feature

Габриела Томас: Ме демнат неколку лица, се плашам и не знам каде да одам

Трикратната олимписка шампионка во атлетски спринт-трки Габриела Томас тврди дека ја демне група мажи.

„Ми треба совет во моментов бидејќи се плашам дека ме следат и посматраат. Навистина не знам што да правам или кај кого да одам. Секогаш кога патувам, се плашам да не се појават овие мажи – три до шест, средовечни. Не е важно во кој град одам, тие се појавуваат. Така беше кога летав за Чикаго и назад, тие дојдоа и кога летав за Мајами и назад. Имаат информации за секој мој лет. Се појавуваат или на главниот влез на аеродромот во десната сала, или на мојот излез, што значи дека имаат авионски карти и минуваат низ обезбедувањето. Во неколку наврати ми пријдоа и побараа да потпишам еден куп мои фотографии, околу 40. Не знам што прават со нив, можеби ги продаваат, не ми е гајле“, изјави Томас.

Атлетичарката не може да си објасни кој на „посматрачите“ им дават информации за нејзиното движење.

„Она што ме плаши е тоа што ги имаат моите информации за летот иако понекогаш ниту самата јас не знам во колку часот заминувам. Никому не ги кажувам информациите за моите летови. Ги сменив сите мои лозинки за е-пошта. Не знам дали ме хакираат. Тие стануваат многу агресивни и непријателски настроени ако кажам не, а кога сум сама е навистина страшно. Вчера беа многу непријателски расположени кон моето момче Спенсер МекМејнс“, објави атлетичарката.

Габриел Томас е трикратна олимписка шампионка во спринт. На Олимписките игри во Париз минатата година, таа победи на 200 метри и штафета на 4х100 и 4х400 метри како дел од тимот на САД.


Вест Хем го побарал Ендрик, но Реал одбил позајмица

Англиски Вест Хем се обиде да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик во јануари, но од „Сантијаго Бернабеу“ категорично одбиле да го пуштат, објави шпанскиот медиум „АС“.

Тимот од Лондон упатиле понуда за позајмица до крајот на сезоната и дури биле подготвени да платат одредена сума, како и да ја покријат платата на играчот, но ниту тоа не го убедило раководството на „белите“.

Ендрик летото пристигна во Реал Мадрид со репутација на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но барем засега не успеа посериозно да се наметне во тимот и добива мала минутажа од Карло Анчелоти во конкуренција на Килијан Мбапе, Винисиус и Родриго.

Вест Хем на крајот го сврте вниманието кон Еван Фергусон и успеа да ги обезбеди услугите на напаѓачот на позајмица до крајот на кампањата.


Тотенхем го претстави Матис Тел

Челси се обидел да го украде Матис Тел од Тотнем и тоа кога фудбалерот бил на аеродром и чекал лет за Лондон.

Трансферот на Матис Тел беше еден од најчудните во зимскиот преоден рок, младиот напаѓач во прв момент одби трансфер во Тотнем вреден околу 60 милиони евра, за потоа да се пишмани и да се пресели на позајмица во Северен Лондон.

Како што пренесува Л’Екип, имало додатна драма и додека Французинот бил на аеродром, Челси се обидел да го украде.


Милвоки го испрати Мидлтон во Вашингтон

Во размената во која Лука Дончиќ заврши во Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас се случи уште една голема трампа во НБА лигата.

Милвоки Бакс го испрати Крис Мидлтон во Вашингтон.

Од друга страна Милвоки ги доби Кајл Кузма и Патрик Болдвиј Жуниор и еден пик од втората рунда.


Ѓоковиќ пријави учество на Мастерсот во Индијан Велс

Организаторите на тенискиот турнир Индијан Велс, првиот мастерс на новата сезона, ја објави листата на учесници со името на Новак Ѓоковиќ е на неа. Турнирот започнува на 5 март.

Натпреварувањето и минатата година беше на списокот на Новак, беше еден од само четирите мастерси (заедно со Монте Карло, Рим и Шангај) на кои играше во 2024 година.

Сепак, не се прослави, бидејќи загуби веќе во третото коло од Италијанецот Нарди, но минатата сезона имаше други приоритети.


Манчестер Јунајтед нема да има голем буџет за трансфери летово

Манчестер Јунајтед ќе има потешкотии да обезбеди засилувања во летниот преоден рок погледнато од финансиски аспект, прогозираат медиумите во Англија.

„Црвените ѓаволи“ во текот на зимава ги купија Патрик од Лече и Хевен од Арсенал но, тоа е далеку од желбите на тренерот, Рубен Аморим.

Ограничениот буџет го спречи англискиот состав да пронајде замена за повредениот, Лисандро Мартинез, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната.


Њукасл вторпат го среди Арсенал и ќе игра финале на Лига Купот

Њукасл и во реваншот од полуфиналето во Лига Купот на Англија го совлада Арсенал со идентични 2-0 и го завери пласманот во полуфиналето каде ќе игра со Ливерпул или Тотнем.

Њукасл се израдува на гол уште во 4. минута од натпреварот, но погодокот на Исак беше поништен поради офсајд.

Резултатот беше отворен во 19. минута кога Марфи погоди за водство на Њукасл од 1-0.

По седум минути игра во вториот дел Гордон постигна гол за конечни 2-0.

Поразот не беше единствена причина за загриженост на Артета, во 37. минута Мартинели го напушти мечот поради повреда.

Можеби ќе ве интересира


Епски пресврт и победа по продолженија за Баер Леверкузен во Купот

Баер Леверкузен се пласираше во полуфинале во Купот на Германија, Патрик Шик во 96. минута донесе 2-2 за домаќините, па Виктор Бонифејс во продолженија се погрижи за триумф од 3-2.

„Фармацевтите“ беа на прагот на срамна елиминација во пресметката со второлигашот Келн, губеа со 0-2, но успеаја да се спасат.

Шик по еден час игра намали на 1-2, за истиот фудбалер во 96. минута да погоди со глава за 2-2.

Во продолженијата Баер Леверкузен направи целосен пресврт, Виктор Бонифејс донесе триумф од 3-2 и полуфинале во Купот на Германија.


Младинец му донесе полуфинале на Купот на големиот Реал

Реал Мадрид победи со 2-3 кај Леганес во четвртфиналето во Купот кралот. Реал имаше 0-2, на крајот во 93.минута с голот на дебтантот Гонзало Гарсија, напаѓач на Б тимот на Реал избори пласман во полуфиналето.

Гостите поведоа преку капитенот Лука Модриќ, кој погоди во 18. минута на асистенција на Родриго. Ова беше трет гол за Модриќ сезонава, а има и пет асистенции. Седум минути подоцна Ендриг ја зголеми предноста на Реал.

Леганес сепак успеа да се врати во мечот. Двоен стрелец беше напаѓачот Хуан Круз. Најпрвин во 39. минута погоди од пенал, а потоа во 59. минута по убав потег го израмни резултатот.

Гонзало Гарсија, напаѓачот на Б тимот му донесе победа на Реал Мадрид во драматичен натпревар. Гарсија со глава на асистенција на Брахим Дијаз во 93. минута го однесе Реал во полуфиналето.

Во вторникот, место во полуфиналето си обезбеди Атлетико Мадрид, со убедливата победа од 5-0 над Хетафе.

Утре четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Валенсија и Барселона, односно Осасуна и Реал Сосиедад.


Конте не дозволил Распадори и Марин да си заминат

Фудбалерите, Џакомо Распадори и Рафа Марин, не добиле зелено светло да го напуштат составот на Наполи иако претходно беа ставени на трансфер-листата, објавија медиумите во Италија.

Според нив, менаџерот, Антонио Конте, го стопирал нивното заминување бидејќи не успеа да обезбеди нови имиња во јануарскиот трансфер период.

Деновиве на стадионот – „Диего Марадона“ беше донесен само Ноа Окафор и тоа на позајмица од Милан.