Работнички покажа знаци на живот и желба за надминување на кризата откако „центарци“ вечерва по голема борба успеаја да слават над Тиквеш со резултат 82-77.
Ѓуроски и Ефремовски со по 16 поени беа најефикасни во победничкиот тим, каде дебитантот Маниголт во првиот меч за „центарци“ реализираше 13 поени.
Најдобри поединци во таборот на Тиквеш беа Хил со 19 и Глигоријевиќ со 16 поени.
Ристевски „поцрвене“, Хајдук избегна пораз на „Максимир“
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2-2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.
Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.
Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.
Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.
Фулам на пенали го исфрли Јунајтед од ФА Купот
Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1-1, а пенал серија Фулам ја доби со 4-3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.
Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.
Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1-1.
Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.
Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.
Втора победа во два дена за Кристоферсон во Крањска Гора
Ден откако победи во велеслаломот, норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен денеска триумфираше и на слаломската трка во Крањска Гора.
По првата трка Кристоферсен беше шестопласиран, но на крајот победи со 17 стотинки предност пред неговиот сонародник Тим Хауган. Третото место го освои Австриецот Мануел Фелер со заостанување од 23 стотинки, а без пласман на подиумот остана најдобриот од првото возење, Швајцарецот Лоик Мејард, кој на крајот заврши четврти (+0,24).
За Кристоферсен ова е 33 победа во Светскиот куп во алпско скијање, а 25 во слалом.
Во поредокот за слалом, Кристоферсен сега е лидер со 567 поени пред Клемент Ноел (490) и Лоик Мејард (465).
Валверде неизвесен за дуелот со Атлетико
Федерико Валверде би можел да го пропушти дербито со Атлетико (М) во Лигата на шампионите, пишува Релево. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денеска тренирал индивидуално поради проблем со мускул на бутот. Претходно беше објавено дека Валверде имал непријатност во мускулите повеќе од еден месец, од натпреварот од Купот на Шпанија против Селта на 16 јануари.
Забележано е дека учеството на Уругваецот во дербито со Атлетико во Лигата на шампионите во вторник се уште е под знак прашалник, а одлуката ќе биде донесена утре.
Победи на домаќините на сите неделни натпревари во ПМФЛ
Четири од петте денешни натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) завршија попладнево со победи на домашните екипи, а единствено Работнички освои бод на гостувањето против Гостивар.
Лидерот Шкендија триумфираше над Тиквеш со 1-0, Силекс со 3-1 беше поуспешен од актуелниот шампион Струга, а со идентичен резултат Шкупи го совлада Пелистер, а Воска славеше против Брера Струмица.
epa10902616 Mile Svilar goalkeeper of Roma celebrates during the UEFA Europa League, Group G soccer match between AS Roma and Servette FC, in Rome, Italy, 05 October 2023. EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI
Миле Свилар дефинитивно се наметна на голот на Рома. Тој е еден од најдобрите во тимот на Клаудио Раниери оваа сезона, па оттука и не изненадува планот на семејството Фредкин да му понуди нов договор.
Актуелниот договор на Свилар истекува во јуни 2027 година. Доколку го продолжи договорот ќе добие и покачување на плата. Спорд италијанските медиуми ќе заработува три милиони евра годишно.
Намерата на газдите на Рома е да ја завршат работата, бидејќи интерес за Свилар покажале Вест Хем и Манчестер сити.
Миле Свилар, син на прославениот југословенскиот голман Ратко е роден во Антверпен, има блегиско и спрско државјанство. Во Рим протистигна во 2022 година од Бенфика.
Луис Енрике: Мојот ПСЖ не се плаши од Ливерпул
ПСЖ постигна четири гола во мрежата на Лил во едно полувреме и уште во раната фаза ја обезбеди победата, што дефинитивно беше најдобра увертира за тоа што следи, односно осминафиналето во Лигата на шампиони.
Тимот на Луис Енрике изгледа навистина сериозно во последно време и сега ќе го добие најголемиот тест во двете пресметки со Ливерпул, екипа која според Лучо е најдобра во Европа во овој момент.
„Против Лил го одигравме најдоброто полувреме оваа сезона, постигнавме четири гола против тим кој игра во Лигата на шампиони. Задоволен сум од изгледот на тимот, ова беше најдобра подготовка за Ливерпул.
Сега ни следат два меча со Ливерпул и почнуваме да се фокусираме на тоа. Мора да се опоравиме брзо и да бидеме амбициозни. Ливерпул е тимот кој е во најдобра форма во Европа, не само поради резултатите, туку и поради начинот на кој играат. ПСЖ против Ливерпул слободно можеше да биде финале во Лигата на шампиони.
Целта е да го покажеме нашете најдобро лице и да се прикажеме во најдобро светло. Нема да менуваме многу за Ливерпул, сметам дека пресингот на Лил и Ливерпул е доста сличен, но има и доста разлики. Не чека многу комплицирана работа, но ние сме во најдобриот период од сезоната и нема да тактизираме. Не се плашиме и нема да се браниме, ќе нападнеме и ќе се обидеме да ги свртиме работите во наша корист“, најави Лучо.
Елмас стрелец во победата на Торино во Монца
Елиф Елмас експресно брзо се адаптираше во новата средина, нешто што можеше и да се очекува со оглед на искуството кое веќе го имаше доживеано во Серија А.
Македонскиот репрезентативец беше најавен како огромно засилување во Торино, а првите три натпревари во дресот на „биковите“ и ги оправдуваат таквите епитети.
По деби голот на првиот меч со Болоња, Елмас одигра 60 минути на натпреварот против Милан кој Торино го доби со 2-1, а офанзивниот фудбалер ова попладне го постигна и вториот гол во новиот клуб.
Неделната програмата во Серија А е отворена со натпреварот меѓу Монца и Торино на „Бриантео“ стадионот, средба која беше отворена пред крајот на првиот дел токму од Елмас.
Торино ја искористи теренската иницијатива за да стекне предност пред паузата, а човек на одлука беше Елмас кој изреагира како одличен голгетер во 41-та минута.
Ѓорѓиоски: Струга можеби има најквалитетен тим во првата лига!
Илчо Ѓорѓиоски ја прифати улогата и ја презеде клупата на Струга за продолжението од сезоната. Македонскиот првак е далеку во трката за трофејот, а тоа ја натера управата да ја прифати оставката на Ќатип Османи.
По доаѓањето на клупата, дебито Ѓорѓиоски ќе го има против Силекс в недела, а сега ја даде првата изјава по потписот со стружани.
„Задоволство е да се води овој клуб. Дојдов во шампионска средина, клубот има високи амбиции секоја сезона. Верувам во овој проект и мислам дека можеме да бидеме успешни. Мислам дека Струга има можеби најквалитетен тим, но мора да работиме на компактноста и очекувам сите играчи да го дадат својот максимум. Ако успееме во нашата намера, мислам дека би можеле на крајот да освоиме барем еден од трофеите, а зошто не и двата. Ја познавам екипата, го следев секој натпревар. Знам каков квалитет поседува тимот, но сега јас имам задача да го извлечам максимумот од сите поединци.
Целта е да создадеме колективен квалитет кој ќе ни донесе позитивни резултати. Пријатно сум изненаден од пречекот, од управата и од организацијата во клубот. Струга напредува изминативе години, сега ми е појасно зошто е тоа така. Ќе се подобруваме во сите сегменти, се надевам дека ќе имаме и европско лето. Имаме големо заостанување од позициите кои водат во еврокуповите, но мислам дека можеме да ги достигнеме. Ако освоиме најмалку еден трофеј сезонава, тоа ќе биде одличен успех за нас“, изјави Ѓорѓиоски.
Во моментов Струга е петтопласирана со 32 бода. Натпреварот во Кратово се игра в недела во 14:00 часот.