feature

Кина е следната дестинација на Бобан Марјановиќ

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ ќе се пресели во Кина. Според информациите, Марјановиќ кој се врати во Евролигата по речиси девет години минати во НБА, каде играше за Сан Антонио, Детроит, Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон, но не успеа да остане во редовите на Фенербахче, па сега е во преговори со неколку кинески тимови.

Во средината на септември, Марјановиќ му се приклучи на Фенербахче, потпишувајќи едногодишен договор со опција за предвремен раскин до јануари.

Турскиот Фенербахче пред некој ден и официјално објави раскинување на соработката со српскиот центар (36 години, 224 см).


Степанчиќ го замени ПИК Сегед со Висла Плоцк

Полскиот шампион Висла Плоцк го потврди доаѓањето на искусниот Лука Степанчиќ, кој во тимот на Хавиер Сабате ја остане најмалку шест месеци.

Хрватскиот десен бек во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Ал Араби од Кувајт, па за кратко време се враќа на европско тло и повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Степанчиќ во својата кариера настапуваше за Загреб, беше дел и од ПСЖ и ПИК Сегед. Со репрезентацијата на Хрватска освои бронзен медал на Светското првенство 2013 и сребро на континенталниот собир во 2020.


Монтоја: Верстапен нема да е фаворит за титулата следната сезона

Според поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен нема да биде меѓу фаворитите за освојување на титулата во 2025 година.

Колумбиецот верува дека поради заостанувањето, кое се забележа кај Ред Бул во текот на сезоната 2024, Верстапен нема да биде меѓу главните конкуренти следната година. Според Монтоја, возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и на Ферари (Шарл Леклер и Луис Хамилтон) ќе се борат за титулата.

-За Верстапен следната сезона ќе биде тешка. Доколку Ред Бул не направи ненадеен голем чекор напред, ќе му биде многу тешко да стане шампион со овој болид. Тие едноставно немаат брзина во моментов. Не го гледам како фаворит. Ако ги погледнете последните трки од сезоната, нема шанси да се смета за фаворит. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе прават Ред Бул следната година, но мислам дека битката за титулата ќе се води меѓу возачите на Мекларен и Ферари. За мене уште поверојатно е дека возачите на Мерцедес ќе бидат пред Ред Бул, изјави Монтоја.


Браун спремен за враќање о операцијата на рамото

Кошаркарот, Џон Браун, ја заврши рехабилитацијата. Најдобриот одбранбен играч на последното издание на францускиот шампионат го загуби местото во Mонако по операцијата на рамото.

Американецот неодамна се активираше во Црвена Ѕвезда. Тој потпиша потпиша договор со клубот на 9 декември и сега е подготвен да дебитира за својот нов тим. Неговиот прв натпревар за „црвено-белите“ ќе биде против Крка во рамките на Јадранската лига.

Браун во изминатата сезона имаше просек од 6 поени и 3,7 скока на натпреварите во Евро-лигата.


Еден Португалец замина, друг дојде на клупата на Милан

Пауло Фонсека и официјално повеќе не е тренер на Милан. Португалецот беше отпуштен по нерешените 1:1 на домашен терен против Рома. Самиот тренер тоа го потврди по натпреварот за локалните медиуми.

„Да, точно е, јас веќе не сум дел од Милан. Ова е животот. Совеста ми е чиста бидејќи направив се што беше во моја моќ”, изјави Фонсека.

Милан под водство на португалскиот тренер забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази во сите натпреварувања.

Воедно, раководството на „росонерите“ веќе се договори со неговиот наследник. Тимот ќе го преземе уште еден Португалец – Серхио Консенсаио. Поранешниот тренер на Порто се очекува денес да пристигне во Милано и да потпише договор до крајот на сезоната. Неговата плата ќе биде 1 милион. евра. Неговиот договор ќе има опција за продолжување на уште една година.


Салах руши рекорди, Египќанецот е прво име на сезоната во Премиер лигата

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах ја продолжи својата неверојатна сезона бидејќи постигна гол и даде две асистенции во демолирањето на Вест Хем Јунајтед вчера со 5-0 во натпреварот од Премиер лигата.

Со тоа, Салах сега одигра осум натпревари оваа сезона на кои постигна гол и имаше најмалку една асистенција. Со тоа, Египќанецот стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал ваков подвиг во една сезона.

Ливерпул на Арне Слот е убедливо на врвот во лигата со 45 бода и е фаворит за освојување на титулата во лигата. Самиот Салах има 17 гола и 13 асистенции во Премиер лигата, а вкупно до овој момент има постигнато 20 гола и 17 асистенции во сите натпреварувања.


Барса се вклучи во трката по Алфонсо Дејвис

Барселона е заинтересирана за потписот на левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, oва го пренесува Мундо Депортиво.

Според изворот, каталонскиот гигант сака да го ангажираат играчот во следниот преоден рок и веќе преговараат. Исто така во информациите се вели дека неговиот агент побарал бонус за потпишување од 30 милиони евра и плата од повеќе од 12 милиони евра годишно.

Да потсетиме, Дејвис се приклучи на тимот на Баерн Минхен на 1 јануари 2019 година. Актуелниот договор на играчот со клубот е до крајот на јуни 2025 година. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше на 21 натпревар, каде постигна еден гол и три асистенции.


Мбапе во тимот на годината на Лига 1

Весникот „Л’Екип“ го објави симболичниот тим од најсилната фудбалска лига на Франција за 2024 година.

Во него влегува и Килијан Мбапе кој во изминатото лето го напушти ПСЖ и се пресели во Реал Мадрид. Еве како изгледа изборот на реномираниот медиум.

Голман : Лука Шевалие (Лил). Дефанзивци : Ашраф Хакими, Маркињос, Нуно Мендеш (сите ПСЖ), Вилфред Синго (Монако). Играчи од средниот ред : Осман Дембеле, Витиња, Бредли Баркола (сите ПСЖ), Пјер Ле Мелу (Брест). Напаѓачи : Џонатан Давид (Лил), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид).


Целосен ремонт во Охрид, Воска отпушти девет фудбалери

Најслабиот тим во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт се раздели со дури девет играчи кои го носеа дресот во есенскиот дел од шампионатот.

Охриѓани ја прекинаа соработката со Маумет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски.

Воска по есенскиот дел од првенството се наоѓа зацементирана на последното место на табелата со само 12 бода по 18 одиграни кола.


ФИФА му забрани трансфери во три преодни рока на Шкупи

Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи нема да може да регистрира нови фудбалери до 2026 година, одлучи Светската фудбалска централа (ФИФА).

Одлуката објавена и на интернет страницата на ФИФА.

Ваква забрана се изрекува на клубови поради неподмирени финансиски обврски кон поранешни или сегашни членови.