feature

Лесор сака дуел ПАО – Партизан на Ф4 во Берлин

Матијас Лесор кој пред неколку месеци го напушти тимот на Партизан и реши кариерата да ја продолжи во грчки Панатинаикос, за оваа сезона во Евролигата, има една посебна желба.

Според него, би бил среќен доколку се сретне на мегдан против Партизан во „фајнал-фор“ турнирот годинава, бидејки самиот Лесор смета дека има фантастичен однос со навивачката група „Гробари“ и дека тие ќе го скандираат неговото име.

„Имав неверојатна поврзаност со навивачите на Партизан, имавме одлична сезона, но на почетокот од претходната сезона, не верував дека ќе имаме така добра сезона“.

Лесор во Панатинаикос соблекувалната ќе ја дели со еден негов колега од Партизан, бидејки како што е познато и Јоанис Папапетру ова лето го напушти Партизан и се пресели кај „детелинките“ во Атина.

„Го познавам добро и среќен сум што ќе играме повторно заедно. Минатата година многу се зближивме и ќе бидеме уште поблиски. Уште сум во контакт со кошаркарите на Партизан. Сезонава мислам дека приоритетот ни е ист како и на Партизан, да стигнеме до Ф4, се надевам дека ќе се сретнеме со Партизан во таа фаза“, порача францускиот центар.


Романската федерација казнета заради политичкиот транспарент против Косово

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Романија со играње на еден натпревар без присуство на публика и парична казна од 52.000 евра поради инцидентите со на натпреварот од квалификациите за ЕП против Косово, соопшти УЕФА.

На 12 септември Романија го победи Косово 2-0 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, а натпреварот беше прекинат во 23. минута поради скандирањата на тамошните навивачи: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.

Романија не го признава Косово како независна држава, но УЕФА не дозволува политички скандирања на фудбалските натпревари. Романија на 15 октомври без присуство на навивачи ќе ја пречека селекцијата на Андора во натпреварот од групата И од квалификациите за ЕП 2024 година.


Монтела е нов селектор на турската репрезентација

Поранешиот напаѓач на Италија и на екипата на Рома, Винченцо Монтела ќе биде назначен за селектор на репрезентацијата на Турција, потпишувајќи тригодишен договор. „Авиончето“, како што го нарекуваат Монтела, наводно постигнал договор со Турската федерација и наскоро ќе потпише тригодишен договор.

Монтела го напушти турскиот тим Адана Демирспор минатиот јуни каде последен пат работеше како тренер. Тој ја започна својата менаџерска кариера во младинскиот погон на Рома и беше промовиран за тренер на првиот тим во 2011 година.

Потоа двапати работеше на чело на Катанија, Сампдорија, Милан и Фиорентина.


Перишиќ сериозно се повреди, го чека долга пауза од терените

Toтенхем во последниот период игра во одлична форма, но сега се соочува со сериозен удар затоа што поголем дел од сезоната ќе биде без Хрватот, Иван Перишиќ.

34-годишниот Перишиќ се здобил со тешка повреда на тренингот на „петлите“. Од Тотенхем и Фудбалската федерација на Тотенхем потврдија дека Хрватот ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Сега, Перишиќ мора да оди на операција и го чека долга пауза. Хрватот нема да може да игра фудбал најмалку пет месеци, а можеби и повеќе.

Перишиќ во Тотенхем е од 2022 година и досега одигра 37 натпревари на кои постигна еден гол.


Тотенхем има опција да го врати Кејн од Баерн

Хари Кејн летово се пресели во Баерн Минхен, но сега навивачите на лондонскиот клуб добија тронка надеж дека англискиот голгетер може да се врати во Тотенхем. Имено, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека постои клазула според која можат да го вратат Кејн.

„Постои клазула со која можеме да го вратиме Кејн“, изјави Леви.

Но, засега енма објаснување за каква точно клазула станува збор и кога би можела да се активира. Кејн во Баерн премина за сума од 100 милиони евра со што стави крај епизодата во Тотенхем која започна во 2004 година.

За Тотенхем, Кејн одигра 435 официјални натпревари и постигна 280 голови во сите конкуренции.


Ламин Јамал сруши уште еден рекорд, сега во ЛШ

Влегувајќи како замена на мечот против Антверпен на 16 години и 68 дена, напаѓачот на Барселона Ламин Јамал стана најмладиот играч на тимот кој дебитирал во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Јамал стана вториот најмлад дебитант во историјата на турнирот по Јусуфа Мукоко, кој играше во Лигата на шампионите на 16 години и 18 дена за Борусија Дортмунд на мечот со Зенит на 8 декември 2020 година.

Да потсетиме, зиноќа се одигра натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите во кој се сретнаа шпанска Барселона и белгиски Антверпен. Натпреварот заврши со убедлива победа на Барселона од 5-0, а Јамал влезе на теренот во 68. минута, заменувајќи го стрелецот на голот Жоао Феликс.


Левандовски влезе во „клубот 100“ на ЛШ

Полскиот голгетер Роберт Левандовски учествуваше во фантастичниот триумф на Барселона против Антверпен, а во исто време го запиша своето име во историјата на европските натпреварувања.

Тој стана трет фудбалер во УЕФА куповите кој успеа да ја достигне бројката од 100 гола. До синоќа, во тоа друштво беа само Кристијано Роналдо со 145 и Лионел Меси со 132, а сега и Левандовски е на „котата 100“. Од нив, шест има за Лех, 18 за Борусија Дортмунд, 69 за Баерн и 7 за Барселона и сето тоа на само 139 натпревари.

Во исто време, Антверпен стана 33. европски клуб против кој Левандовски успеал да се запиша во листата на стрелците. Најмногу има Меси (40), потоа е Роналдо (38), па Бензема (34).


Како Лапорта изгради моќна Барса за без пари

Барселона е на пат да ја врати старата слава и да ја помине кризата која го тресеше клубот од 2020 година до лани.

Финансиските проблеми уште не се надминати, но „каталонците“ чекорат кон заздравување и на економски и на резултатски план. Минатата сезона беа освоени два трофеја, а последните два натпревара се доказ дека Барса има силен тим и може да се бори со најдобрите.

Најголеми честитки за тоа заслужува претседателот на клубот Жоан Лапорта кој по којзнае кој пат покажа дека е волшебник. „Стариот лисец“ направи фантастичен летен преоден рок, на Чави му ги донесе сите посакувани фудбалери, а во исто време продаде играчи со кои заработи безмалку 80 милиони евра.

Од петте засилувања кои ги донесе Барселона, четири се бесплатни, а за петтото се платени безначајни 3,4 милиони евра. Илкај Гундоган и Ињиго Мартинес дојде во слободни трансфери од Манчестер Сити и Атлетик Билбао, Жоао Феликс и Жоао Кансело се позајмени од Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, а платен е само Ориол Ромеу. Сите петмина се фудбалери од светска класа и можат да бидат значаен фактот за Барса во борбата на четири фронта.


Надал: Новак ќе беше фрустриран ако не го собореше рекордот

Рафаел Надал веќе подолго време не е активен на тениските терени, а тоа на најдобар можен начин беше искористено од неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ кој успеа да го мине на вечната листа на освоени грен слемови, поточно со последниот триумф на УС Опен веќе има две титули повеќе (24/22) на најзначајните турнири.

Надал имаше интервју за „Мовистар“ во кое истакна дека е задоволен од тоа што има постигнато, односно опуштен и немам никаква фрустрација по однос на тоа прашање со тоа што смета дека кај Ѓоковиќ е сосема поинаква приказна.

„Не сум фрустриран од едноставна причина, затоа што верувам дека направив се што можев во рамките на моите можности,

Може. Земете го Новак за пример. Тој ја живееше таа грен слем приказна поинтензивно од мене. За него ќе биде поголема фрсутрација тоа да не го оствари. Токму и поради тоа дојде до тој рекорд“, порача Рафа.


Голманот Сиригу потпиша за Ница

Италијанскиот фудбалски голман Салваторе Сиригу е нов играч на Ница, потврди денеска францускиот клуб. Тој доаѓа во клубот како наследник за Каспер Шмајхел и треба да го замени Данецот кој си замина летово од клубот.

Тој ја напушти Фиорентина на крајот од минатата сезона, а во Ница пристигнува како слободен играч.

Во текот на кариерата Сиригу настапуваше за Фиорентина, Наполи, Џенова, Торино, Осасуна, Севиља, ПСЖ, Палермо…

Исто така искусниот голман забележа 28 настапи за италијанската репрезентација.