feature

Овации на „Санчез Писхуан“, Хесус Навас го одигра последниот меч за Севиља

Хесус Навас ги одигра последните 70 минути во кариерата на „Рамон Санчез Писхуан“. Соиграчите го почестија со триумф над Селта 1-0. Голот за победа го постигна Хави Буено во 65.минута. Буено, прв пат беше стартер оваа сезона во Примера, а го одигра дветтиот меч за сениорскиот тим.

Натпреварот во Севилја имаше емотивен почеток и крај. Хесус Навас реши да стави крај на кариерата. Официјално во пензија ќе замине наредниот викенд кога Севилја ќе му гостува на Реал.

Вечерва Навас го одигра последниот меч во кариерата пред домашната публика.

Пред почетокот на натпреварот Навас, придружуван од синовите, излезе на теренот, фудбалерите на двата тима му направија шпалир.

На центарот го чекаа сите трофеи што ги освои со Севиља за време на 18-те години во првиот тим (од 2013 до 2017 година играше за Манчестер сити). Навас со Севилај освои четири трофеи во Лига Европа, два трофеи во Копа дел Реј, еден Суперкуп на Шпанија и еден Суперкуп на Европа. Тој е најтрофејниот фудбалер на клубот од Андалузија.

Во кариерата со Шпанија два пати бил европски и еднаш светски првак.

Навас теренот во солзи го напушти во 70.минута, а не можеше да ги задржи емоциите и по завршувањето на натпреварот.


Тухел ја најави првата промена, Вајт се враќа во англиската репрезентација

Новиот селектор на Англија, Томас Тухел проговори за можното враќање на Бен Вајт во репрезентацијата на Англија.

Дефанзивецот на Арсенал претходно го одби повикот во репрезентацијата под водство на Герет Саутгејт. Фудбалерот нема играно за националниот тим од март 2022 година.

„Ќе разговарам со него. Да почнеме одново“, изјави селекторот на Англија, Томас Тухел.

Оваа сезона Бен Вајт одигра 9 натпревари во Премиер лигата и направи една асистенција.


Еурофарм Пелистер доминантно до победа во дербито со Вардар 1961

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35-33 во дербито на колото во домашниот ракометен шампионат.

\Вечерва во Битола домашните на полувреме имаа големи +9, но во вториот дел целосно потфрлија, па Вардар во финишот се приближи и на еден гол разлика, но не успеа да направи целосен пресврт.

Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски осум, а Митревски имаше 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.


Одермат победник на велеслаломот во Вал д’Изер

ADELBODEN,SWITZERLAND,06.JAN.24 – ALPINE SKIING – FIS World Cup, giant slalom, men. Image shows the rejoicing of Marco Odermatt (SUI. Photo: GEPA pictures/ Mario Buehner-Weinrauch

Швајцарецот Марко Одермат славеше на денешната велеслаломска трка во Вал д’Изер.

Одермат беше најбрзи и по првата трка, па успеа да ја одбрани стекнатата предност и триумфираше со осум стотинки предност пред второпласираниот Австриец, Патрик Форштајн.

Третото место му припадна на уште еден Австриец, Стефан Бренштајнер (+0,12), а четвртото сензационално го освои Швајцарецот Лука Аерни (+0,23). Тој почна последен во првото возење, со стартен број 62, но успеа да влезе во најдобрите 30, а потоа со одлично второ возење стигна до четвртото место.


Челниците ја Јуве ја сакаат ѕвездата на Феенорд

Директорот на Јувентус, Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу обидoт за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд.

Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите.

Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да ја комплетираат во летниот преоден рок.

26-годишниот фудбалер може да игра како стопер и лев бек и тоа оди во прилог на актуелните потреби, а веќе има искуство во Италија откако кратко беше член на Фиорентина.


Бараха пред смена, Димитриевски ќе добие нов тренер

Резултатите на Валенсија не може да бидат полоши, тимот од Местаља по вчерашниот пораз од Ваљадолид падна на последното место на табелата.

Шпанските медиуми најавуваат дека тренерот Рубен Бараха наскоро ќе добие отказ, раководството на Валенсија веќе е во потрага по негов наследник.

Вчера Димитриевски го имаше своето деби во Ла Лига за Валенсија која загуби со 1-0 од Ваљадолид.

По овој пораз тие паднаа на последното место на табелата што е огромно разочарување за навивачите на овој легендарен клуб.

Можеби ќе ве интересира


Шкупи го претстави новиот спортски директор

Шкупи денес информираше дека Ајкут Туран е назначен за нов генерален, односно извршен директор на фудбалскиот клуб од Чаир.

Како што вели клубот, Туран е десната рака на новиот претседател на Шкупи, Јасин Коњали, тој доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната.

Ндерим Неџипи останува на функцијата спортски директор на Шкупи и тој ќе биде во тесна соработка со Туран.

Ајкут Туран кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде неговиот прв клуб во кој ќе работи надвор од Турција, претходно има работено во клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор каде што работеше со млади категории.

Тој има дипломирано на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“ на Факултетот за физичка култура, гранка спортски менаџмент.


Пинтер од Шкупи е првото засилување за новиот Вардар

Вардар го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов играч на црвено-црните е Михал Пинтер.

30-годишниот Словак е централен дефанзивец, во Вардар дојде од Шкупи. За тимот на Шкупи има одиграно 42 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Пинтер во кариерата бил играч на Татран Прешов и Злате Моравце.

Вардар во вториот дел од сезоната го очекува грчевита борба за опстанок во лигата. есенскиот дел од шампионатот црвено-црните го заврши на претпоследното место со 13 бодови.


Подвиг на Џордан Крукс 0 собори светски рекорд на 50 метри слободно

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња.

Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта 25-метарски базени, тој забележа резултат 20.08 секунди.

За осум стотинки ја надмина претходната граница од соништата, која беше во сопственост на познатиот Американец Кејлеб Дресел.

Крукс во Будимпешта го брани златниот медал освоен во Мелбурн пред две години.

За светскиот рекорд, Џордан Крукс беше награден со 25.000 долари.

Кајманските Острови, од каде што потекнува, се мала карипска земја. Зафаќа само 259 квадратни километри и има околу 88 илјади жители. Според бројот на жители е 206.држава во светот.


Челзи спремен да испрати понуда за Жоао Педро од Брајтон

Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Жоао Педро и е спремен да плати неверојатни 120 милиони евра за неговиот потпис.

„Сините“ веќе направија еден скап трансфер од Брајтон кога го доведоа Каиседо, а сега нема да жалаат пари и за Жоао Педро.

Жоао Педро, кој импресионира со своите настапи оваа сезона, стана еден од најбараните играчи, а покрај Челзи, интерес за него покажува и Ливерпул.

Челзи наводно бил подготвен да испрати понуда уште на почетокот на 2025 година, а Брајтон не планира да попушти и бара најмалку 120 милиони евра.