само два натпревари

Винициус Жуниор е суспендиран на два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 1-2.

Во 80. минута при водство на Валенсија од 1-0, крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри противничкиот голман Столе Димитриевски.

Бразилецот потоа се расправаше со судиите, а соиграчите едвај успеаја да го смират. Реал Мадрид најави жалба на суспензијата на Вини бидејќи тврдат дека тој само одговорил на нападот на Димитревски.

Сè додека ова не се реши, гореспоменатата казна останува во сила за еден од најдобрите играчи на денешницата. Суспензијата ќе ја одработи во Ла Лига против Лас Палмас и Ваљадолид.

Бразилецот може да игра во шпанскиот Суперкуп кој од среда се игра во Саудиска Арабија. Винициус во четврток ќе игра против Мајорка. Реал доколку победи, во финалето ќе се соочи со победникот од пресметката Барселона-Атлетико Билбао.


Неготино доби современо фудбалско игралиште

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, денеск го пушти во употреба реконструираното фудбалско игралиште, уште еден во рекордно време реализиран проект на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура.

Реконструираното фудбалско игралиште во Неготино направено е по сите стандарди на ФИФА и ќе биде достапно за граѓаните во секој период од годината.

„Над петнаесет вакви игралишта планираме да бидат готови до крајот на летото. Еден убав проект, една убава работа што почнавме да ја правиме, а тоа е да создадеме услови за најмладите што е особено важно. Ние не можеме да бараме резултати, ниту пак зголемување на интересот на децата за спортот, во конкретниов случај за фудбалот, доколку не им создадеме услови. Ова е една наша акција што ќе продолжи и во иднина, ќе реконструираме што е можно повеќе спортски игралишта низ целата држава. Цениме дека тоа е патот по кој треба да се развива спортот затоа што ова има значење за сите граѓани, прво на локално, а потоа и на централно ниво. Затоа што прво ние треба да направиме масовност кај дечињата, да создадеме услови за што повеќе дечиња да се занимаваат со спорт, а потоа од таа масовност и квантитет да добиеме и квалитет“, истакна Ристовски.

Министерот Ристовски изрази задоволство од брзата реализација на уште еден инфраструктурен проект на Министерството за спорт упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов за добрата соработка.


Илон Маск сака да го купи Ливерпул, нуди луда сума од преку 7 милијарди!

Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.

Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.

„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.

Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.

Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.


Дориан Бабунски се раздели со Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски од денес не е повеќе играч на швајцарскиот клуб Грасхоперс.

28-годишникот беше дел од „скакулците“ од месец август 2023 година, но не успеа да се наметне. Иако тргна добро и успеа да постигне голови, следеше една повреда која го сопре. И оттогаш, немаше голема минутажа.

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Низ кариерата Дориан Бабунски настапуваше и за Дебрецен од Унгарија, Ботев Враца од Бугарија, Мачида и Кагошима од Јапонија, потоа Радомље и Олимпија од Словенија, како и Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид во Шпанија.