feature

Халеп: Допинг скандалот ме исфрли од колосек

Романската тенисерка со македонско потекло Симона Халеп ја коментираше својата одлука да стави крај на кариерата.

Триесет и тригодишната тенисерка вчера доживеа убедлив пораз од Италијанката Луција Бронзети (1-6, 1-6) во првото коло на домашниот турнир во Клуж-Напока (Романија).

„Допинг скандалот не влијаеше на мојата психа, но ме исфрли од колосек. Сакам да се одморам бидејќи сум емотивно исцрпена. Се збогував со жителите на Клуж-Напока. Тоа е вистинскиот крај бидејќи ако не тренирате секој ден, нема да се справите со ривалките“, изјави Халеп.

Халеп се врати на турнејата во март 2024 година по дисквалификацијата за допинг во есента 2022 година. Таа беше суспендирана од натпреварувањето на четири години, но во пролетта 2024 година, CAS ја намали нејзината дисквалификација на девет месеци.

Севкупно, поранешната светска тенисерка број 1 има освоено 24 ВТА титули во сингл во текот на нејзината кариера. Таа е победничка на два Грен слем турнири.


Македонија деветнаесетта според најновата ЕХФ листа

Светското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска, Данска и Норвешка заврши во неделата. Данска го освои златото, Хрватска заврши на второто место, додека Франција со триумфот над Португалија го освои третото место.

Македонија имаше добра настап на 29.Светско првенство. Избори пласман во втората фаза, а во главната група го освои четвртото место. Во конечниот поредок Македонија заврши на 15. позиција.

ЕХФ денеска го објави рангирањето на најдобрите европски репрезентации во машка и женска конкуренција. Македонските ракометари и ракометарки се на 19.место.

ЕХФ ги следи резултатите постигнати на Европските и Светските првенства и ги бодува и формира ранг-листата земајќи ги предвид резултатите од изминатите две светски првенства и две европски првенства. Ова важи и за машките и женските национални тимови.


Олимпик Марсеј го претстави Амир Дедиќ

Фудбалерот, Амар Дедиќ, кој беше претставен како нов играч на Олимпик Марсеј, изјави дека со нетрпение го чека дебитантскиот настап за францускиот состав .

„Многу сум среќен што сум во клуб со големи амбиции кој сака да игра во Лигата на шампионите. Тука е еден од најдобрите тренери во Европа – Роберто Де Зерби“ – рече 22-годишниот дефанзивец кој дојде од сoставот на Салцбург.

Дедиќ за репрезентацијата на Босна и Херцеговина има одиграно 16 натпревари.


Постекоглу со нови грижи, сериозно се повреди Раду Драгушин

Романскиот фудбалски интернационалец, Раду Драгушин, има скинати вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да оди на операција, објавија медиумите во Англија.

Тоа ќе биде нов удар за тренерот на Тотенхем, Постекоглу, кој извесен период се соочува со голема листа на отсутни играчи. На неа фигурираат: Викарио, Тимо Вернер, Дестини Удоџи, Доминик Соланке, Кристијан Ромеро и Џејмс Медисон. Популарните

„Спарси“ имаат само теоретски шанси да се изборат за евро-виза до крајот на сезоната бидејќи се наоѓаат дури на 14-то место на тебелата.


Јуве по само три меча сака да го откупи Коло Муани

Луѓето од Јувентус имаат намера да му понудат перманентен договор на новиот напаѓач, Рандал Коло Муани.

Францускиот фудбалски интернационалец кој забележа три гола на два меча, игра како позајмен од екипата на Пари Сен Жермен.

Екипата од Торино се надева дека со евентуална продажба на Душан Влаховиќ ќе обезбеди доволно средства за да го откупи договорот на Коло Муани.


Маркез падна на тестирање и заврши во болница

Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП.

Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот.

Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест километри од патеката) и чувствува болка во левото стапало и десната рака. Мартин беше подложен на детални лекарски прегледи на главата.

Тоа всушност беше втор пад на овој тренинг за Мартин. Шпанецот падна падна од својот мотоцикл во претходната фаза на тестирањето, мина без последици и успеа веднаш да се врати на патеката.


Хезоња суспендиран, ќе го скокне гостувањето во Истанбул

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.

Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.

Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.

За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.

Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77-73).


Шекил: И дебел Дончиќ е подобар од 99% бекови во НБА лигата

Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.

Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.

За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.

За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.

„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.


Премиер лигата подготвува револуционерна ВАР-одлука

Почнувајќи од следната сезона, судиите на натпреварите во англиската Премиер лига своите одлуки ќе ги соопштуваат на публиката на стадионот преку микрофони откако ќе ја прегледаат снимката со помош на ВАР технологијата.

Оваа процедура моментално се тестира на полуфиналните натпревари од Лига купот оваа сезона, а првиот практична примена имаше на натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул, кога на Тотенхем им беше поништен гол поради офсајд.

Главниот фудбалски директор на Премиер лигата, Тони Сколс, им изјави на новинарите дека оваа процедура ќе се користи и за време на натпреварите во лигата.

Полуавтоматската офсајд технологија би можела да биде воведена во Премиер лигата и порано, пред крајот на оваа сезона.

Првично, технологијата требаше да се имплементира по репрезентативната пауза во првиот дел од сезоната, но тоа беше одложено поради проблеми во процесот на тестирање. Сколс рече дека е постигнат напредок во текот на изминатите неколку недели.

„Веруваме дека тоа е најточниот систем. Морам да признаам, со оглед на тешкотиите што ги имавме во првите неколку месеци од сезоната, бев крајно скептичен во врска со ова, но напредокот што беше постигнат во изминатите четири до шест недели е значителен“, рече Сколс.

Сколс додаде дека имплементирањето на технологијата на само неколку рунди до крајот на сезоната нема да создаде проблем со интегритетот.

Претставниците на лигата веруваат дека тоа ќе го скрати времето потребно за проверка на офсајд во просек за 31 секунда.


Евротип е горд спонзор на кошаркарскиот прволигаш МКК Куманово.

Како редовни поддржувачи на локалниот спорт Евротип ја вреднува посветеноста и амбицијата на овој тим. Со заеднички сили ќе продолжиме да растиме и да достигнуваме нови височини!

Дојдете заедно да го бодриме тимот на следниот натпревар!