feature

Челниците ја Јуве ја сакаат ѕвездата на Феенорд

Директорот на Јувентус, Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу обидoт за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд.

Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите.

Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да ја комплетираат во летниот преоден рок.

26-годишниот фудбалер може да игра како стопер и лев бек и тоа оди во прилог на актуелните потреби, а веќе има искуство во Италија откако кратко беше член на Фиорентина.


Бараха пред смена, Димитриевски ќе добие нов тренер

Резултатите на Валенсија не може да бидат полоши, тимот од Местаља по вчерашниот пораз од Ваљадолид падна на последното место на табелата.

Шпанските медиуми најавуваат дека тренерот Рубен Бараха наскоро ќе добие отказ, раководството на Валенсија веќе е во потрага по негов наследник.

Вчера Димитриевски го имаше своето деби во Ла Лига за Валенсија која загуби со 1-0 од Ваљадолид.

По овој пораз тие паднаа на последното место на табелата што е огромно разочарување за навивачите на овој легендарен клуб.

Можеби ќе ве интересира


Шкупи го претстави новиот спортски директор

Шкупи денес информираше дека Ајкут Туран е назначен за нов генерален, односно извршен директор на фудбалскиот клуб од Чаир.

Како што вели клубот, Туран е десната рака на новиот претседател на Шкупи, Јасин Коњали, тој доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната.

Ндерим Неџипи останува на функцијата спортски директор на Шкупи и тој ќе биде во тесна соработка со Туран.

Ајкут Туран кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде неговиот прв клуб во кој ќе работи надвор од Турција, претходно има работено во клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор каде што работеше со млади категории.

Тој има дипломирано на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“ на Факултетот за физичка култура, гранка спортски менаџмент.


Пинтер од Шкупи е првото засилување за новиот Вардар

Вардар го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов играч на црвено-црните е Михал Пинтер.

30-годишниот Словак е централен дефанзивец, во Вардар дојде од Шкупи. За тимот на Шкупи има одиграно 42 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Пинтер во кариерата бил играч на Татран Прешов и Злате Моравце.

Вардар во вториот дел од сезоната го очекува грчевита борба за опстанок во лигата. есенскиот дел од шампионатот црвено-црните го заврши на претпоследното место со 13 бодови.


Подвиг на Џордан Крукс 0 собори светски рекорд на 50 метри слободно

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња.

Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта 25-метарски базени, тој забележа резултат 20.08 секунди.

За осум стотинки ја надмина претходната граница од соништата, која беше во сопственост на познатиот Американец Кејлеб Дресел.

Крукс во Будимпешта го брани златниот медал освоен во Мелбурн пред две години.

За светскиот рекорд, Џордан Крукс беше награден со 25.000 долари.

Кајманските Острови, од каде што потекнува, се мала карипска земја. Зафаќа само 259 квадратни километри и има околу 88 илјади жители. Според бројот на жители е 206.држава во светот.


Челзи спремен да испрати понуда за Жоао Педро од Брајтон

Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Жоао Педро и е спремен да плати неверојатни 120 милиони евра за неговиот потпис.

„Сините“ веќе направија еден скап трансфер од Брајтон кога го доведоа Каиседо, а сега нема да жалаат пари и за Жоао Педро.

Жоао Педро, кој импресионира со своите настапи оваа сезона, стана еден од најбараните играчи, а покрај Челзи, интерес за него покажува и Ливерпул.

Челзи наводно бил подготвен да испрати понуда уште на почетокот на 2025 година, а Брајтон не планира да попушти и бара најмалку 120 милиони евра.


Бове по десет дена излезе од болница

Фиорентина објави дека Едоардо Бове излезе од болница каде беше од 1 декември кога колабираше на мечот против Интер.

На Бове во вторникот му беше вграден дефибрилатор, а тоа значи дека тој не може веќе да игра во Серија А.

За да ја продолжи кариерата Бове ќе мора да направи трансфер надвор од Серија А, исто како што тоа го направи Ериксен кој од Интер замина во Премиерлигата.


Њујорк домаќин на финалето на Светското првенство во 2026 година

Њујорк ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, 16 повеќе од досегашните 32.

Мундијалот ќе се игра во вкупно 16 градови – 11 американски (Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Атланта, Бостон, Њујорк Сити, Филаделфија, Мајами), три мексикански (Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити) и два канадски (Ванкувер, Торонто).

Отворањето на СП е на 11 јуни 2026 година на Естадио Ацтека во Мексико Сити, додека финалето е на 19 јули на Метлајф стадионот во Њујорк.

Европа ќе има 16 претставници на СП, Африка 9, Азија 8, Јужна Америка 6, Конкакаф 3 + 3 (домаќин), Океанија еден, а уште две репрезентации ќе се пласираат преку плејоф.


Словенскиот Американец Ентони Рендолф замина во пензија

Американскиот кошаркар Ентони Рендолф официјално стави крај на неговата богата кариера и најави заминување во спортска пензија.

Играчот кој се прослави носејќи го дресот на словенечката репрезентација се заблагодари на сите навивачи за поддршката и рече дека зад себе остава многу прекрасни и успешни моменти.

Во најдобрите денови Рендолф важеше за еден од најдобрите крилни центри во Европа, но потоа доживеа многу повреди кои го натераа порано од предвиденото да ја заврши кариерата.

Најголемата слава ја доживеа во 2017 година, кога со репрезентацијата на Словенија стана европски шампион, а на клупски план ги бранеше боите на Локомотив Кубан и Реал Мадрид.


Виктор Вембањама ќе игра за Франција на следниот Евробаскет

Виктор Вембањама потврди дека ќе игра за репрезентацијата на Франција на Евробаскет 2025 година.

Младиот кошаркар на Сан Антонио Спарс ги коментираше неговите планови за вонсезоната следната година.

„Сè уште не ги знам точните датуми, но сепак ќе имаме време да координираме сè со француската репрезентација. Ќе мораме малку да се жртвуваме во однос на физичката подготовка за следната сезона во НБА. Засега дефинитивно планирам секое лето да играм за репрезентацијата“, искрен е Вембањама.