feature

Моисе Кин се разигра, Интер „потопен“ во Фиренца

Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3-0 (0-0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.

Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.

Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.

„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.

Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.

Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.


Ливерпул го „наполни“ Тотенхем и избори финале на Лига Купот

Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4-0.

На првиот меч во Лондон резултатот беше 1-0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.

Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.

Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.

Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.

Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.


Столе немоќен, Барса ја растури Валенсија на „Местаља“

Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 0-5. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.

Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7-1.

Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.

Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.


Мората дебитираше со гол за Галатасарај

Алваро Мората дебитираше за својот нов тим Галатасарај. Шпанскиот репрезентативец постигна гол во победата од 4-1 на гости кај Болуспор во Купот на Турција. Натпреварот беше од групата Ц на ова натпреварување.

Домаќините поведоа во 12. минута со голот на Вушал Исгандарли. Во 21. минута Мората израмни. Напаѓачот доби додавање од Јусуф Демир во шеснаесетникот и ладнокрвно реализираше.

Во 44. минута Галатасарај поведе со одличниот гол на Емре Ајдин со удар надвор од шеснаесетникот.

Во вториот дел Галатасарај постигна уште два гола. Во 71. минута Јусуф Демир погоди за 1-3, а конечниот резултат го постави Ахмед Кутучу две минути подоцна.

Галатасарај е на второто место на табелата во групата Ц со шест бода. Ист број на бодови има и лидерот Коњаспор.


Нејмар по вторпат дебитираше за Сантос

По речиси дванаесет години Нејмар повторно го облече омилениот бел дрес. Тој повторно дебитираше за Сантос во ремито 1-1 против Ботафого.

Навивачите го дочекаа тој ден. Иконската Урбано Калдера беше исполнета за да го пречека својот принц, кој замина во 2013 година во Барселона. Пред повеќе од 16.000 души, Нејмар повторно истрча на теренот во бел дрес Еден од најдобрите фудбалери на Сантос на сите времиња влезе во игра на стартот од вториот дел. Тој влезе во игра со -:0 за Сантос, по голот од пенал на Тигуињо Соареш во 38. минута.

На крајот беше 1-1. Израмнувачкиот гол го донесе Александре Жесус во 67. минута. Само четири минути подоцна, Ботафого остана со еден човек надолу откако Валисон доби црвен картон. На крајот, резултатот остана 1-1, а впечаток е дека Нејмар на своето деби за Сантос даде солиден настап.


Станиќ: Ги добивме најтешките ривали од првите три шешири

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе игра против Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година. Новиот селектор, Горан Станиќ, е свесен дека имавме непосакувана ждрепка.

„Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни.- Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација“, изјави селекторот Горан Станиќ за сајтот на ФФМ.

Квалификациите ќе стартуваат во март годинава а треба да завршат во октомври во 2026 година.


Македонија доби тешка група во квалификациите за У21 ЕП

Во Нион се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, чии домаќини во 2027 година ќе бидат Албанија и Србија.

Македонските надежи добија тешка група, ждрепката ги смести во Е групата, а противници ќе им бидат: Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Група А: Шпанија, Романија, Финска, Косово, Кипар, Сан Марино
Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар
Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија
Група Д: Англија, Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора
Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Латвија, Малта
Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговин
Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија
Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија

На завршниот турнир ќе се натпреваруваат 16 репрезентации. Покрај домаќините Албанија и Србија, директен пласман ќе обезбедат девет победници во групите и најдобрата второпласирана селекција.

Останатите второпласирани екипи ќе играат плеј-оф за преостанатите четири места.


Галатасарај преговара со Трипие

MANCHESTER, ENGLAND – DECEMBER 30: Newcastle United’s Kieran Trippier during the Premier League match between Manchester United FC and Newcastle United FC at Old Trafford on December 30, 2024 in Manchester, England. (Photo by Dave Howarth – CameraSport via Getty Images)

34- годишниот фудбалер на Њукасл, Киеран Трипие, може да добие понуда да се пресели во Галатасарај, наведуваат дел од медиумите во Англија.

Одличниот дефанзивец ја нема довербата на менаџерот, Еди Хау и веројатно ќе прифати да замине во друг состав.

Трипие во сезонава има само 18 натпревари во сите конкуренции и тоа главно влегуваше од клупата за резерви.


УЕФА ги укинува продолженијата во евро-куповите

Европската куќа на фудбалот (УЕФА), сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските натпреварувања.

Информацијата ја пренесе британски „Гардијан“. УЕФА сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските купови и, во случај на нерешено по 180 минути фудбал (два натпревари), да оди директно на пенали.

Оваа може да се каже револуционерна промена тешко би можела да се воведе пред 2027 година, кога ќе заврши тековниот циклус на телевзиските права.

Интересно, според последните промени во календарот и воведувањето на нов формат за Светското клупско првенство, кое за прв пат ќе се игра летово, 2027 година ќе биде прво лето кога фудбалерите од елитните клубови ќе имаат нормален одмор.

Натпреварите во нокаут фазата, кога по два натпревари нема победник, со пенали се решаваат практично практично од нивното основање во сезоната 1968/59.


Вение златна на супер-велеслаломот во Залбах

Австријката Стефани Вение ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.

Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување.

За Вение, која во кариерата оствари три победи во Светскиот куп (две во спуст, една во супер-џи), ова е втор медал од светските првенства, откако пред шест години го освои среброто во спустот во Сент Мориц.

Брињоне, која во текот на целата своја кариера беше позната како специјалист за велеслалом, во оваа дисциплина освои два светски сребра и една бронза на Зимските олимписки игри. Ова е прв медал во брзинските дисциплини во кариерата.

Лај го одбрани бронзениот медал освоен пред две години во Мерибел. Интересно и тогаш ја „подели“ бронзата, со Австријката Корнелија Хутер, а овојпат со младата Американка Макуга, за која ова беше деби настап на големите натпреварување.

Машкиот супер-џи ќе се одржи во петок во Залбах.