feature

Бернардо Силва следното лето е слободен за 50 милиони евра

Договорот на Бернардо Силва со Манчестер Сити вклучува ослободителна клаузула. Минатото лето ПСЖ и Барселона многу се обидуваа да го ангажираат Португалецот. Каталонскиот клуб особено интензивно работеше на трансферот на Силва по заминувањето на Осман Дембеле во ПСЖ.

Сепак, Манчестер Сити зазеде јасен став и официјално ги извести двата клуба дека Бернардо Силва не е на продажба. „Граѓаните“ не ги разгледуваа понудите за Силва, бидејќи го загубија Илкај Гундоган.

Бернардо Силва потоа потпиша нов договор до 2026 година. Според Фабрицио Романо, тој вклучува ослободителна клаузула од 50 милиони фунти, која ќе биде активирана следното лето. Силва и неговата околина сакаа клаузула во договорот, бидејќи играчот веќе две години беше отворен за заминување од Манчестер Сити.


Нагелсман пред промоција за нов селектор на Германија

Јулијан Нагелсман наскоро добива нов ангажман, односно ќе стане селектор на Германија откако ја прифатил понудата од Фудбалскиот сојуз на државата.

„Билд“ објави дека Нагелсман е пред промоција во нов селектор, каде што ќе го наследи Ханси Флик на клупата.

Германија реши да направи промени пред следните предизвици затоа што селекцијата играше многу лошо под водство на Флик.


Карвахал отпадна од комбинација за дуелот против Унион Берлин

VALLADOLID, SPAIN – DECEMBER 30: Daniel Carvajal of Real Madrid reacts during the LaLiga Santander match between Real Valladolid CF and Real Madrid CF at Estadio Municipal Jose Zorrilla on December 30, 2022 in Valladolid, Spain. (Photo by Juan Manuel Serrano Arce/Getty Images)

Карло Анчелоти има многу квалитетни играчи на располагање, но утре ќе мора да комбинира без еден од најискусните фудбалери во составот.

Реал Мадрид ја започнува сезоната во Лигата на шампионите со натпревар против Унион Берлин, а поради повреда во комбинација нема да биде Дани Карвахал.

Искусниот бек заработил мускулна повреда и не се појавил на денешниот утрински тренинг, а Реал најави детални прегледи по што ќе биде познато каков е карактерот на проблемот на Карвахал.

„Марка“ истакнува дека ова е удар за Реал бидејќи Карвахал одлично ја започнал сезоната и играл во врвна форма за Реал и репрезентацијата, а уште отсега е јасно дека бекот ќе го пропушти и градското дерби со Атлетико.

Анчелоти од претходно не може да смета ниту на Винисиус, Арда, Милитао и Куртоа.


Дракслер го напушти ПСЖ и потпиша за Ал Ахли од Катар

Јулијан Дракслер и официјално има нов клуб, откако го напушти Пари Сен Жермен некогашниот голем талент на германскиот фудбал потпиша за Ал Ахли од Катар.

Минатата сезона Дракслер ја помина како позајмен фудбалер во Бенфика, а сега потпиша двегодишен договор со катарскиот фудбал. Германецот е третиот фудбалер на ПСЖ кој прави трансфер во Катар, претходно Верати и Абду Дијало потпишаа за Ал-Араби.

За ПСЖ Дракслер играше од 2017 година и запиша 198 настапи на кои постигна 26 гола.


Сити има највреден тим во Лигата на шампионите

Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, Манчестер Сити, вреди 1,18 милијарди евра. Втората позиција е за Арсенал кој има пазарна цена од 1,09 милијарди евра додека на третото место е Париз Сен Жермен со 1,04 милијарди евра.

Во Топ 10 влегуваат: Реал Мадрид (991), Баерн (Минхен) (897), Манчестер Јунајтед (882), Барселона (814), Њукасл (598), Наполи (577) и Милан (529 милиони).

Најмалку вреди на пазарот швајцарскиот Јанг Бојс. Најмлад состав има РБ Салцбург додека највозрасен е тимот на Атлетико Мадрид со просек од 28,5 години.


ПСЖ под истрага во УЕФА заради сомнителни трансфери

Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори истрага против ПСЖ поради трите трансфери во Катар за кои постои сомневање дека се спорни.  

Станува збор за заминувањето на Верати за 45 милиони евра, на Јулијан Дрекслер во Ал Ахли, платен за 15 милиони евра и на Абу Диало кој беше продаден за девет милиони евра.

УЕФА ќе истражува дали парите од Катар ќе му помогнат на ПСЖ да прикаже приходи со цел да се исполнат условите од финансискиот фер-плеј.


Педри се враќа на терените во октомври

Барселона не планира да брза со враќањето на Педри. Играчот заработи повреда на крајот на август кога го повреди квадрицепсот. Се очекуваше закрепнувањето на играчот од средниот ред да трае најмалку месец и половина.

Според „Диарио Спорт“, стручниот штаб на Барселона не сака да го принуди Педри да се врати бидејќи го сметаат за клучен играч. Забележано е дека физичката кондиција на Гави , Френки Де Јонг , Ориол Ромеу и Илкај Гундоган исто така овозможува да не се ризикуваат при рехабилитацијата на Шпанецот.

Во моментов Педри вежба во теретана, а се очекува за неколку дена играчот од средниот ред да започне со индивидуални тренинзи на теренот. Се очекува Педри да биде достапен за Барселона по репрезентативната пауза во октомври – со планот на стручниот штаб да го има на располагање за натпреварот против Реал Мадрид на 28 октомври.


Монтела е главен кандидат за нов селектор на Турција

Медиумите од Италија пренесуваат дека Винченцо Монтела е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на Турција.

Според информациите, Монтела би требало да биде замената за Штефан Кунц кој доби отказ од селекторската позиција на Турција, после поразот во пријателскиот натпревар со Јапонија.

49-годишниот Монтела има искуство со турскиот фудбал бидејќи тој претходно беше тренер на Адана Демирспор. Во својата кариера ги има водено и екипите на Рома, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Севиља.


Бартоли: Ако Ѓоковиќ беше Американец – ќе имаше статуа во својот град

Новак Ѓоковиќ често пати е тема на разговори, според многумина тој е најдобриот тенисер во историјата, некои би кажале и најдобриот спортист.

Сега се огласи поранешната победничка на Вимблдон, Французинката Марион Бартоли.

„Новак нема статус каков што заслужува. Сите ние добро знаеме да беше Американец, со сите рекорди и титули кои што ги има освоено, ќе имаше статуа во секој град. Тоа го нема затоа што е Србин. Србија е мала земја која има и тоа како бурно минато и историја“, изјави Бартоли во интервју за медиумите.


Почетино побара време за прилагодување на Мудрик

Михајло Мудрик не успева да се адаптира на условите во Премиер-лигата, вели  менаџерот на Челзи, Маурицио Почетино.

Украинецот кој беше купен за големи 88.5 милиони евра, нема постигнато гол на 19 натпревари во елитата на Англија. Затоа, аргентинскиот стратег, најави, дека ќе обрне внимание на играта на 22-годишниот напаѓач.

„Тој има што да научи бидејќи во Премиер лигата е се многу брзо. Ќе му дадам време да се подобри во сезонава“, потенцираше тренерот на „сините“.