feature

Мартин Ѓорѓиевски: За Брера ќе биде убав старт на сезоната ако не загуби во Кратово

Брера лани успеа да обезбеди опстанок во последен миг, а во новата сезона струмичкиот прволигаш ќе се обиде да биде што е можно повеќе безгрижен на тој план. Фокусот и понатаму е ставен на промоција на млади фудбалери, а тренерот Панче Стојанов има за цел сето тоа да го оформи во еден мотивиран тим со силен натпреварувачки дух.

Еден од лидерите на овој состав на Брера е младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски, кој најавува дека тимот од Струмица е подготвен за почетокот на сезоната.

На стартот, Брера гостува во Кратово, оди на мегдан кај Силекс, во последниот натпревар од првото коло во Првата фудбалска лига.

„Брера продолжува по истиот терк. Тимот е делумно променет, но филозифијата е идентична, млади фудбалери желни за докажување се јадрото на нашиот состав. На почетокот одиме во Кратово, навистина тешко гостување, но подготвени сме да прикажене сѐ што знаеме и се разбира дека очекуваме позитивен резултат. Ако не загубиме во Кратово, мислам дека тоа ќе биде добар исход за Брера од првото гостување во новата сезона. Работевме напорно во подготвителниот период и желни сме да почнеме со првенствените искушенија. Максимален респект за Силекс, тие се одличен тим, лани завршија на втората позиција, а ова лето учествуваа и во европските купови. Во секој случај, голем предизвик за нас, и ќе се обидеме да одговориме со успех“, изјави Мартин Ѓорѓиевски, во пресрет на стартот на новата сезона за Брера.


Јанис ќе му се приклучи на Кари во Голден Стејт

Американските медиуми зборуваат за грчката суперѕвезда Јанис Антетокумпо, поточно дали ќе ги напушти Милвоки Бакс.

Крилниот центар засега мудро молчи, но добрите НБА експерти веруваат дека постои основа за приказна за тоа како најдобриот кошаркар на Милвоки, кој е желен да освои уште еден прстен, би можел да го промени тимот.

Антетокумпо го носи дресот на Бакс 12 сезони и ги водеше до шампионската титула пред четири години.

Раководството на Милвоки направи сè за да го задоволи Антетокумпо и неговите спортски амбиции, па пред две години го доведоа еден од најдобрите шутери во лигата, Дамијан Лилард, од Портланд.

Но, тоа не помогна, Бакс беа елиминирани во првото коло од плејофот во последните две сезони (двата пати беа елиминирани од Индијана Пејсерс).


Барди со гол од пенал дебитираше за Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол на свој прв официјален натпревар за Коњаспор.

Македонецот вчеравечер на средбата со Ејупспор погоди од пенал во 33.минута.

Коњаспор го доби мечот со 4:1 и во моменто заедно со Галатасарај и Гезтепе се на врвот на табелата во турската Супер лига.


Камавинга се повреди, ќе го пропушти стартот на сезоната

Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга веројатно ќе го пропушти почетокот на сезоната за Реал Мадрид, бидејќи играчот од средниот ред се опоравува од повреда на зглобот, објави весникот „Л’Екип“.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека Камавинга ги пропуштил последните тренинзи на Реал и нема да игра на последниот пријателски натпревар на Кралскиот клуб против австрискиот Тирол, кој е во вторник.

Реал Мадрид ја започнува сезоната во Ла Лига со натпревар против Осасуна на 19 август.

Минатата сезона, Едуардо Камавинга не играше за Реал Мадрид во четири периоди, главно поради проблеми со мускулите. Поради повреда на мускул, Французинот ги пропушти последните девет натпревари на Реал Мадрид во првенството, како и завршниот турнир за Франција во Лигата на нации.


Колумбиецот Фалкао пред потпис со Мурсија

Радамел Фалкао, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, нема намера да се пензионира.

Брилијантниот централен напаѓач е слободен агент откако се раздели со Милионарис, клубот од неговата татковина. Колумбискиот напаѓач добил интерсна понуда од третата дивизија на Шпанија. Интерес за него покажа Мурсија.

На Фалкао му беше претставен амбициозен проект, а планот е клубот веднаш да стигне до втората лига, а главната улога би ја играл поранешен член на Атлетико Мадрид.

Искусниот централен напаѓач сериозно ја разгледува оваа опција, а претседателот на Мурсија, Фелипе Морено, верува дека двете страни ќе се согласат на соработка.


Вирц е играч на сезоната во Бундеслигата

Новото ѕвездено засилување за Ливерпул, Флоријан Вирц е прогласен за играч на сезоната во Германија. Според резултатите од анкетата спроведена од магазинот „Кикер“ меѓу членовите на Здружението на германски спортски новинари, играчот од средниот ред кој го носеше дресот на Баер (Л) добил 191 глас.

Второто место му припадна на играчот од средниот ред на Баерн, Михаел Олисе, со 81 глас. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, кој доби 71 глас.


Фабрегас го сака Ињаки Пења во Комо

Италијански Комо покажува дека е амбициозен проект, предводен од шпанската легенда Сеск Фабрегас. Клубот кој доста вложува во составот, на пат е да тргне по уште едно засилување од Барселона.

„Не сакам да зборувам за пазарот, но ако има можност, ќе ја видиме, ќе ја анализираме. Се надевам дека сите нови големи играчи ќе можат да се вклопат во нашата динамика, да бидат конкурентни во тимот“, вели Фабрегас.

Се зборува дека на мета на Комо е Ињаки Пења, кој во моментов не е во плановите на Ханси Флик. Тој сега е дури четврти голман, меѓутоа Барса се уште го има во тимот затоа што е регистриран и има право на настап за разлика од Жоан Гарсија и Војчех Шчесни.


Модриќ дебитираше, Челзи го декласира Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент.

„Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона.

„Сините“ ги декласираа со резултат од 4-1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано.

Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата минута. Романскиот дефанзивец дефинитивно беше трагичара, бидејќи заработи директен црвен картон во 18-та минута.

Лиам Делап го зголеми резултатот од пенал во 67-та минута, а Јусуф Фофана го постигна почесниот гол за Милан во 70-та минута.

Делап ги постави конечните 4-1 во 90-та минута и ја запечати победата на Челзи, кој следната недела ќе го пречека Кристал Палас.


Иско се повреди, го чека пауза од три месеци

Фудбалерот на Бетис, искусниот шпански репрезентативец Иско ќе отсуствува од терените околу три месеци поради повреда.

Во саботата, Бетис загуби од Малага во тес меч со 1-3, а играчот од средниот ред претрпе силен удар во левата нога, по што го напушти стадионот на патерици и со нога во лонгета.

Во официјалниот медицински извештај на Бетис е наведено дека 34-годишниот играч имал „нова фрактура без поместување на средната третина од левата фибула“.

„Ова е нова повреда, не е поврзана со претходната, која веќе е залечена. Фудбалерот ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели, а неговото враќање ќе зависи од напредокот на третманот“, се вели во соопштението на Бетис.


Андреас Трајковски блесна во скок во далечина во Сестриере

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина на митингот во Сестриере, Италија. Тој во последната серија имаше скок со должина од 7.87 метри, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.

Македонскиот атлетичар имаше во сите шест серии успешни скокови.

1 обид – 7.64 метри (-1.9)

2 обид – 7.69 метри (+0.4)

3 обид – 7.61 метри (-1.1)

4 обид – 7.57 метри (+0.5)

5 обид – 7.61 метри (+3.7)

6 обид – 7.87 метри (+3.8)

Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок со должина од 8.06 метри, истата должина ја имаше и второпласираниот Мариус Вадеикис од Литванија, но со послаба серија.