Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период.
Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци.
„Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без контакт“, рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во сезонава има еден гол и една асистенција.
Гатузо пред промоција во Олимпик Марсеј
Џенаро Гатузо го договорил својот нов ангажман, според последните
информации, легендарниот Италијанец денес треба да пристигне во
Марсеј и да потпише договор со францускиот гигант.
Гатузо ги договорил сите детали со Марсеј и останува само потписот и официјалната промоција. Пред неколку недели Гатузо се најавуваше како можен нов тренер на Лион откако си замина Лорен Блан, но на крајот таа позиција му припадна на Фабио Гросо. Покрај Гатузо, како можен нов тренер на Марсеј се споменуваа и имињата на екс-тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие и Игор Тудор, но изборот на крајот паднал на темпераментниот Италијанец. Ќе потсетиме, местото тренер во Марсеј е празно откако Марселињо по краткиот престој од неколку месеци си замина од клубот. Причината за неговото заминување беше заканите кои ги добивал тој и неговото семејство по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите.
Варшава домаќин на Суперкупот на Европа следната година
Наредната година Суперкупот на Европа ќе биде одигран на
националниот стадион – „Народови“ во полскиот главен град
Варшава, објави денеска УЕФА.
Мечот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите и освојувачот на
Лигата на Европа ќе биде реализиран на 14 август. Стадионот има
капацитет од 57.000 седишта. Пред само две години, стадионот во
Гдањск беше домаќин финалето на Лига Европа меѓу Вилјареал и
Манчестер Јунајтед.
Финалето пак, на Лига Европа се одигра на националниот стадион во
Варшава во 2015 година. Ќе потсетиме дека уште еден полски град,
Вроцлав, ќе биде организатор на финале во Конференциската лига во
2025 година.
Барнс го чека долга пауза по повредата во Шефилд
Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период. Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци. „Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без контакт“, рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во сезонава има еден гол и една асистенција.
Евротип како општествено одговорна компанија потпиша меморандум за соработка со Славјански универзитет
Денес, 27.09.2023 година на Меѓународниот Славјански универзитет во Битола беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот славјански универзитет и Евротип – спортски обложувалници, компанија која е составен дел од КС Групацијата.
Со овој Меморандум се отвораат можности за сите студенти на универзитетот да можат дел од својата практична настава да ја обават во фирмите на КС Групацијата. Она што е многу важно е дека КС Групацијата како општествено одговорна компанија на годишно ниво ќе доделува вредни стипендии за најталентираните студенти на МСУ, со можност и за идно вработување во дел од компаниите. Потписници на Меморандумот се основачот и претседател на
Управниот одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев и основачот на КС Групацијата, г-дин Никола Митровски. Длабоко веруваме дека со ваквата можност која се нуди на студентите од страна на домашни компании, ќе се стимулира квалитетот и талентираните студенти со основна цел истите да останат и да творат во својата држава наместо својата егзистенција да ја бараат надвор од Македонија.
Ребров го објави списокот за клучниот натпревар против Македонија
Фудбалската репрезентација на Украина во октомврискиот циклус ќе и биде домаќин на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот поради воениот конфликт во Украина, ќе се одигра на неутрален терен во Прага, а исто така имаат казна од УЕФА и нема да имаат можност да го исполнат целиот стадион.
Во пресрет на натпреварот, украинскиот селектор Сергеј Ребров го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета, а на него се наоѓаат 25 имиња и плус три резерви.
Михаило Мудрик (Челзи), Олександр Зинченко (Арсенал), Виктор Циганков (Џирона), Руслан Малиновски (Џенова), Сергеј Сидорчук (Вестерло), Тарас Степаненко (Шахтјор), Георги Судаков (Шахтјор), Јехор Назарина (Шахтјор), Олександр Зубков (Шахтјор), Андриј Јармоленко (Динамо), Виталиј Бујалски (Динамо Киев)
Напад:
Артен Довбик (Џирона), Роман Јаремчук (Валенсија), Владислав Ванат (Динамо Киев)
Покрај овие имиња, на списокот се и три резерви, Пихалонок, Сваток и Тимчук. Украинците три дена по дуелот со Македонија (14 октомври), гостуваат на селекцијата на Малта (17 октомври).
Артета може да здивне, Рајс не е сериозно повреден
Деклан Рајс кој мораше да биде заменет на неделното дерби со Тотенхем нема сериозна повреда. По натпреварот тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Англичанецот почувствувал голема непријатност во грбот и дека го чекаат лекарски прегледи.
Според „Скај Спортс“, Арсенал стравувал дека Рајс може да се соочи со подолга пауза, но медиумите пренесуваат дека играчот од средниот ред
бил подложен на низа тестови, а резултатите покажале дека 24-годишниот Англичанец не е засегнат од некој сериозен проблем.
Информациите велат дека Рајс веќе викендов би можел да се врати во акција за натпреварот против Борнмаут.
Осимен им се извинил на соиграчите и на тренерот Гарсија
Виктор Осимен не ја поднесе најдобро одлуката на тренерот Руди Гарсија да го извади од теренот на мечот со Болоња и бурно реагираше.
Осимен јасно го искажа незадоволството од одлуката на Руди Гарсија и влезе во вербална расправија со тренерот. Информациите од Италија велат дека тој денеска му се извинил на Гарсија и на соиграчите поради неговото непристојно однесување.
Медиумите потсетуваат дека минатата недела кога Наполи одигра 2:2 против Џенова и Кварацхелија имаше слична реакција како Осимен, па очигледно дека ситуацијата во тимот не е добра.
Рабио има две понуди од Англија, можно заминување уште во јануари
Адриан Рабио ова лето реши да остане во Јувентус, но потпиша договор за само една сезона, па јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.
Силен интерес за Французинот покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл, кои ќе се обидат да го доведат уште во јануари. Рабио одигра одлично на Мундијалот и е еден од најдобрите поединци кај Јувентус, но има договор до крајот на сезоната и е спремен да ја промени средината.
Премиерлигашите се спремни да испратат понуда во јануари со цел Јувентус да не го загуби фудбалерот без обештетување.
Доколку „старата дама“ не сака да го пушти на средина од сезоната Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе му понудат богат договор за на лето да пристигне без обештетување.
Иднината на Лука Модриќ е во Интер Мајами
Лука Модриќ ова лето остана во Реал Мадрид, но повеќе не е недопирлив во тимот на „кралевите“ и почнаа критики на негова адреса.
Поради тоа Хрватот би можел уште во јануари да ја промени средината, а силен интреес за него покажува Интер Мајами.
Клубот од МЛС лигата може да достави понуда веќе во јануари, кога ќе биде последна шанса за „кралскиот клуб“ да добие трансферна сума, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.
Интер Мајами ова лето донесе неколку ѕвезди во тимот како Меси, Бускетс и Алаба, па сега го сака и Модриќ.