feature

Лаутаро е најнова желба на Флорентино и Реал Мадрид

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

После заминувањето на Бензема, Реал остана без врвен напаѓач, а најголема желба за нова „деветка“ е Лаутаро Мартинез. Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но Аргентинецот треба да пристигне заедно со Французинот.

Лаутаро неодамна потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра.

Аргентинецот оваа сезона игра во врвна форма, па Реал ќе мора добро да го одврзе кесето за неговиот потпис.


Ѕвездите потврдија: Кари, Букер и Дурант доаѓаат во Париз

На десет месеци пред почетокот на Олимписките игри, Американците веќе почнаа да се екипираат во обид да ја спасат својата чест и честа на репрезентацијата. Веднаш по Светското првенство беше објавено дека главен иницијатор за создавање нов дрим-тим е Леброн Џејмс, а еден по еден, големите ѕвезди почнаа да го потврдуваат својот настап. 

Денес тоа го направија Кевин Дурант и Девин Букер, на почетокот на тренинг кампот на Феникс Санс, како и Стеф Кари кој би сакал да се врати во репрезентацијата. Поширокиот список на кошаркари на кои ќе може да смета селекторот Стив Кер ќе биде познат пред крајот на годинава, а веројатно по завршувањето на сезоната во НБА ќе бидат познати финалните 12 кои ќе ги бранат боите на САД во Париз.


Голем проблем за Артета: Се повреди Сака пред дербито со Сити

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по натпреварот од второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Ленс (1-2) изрази загриженост за повредата што ја доби напаѓачот на тимот Букајо Сака. Поради повреда играчот беше заменет во 34. минута.

„Во првото полувреме се обиде да ја удри топката со пета и почувствува нешто. Ова е мускулен проблем. Нему му беше тешко да игра и моравме да го замениме. Ништо друго не знаеме. Очигледно повредата беше доволно сериозна за да го спречи да го продолжи натпреварот. Ова не прави загрижени. Не знам дали ќе може да игра следниот викенд. Не многу одамна, Сака доби удар, но оттогаш се опорави. Сега имаше движење на петата наназад што можеше да предизвика ваков вид на повреда. Ајде да видиме колку е сериозно. Не пропушти ниту еден натпревар, освен натпреварот од Лига купот против Брентфорд каде го одморивме, но тоа е тоа“, изјави Артета.

Во следниот натпревар во англиската Премиер лига, Арсенал ќе го пречека Манчестер Сити. Натпреварот ќе започне во 17:30 часот во недела на 8 октомври.


Раул одбил да го преземе Шалке 04

Раул Гонзалес повеќе од една деценија не е активен на фудбалските терени како играч, но остана во фудбалот и работи како тренер.

Но, во тренерската работа Гонзалес немал некој посериозен ангажман и работи со младински категории и Б тимот на Реал Мадрид. Секако дека има желба да води и клуб на големата сцена, но Раул не брза. Сега медиумите пишуваат дека одбил понуда од германскиот гигант Шалке. Подолго време Шалке е во криза и сега настапува во германската втора лига каде што се наоѓа на катастрофалното 16. место.

Гонзалес наводно добил повик да дојде и да му помогне на поранешниот клуб, но одговорот на Шпанецот бил дека ќе продолжи да работи во Мадрид. Шалке како играч го носеше дресот на Шалке од 2010 до 2012 година и постигна 40 гола на 97 натпревари.


Реал ќе го позајми Арда Ѓулер во јануарскиот преоден рок

Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа што не му бил потребен на тренерот Карло Анчелоти и ќе замине на позајмица во јануари.

Ѓулер ги скара гигантите Барселона и Реал Мадрид, по што од Фенербахче се пресели во главниот град на Шпанија, каде што воодушеви на подготовките. Турчинот, сепак, се повреди на подготовките, а во меѓувреме се врати во составот на Анчелоти, но накратко бидеќи повторно се здоби со повреда.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти нема да смета на Ѓулер оваа сезона, а засега не е познато каде би играл на позајмица до крајот на 2023/24.


Два гиганти го сакаат голманот на Милан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Челзи и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови. Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ се спремни на лето за него да понудат 80 милиони евра.

Меѓутоа, 27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии, но и да се заштити од интересот на ПСЖ и Челзи.

Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата и се очекува Мењан да биде еден од најплатените фудбалери на тимот.


Австралија опен ќе трае ден повеќе отколку во минатото

Австралија Опен одлучи дека натпреварувањето во иднина ќе го стартуваат во недела, наместо во понеделник.

„Го слушнавме мислењето на играчите и публиката и возбудени сме што донесовме решение кое ги задоволува сите, со ова ќе се заддржи и фер и изедначен пристап на терените“, порача Крег Тејли.

Австралија Опен ќе се оддржи од 14 до 28 јануари, а титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ.

„Со оваа одлука ќе го подобриме распоредот и за навивачите и учесниците. Првата рунда ќе се игратри дена, наместо денешните два, со тоа, навивачите ќе имаат уште еден врвен ден тенис“, се надоврза Тејли.

Пред да бидат картите пуштени во продажба на 12. октомври, ќе се дознаат уште неколку големи промени во Мелбурн.


Варан верува дека Јунајед може да ја освои ЛШ

Рафаел Варан, на прес-конференцијата пред натпреварот од ЛШ против Галатасарај во Истанбул, истакна дека неговиот Јунајтед имал доволно силен тим да ја освои ЛШ сезонава.

Поголемиот дел од навивачите на Јунајтед, па и оние од неутралниот сектор, нема да се согласат со оваа помалку налудничава изјава на францускиот дефанзивец.

Јунајтед има крајно лоша серија во Премиерлигата сезона и го има еден од најслабите стартови од нивното постоење. Но ете, Варан е убеден во спротивното, дека се конкурентна екипа.

„Мислам дека ова натпреварување е едно од најтешките, затоа мора во детали да бидете внимателни, за да го освоимте. Следните недели се наша шанса да се поправиме значително, мора да правиме акции, да има шанси и да постигнуваме голови“.

„Примаме доста лесно голови и тоа мора да биде поправено, исто и ефикасноста. Но верувам дека имаме доволно силна екипа за да освоиме Лига на шампиони. Како што реков, натпреварувањето е тешко, но имаме тимски квалитет па мора да поработиме на подобрување на формата“, порача Рафаел Варан.


Ламин Јамал доби нов договор со Барселона

Барселона објави дека официјално го продолжи договорот со 16-годишниот напаѓач Ламин Јамал.

Новиот договор со бисерот кој излезе од фудбалската школа „Ла Масиа“ е со важност до 2026 година што е максимална должина на соработка за играч на негови години според правилата на ФИФА.

За да се заштити од евентуален трансфер, Барселона постави и откупна клаузула во договорот на играчот во висина од неверојатни една милијарда евра.

Младиот Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона на 15 години, 9 месеци и 16 дена во април 2023 година што го направи најмлад фудбалер на каталонскиот тим кој се појавил на терен на официјален натпревар, а воедно веднаш го привлече вниманието со неговиот настап.


Ако Мурињо добие отказ, Конте ќе биде неговата замена во Рома

Рома сака да го контактира тренерот Антонио Конте да го замени тренерот Жозе Мурињо.

Договорот на тренерот на Рома, Жозе Мурињо истекува во летото 2024 година, а голема е веројатноста Португалецот да го напушти клубот. 

Затоа, сопствениците на Рома, според гласините, веќе бараат замена за Португалецот. Сон на раководството на римскиот клуб е да го назначат Антонио Конте кој моментално е без клуб.

Дополнително, алтернативна замена може да биде Алесио Диониси, кој моментално го води Сасуоло. Рома не ја започна сезоната добро, освојувајќи само осум бода во седум кола и се наоѓа на 12. место во Серија А.