feature

Фримпонг добива нов договор во Леверкузен

Баер Леверкузен се подготвува да достави понуда за продолжување на договорот со десниот бек Жереми Фримпонг. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Според Романо, сопствениците на Баер Леверкузен се подготвени да презентираат долгорочен договор за холандскиот фудбалер – до крајот на јуни 2028 година. Забележано е дека и покрај интересот на некои европски врвни клубови, дефанзивецот е подготвен да ја прифати понудата на „фармацевтите“.

Фримпонг игра за Баер веќе две години (од 2021 година). Оваа сезона дефанзивецот одигра осум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. Договорот на играчот со клубот од Леверкузен е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 40 милиони евра.


КУЛТИВИРАЊЕ НА УСПЕХ- ЕВРОТИП СО НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Евротип водечка компанија во КС Групацијата со големо задоволство објавува значајно партнерство со Факултетот за информациски и комуникациски технологии во Битола. Оваа значајна соработка обединува два моќни ентитети за поттикнување на иновациите, негување на млади таленти и нагласување на клучната улога на корпоративната општествена одговорност.

Техничкиот директор на Евротип, г-дин Александар Анастасовски  и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски, официјално потпишаа Меморандум за соработка поставувајќи ја основата за поттикнување позитивни промени преку образование и иновации.

Евротип ја препознава важноста од инвестирање во иднината и преку оваа соработка, компанијата има за цел да придонесе во образованието  преку обезбедување стипендии за исклучително талентирани студенти. Оваа иницијатива ќе ги поттикне младите умови да ги остварат своите соништа и аспирации во  ИТ индустријата, отворајќи ги вратите за посветла иднина.

Понатаму, партнерството ќе создаде непроценливи можности за студентите да стекнат искуство од реалниот свет преку можност за обавување на практикантска работа во Евротип. Оваа практична изложеност на динамичниот свет на технологијата ќе ги опреми студентите со вештините и знаењата што им се потребни за да се истакнат во нивните кариери.

Евротип како општествено одговорна компанија дава извонреден пример во корпоративниот пејзаж. Надвор од својата деловна активност компанијата ја препознава својата витална должност да и’ врати на заедницата. Оваа посветеност не е само избор, тоа е моќна изјава за позитивното влијание што бизнисите можат да го имаат врз општеството

Во време кога корпоративната одговорност е важна повеќе од кога било, непоколебливата посветеност на општествената одговорност на Евротип е извор на инспирација, поставувајќи висок стандард за корпоративна етика.


Спанулис е нов селектор на грчката репрезентација

Поранешниот ас на кошаркарските клубови Панатинаикос и Олимпијакос, Василис Спанулис е нов селектор на грчката кошаркарска репрезентација.

За ова се шпекулираше и претходните денови, а Спанулис потпиша двегодишна соработка со локалната федерација.

На таа позиција тој ќе го замени Димитрис Итудис, кој поднесе оставка по неуспехот на репрезентацијата на неодамнешното Светско првенство.

За Спанулис селекторската функција ќе биде само втора самостојна работа во тренерската кариера, во која досега беше тренер и на Перистери – и тоа само една година.


Артета носи уште еден фудбалер на Сити на „Емирати“

Ако минатата сезона Арсенал падна играчки во завршницата од сезоната, каде ја испушти титулата, Микел Артета сезонава сака да биде сигурен дека ќе има поконкурентна екипа во битка за титулата.

Арсенал сега се подготвува за евентуалниот трансфер на Калвин Филипс, играчот на нивниот директен ривал за титулата, Манчестер Сити. Со оглед на тоа дека во минатото, Арсенал ги обезбеди потписите на Хесус и Зинченко, ништо чудно доколку се реализира и овој трансфер.

Артета го посакува Филипс веќе во јануари, а веќе биле пуштени тимови на преговарачи за договор меѓу клубовите.

Англискиот фудбалер сезонава има само 170 минути на терен во тимот на Гвардиола, а во моментов е ставен на листата на играчи кои веројатно ќе заминат.


Левандовски следен на листата на саудиските клубови

Претходното лето не сакаше да слушне за Саудиска Арабија, но догодина, по се изгледа полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ќе тргне по патот што го поминаа голем број светски ѕвезди последните месеци.

Во летниот преоден рок, тој имаше одлична финансиска понуда од Абха, ама одлучи да остане во Барселона. Интерес за него покажуваат и други клубови од Саудиска Арабија и најверојатно Лева нема да остане имун на нив. Иако има договор со Барселона до 2026 година, многу е веројатно дека нема да го одработи до крај.

Левандовски стигна во Барса ланското лето од Баерн, а досега за новиот клуб одигра 55 натпревари и постигна 39 гола.


Николовски повторно ќе седне на клупата на Победа

Јане Николоски е нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп.

Николоски во Победа го наследува Филип Мирчевски кој доби отказ по слабиот старт на сезоната во ВМФЛ. Јане Николоски е големо фудбалско име во македонската јавност, а во кариерата како тренер ги водеше екипите на: АЕЛ Лимасол, Хоризонт Турново, Победа, Слога Виница, Борец…Исто така беше задолжен и за младите категории во Победа.

Последниот ангажман во македонскиот фудбал пред враќањето во Прилеп, Николоски го имаше во Шкупи каде што работеше како спортски директор.


Саки одушевен од Пиоли и новиот Милан

Ариго Саки особено го пофали Милан после победата во дербито против Лацио.

Саки е еден од најдобрите и најтрофејни тренери во историјата на миланскиот гигант, а вели дека на моменти овој Милан го потсетува на неговиот.

Милан против Лацио, посебно во второто полувреме беше на работ на перфекцијата.Беа организирани, агресивни и сите фудбалери си помагаа еден на друг.Топката постојано беше на теренот, немаше непотребни долги топки, сите линии беа добро поврзани. А, во вакви услови, дури и фудбалер како Леао даваше максимум и имаше одличен настап“.

„На моменти Милан потсетуваше на тој од „златната ера“, од мое време и воопшто не претерувам“, изјави Саки.


Бензема во изолација во Саудиска Арабија заради ковид-19

Карим Бензема завршил во изолација во Саудиска Арабија откако добил позитивен тест на ковид-19.

Подолго време вестите за коронавирусот не се актуелни, но сега таква информација ни пристигнува од Саудиска Арабија. Бензема почувствувал симптоми по што му бил направен тест и било утврдено дека се заразил со вирусот кој еден период го парализираше светот во сите полиња.

Како што пренесуваат медиумите, тој веднаш бил изолиран од соиграчите и засега не е познато колку време ќе биде одвоен од тимот.


Лина Ѓорческа блиску до својот најдобар ВТА ранкинг

По вчерашниот триумф на фјучерсот во Куршумлиска Бања и освоените 70 поени од турнирот и со вкупно 399 поени се искачи на 186. место на ВТА листата.

Таа е сега многу блиску до својот најдобар ранг кога беше 170-та на ВТА листата (12.јуни 2017). Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309. место со 256 поени. Магдалена Стоилковска исто така има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1237. место со 8 поени. Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1475. место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.

Оваа недела активна на тениските турнири ќе биде единствено Стоилковска која ќе настапува на фјучерс турнирот во Шибеник.


Реал го доби првото „Ел Класико“ во новата сезона на АЦБ лигата

Откако пред две недели ја победи во Суперкупот на Шпанија, Реал Мадрид денеска беше подобар од од Барселона и во третото коло од домашното првенство.

Вицешампионот настапи значително ослабен на овој натпревар, но и покрај тоа славеше со 86-79 и остана со максимален ефект на почетокот од новата сезона во АЦБ лигата. Одговорноста кај Реал ја презеде Венсан Поарие кој постигна 22 поена, но и 16-годишниот Исмаил Диањ кој доби место во почетната петорка и додека беше на теренот, Реал водеше со 11-2. На крајот, тинејџерот постигна 9 поени и 8 скока од кои 6 офанзивни, во дуелите со Јан Весели и Вили Хернангомес. Мора да се истакне и Факундо Кампацо кој одлично ја организира играта на Реал, а постигна и 17 поени.

Хернангомес повторно беше тотално неутрализиран, како во мечот од Суперкупот. Вечерва постигна само четири поени и два скока за 11 минути во игра и уште еднаш отвори сомнеж дали може да биде вистинско засилување за Барселона и да го замени Никола Миротиќ кој си замина во текот на летото. Дарио Брисуела со 14 поени беше најефикасен кај Барса.