feature

Малезија ја враќа трката во Формула 1 во календарот

Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот.

Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати.Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија.

„Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се вратиме. Има листа на чекање за враќање, а секако трошоците се многу високи.

Ни беше кажано дека компензациите се 70 милиони долари по трка. Тоа не ги вклучува трошоците за подготовка, кои се помеѓу 2,3 и 4,7 милиони долари за секој настан. Вкупно, враќањето на трката би нè чинело повеќе од 73 милиони“, рече Шафриман.


Драконска казна заради допинг за украинска атлетичарка

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ).

„АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“.

29-годишната Бех-Романчук била позитивна на тестостерон, анаболичен стероид, на тест спроведен на 7 декември 2024 година. Привремено била суспендирана во мај оваа година.

Во својата кариера, таа освоила сребрени медали на светските првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.


Мбапе од пенал ја сруши Осасуна на стартот на сезоната во Шпанија

Реал Мадрид синоќа ја победи Осасуна со 1-0 на домашен терен дома во првото коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на беше Килијан Мбапе од пенал во 51. минута.

На крајот од натпреварот, одбранбениот фудбалер на тимот од Памплона, Абел Бретонес, доби црвен картон.

Во второто коло од шпанското првенство, Реал Мадрид ќе игра на гости против Овиедо на 24 август. Осасуна ќе биде домаќин на Валенсија истиот ден.


Челзи никако не може да го продаде Стерлинг

Фудбалерот на Челзи, Рахим Стерлинг, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, објави Телеграф.

Лондонските „Сини“ се отворени за понуди за позајмица за 30-годишниот Англичанец.

Исто така, се објавува дека Челзи сака да добие уште осум играчи пред да се затвори преодниот рок.

Стерлинг ја помина сезоната 2024/25 во Арсенал. Тој на 28 натпревари постигна еден гол и пет асистенции.


Пешиќ: Србија не е само Богдановиќ и Јокиќ

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, се осврна на репрезентацијата и претстојниот Евробаскет. Србија се смета за главен кандидат за трофејот.

Ние не сме само Јокиќ и Богдановиќ. Ова е тим од 10 играчи, плус Јокиќ и Богдановиќ. Ова е многу важно да се разбере. Тимот има континуитет, индивидуални квалитети на играчите. Секако, двајцата се фантастични играчи. Ниеден врвен тим не може без лидери. Но, и останатите наши кошаркари се многу квалитетни, не ги заборавајте.

Нашите главни ривали се Турција. Потоа Литванија, Летонија и Италија. Исто така, Грција, го имаат Јанис Антетокумпо, кој ги прави сите во тимот поопасни. Германија, Шпанија и Франција се исто така на листата, но им недостасуваат клучни играчи. Ќе им биде тешко без своите лидери, иако сè може да се случи ако успеат да го компензираат ова, изјави Пешиќ.

Тој смета дека по НБА и Евролигата, континенталниот собир е најдоброто нешто во однос на квалитетот на кошарката.

Евробаскет 2025 ќе се игра од 27 август до 14 септември Кипар, Финска, Полска и Летонија.

Србија е во А-групата заедно со репрезентациите на Португалија, Естонија, Летонија, Турција, и Чешка.


Мајорка се засили со Албанецот Кумбула

Шпанскиот фудбалски состав, Мајорка, потврди дека го ангажирал централниот дефанзивец на Рома, Мараш Кумбула.

Тимот од Примера Дивизион првично ќе плати 6 милиони евра а доколку се определи да му го откупи договорот во наредното лето, ќе треба да додаде уште два милиона на сметката на „волчицата“.

Кумбула играше како позајмен и во Верона, Сасуоло и Еспањол.


Меси во септември за последен пат ќе игра во Буенос Аирес

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.

Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.

„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.

„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“

Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.


Осијек го позајми Манев во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Суперлига во сезоната 2024/25.

По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.

Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.


Џон Вол означи крај на кариерата

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи.

По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“.

Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот.

Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 година, а потоа играше за Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс, а од 2023 година, Џон Вол нема тим.

Тој беше елитен НБА плејмејкер, прототип на играч од старата школа кој секогаш ќе се стреми прво да асистира и имаше просек од 18,7 поени со 8,9 асистенции, 4,2 скока и 1,7 украдени топки во 647 натпревари во кариерата во НБА.

Во 2019 година, Вол потпиша супермакс договор со Вашингтон, во во краток период доживеа две тешки повреди што го доведоа до депресија и речиси ја завршија неговата кариера уште тогаш.


Јован Манев пред промоција во Нови Пазар

Македонскиот репрезентативец, Јован Манев кој не се изнаигра во Ријека, би можел да се пресели во српското првенство, тој е пред трансфер во Нови Пазар.

Овој клуб се наметнува како еден од постабилните во Суперлигата на Србија, а сега сака да го засили составот со нашиот Манев.

Наводно преговорите се во завршна фаза и наскоро трансферот треба да биде потврден.

Манев кариерата ја почна во Осогово од каде се пресели во Брегалница. Потоа замина на печалба во странство, прво во Адана Демирспор, па Осијек и Ријека.