Словенците и Исланѓаните бесни на судењето на клучниот меч на Хрватска
Исланѓаните не успеаја да се пласираат во елиминациската фаза, откако хрватска синоќа ја победи Словенија. Натпреварот го водеа Чесите Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни, а незадоволните од исходот на натпреварот исландските фанови имаа жестоки реакции, пред се на судиската арбитража.
„На Хрватска и помогна тоа што 55 минути играше со девет против седум“, „Судиите многу им помогнаа“, „Натпреварот беше наместен“, „Каква срамота за судиите“, „Ракометот никогаш нема да биде сериозен спорт додека ИХФ не го реши прашањето за очигледно корумпираните судии“…, се само дел од коментарите на исландските фанови.
Капитенот на Јуве се враќа во Фламенго
Бразилскиот фудбалер Данило се враќа во Бразил каде во наредниот период ќе настапува за Фламенго.
Фудбалерот по 12 и пол години реши да се врати во Бразил. Претходно го раскина договорот со Јувентус. Во Фламенго доаѓа како слободен играч.
Бразилскиот дефанзивец е во Европа од 2010 година и има настапувано за Порто, Реал Мадрид, Манчестер сити, а најмногу време помина во Јувентус од 2019 година до јануари 2025. Се на се тој одигра 213 натпревари за Јувентус и постигна девет гола во сите натпреварувања.
Со „Старата дама“, тој ја освои Серија А во 2020 година, Суперкупот на Италија во истата година и уште два пати Купот во 2021 и 2024 година. Тој исто така освои домашни титули со Порто, Реал Мадрид и Манчестер сСити и две Лига на шампиони. со Реал Мадрид. Со Бразил во 2016 година стана олимписки шампион.
Раџа Наинголан обвинет за шверц на кокаин
Белгиските медиуми јавуваат дека славниот фудбалер и поранешен репрезентативец Раџа Наинголан е уапсен утринава и моментално се наоѓа во полициски притвор.
Се нагласува дека во рамките на истрагата за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа е приведен 36-годишниот играч на Локерен.
Неговото сослушување во моментов е во тек, а белгискиот јавен обвинител најави дека нема да има детали или коментари за истрагата која е во тек.
Контроверзниот фудбалер за деловен партнер го има Ибрахим Ахмадун, кој претходно беше поврзан со увоз на кокаин, а беше осуден во САД во 2016 година. .
„Бидејќи истрагата се уште е во тек, полициските служби не сакаат и не можат да дадат дополнителни коментари. Тие го почитуваат принципот на презумпција на невиност и како клуб се согласуваме со тоа. Можеме само да потврдиме дека играчот утрово не беше присутен на тренингот“, се вели во клупското соопштение.
Наинголан во кариерата играше за Каљари, Рома, Интер, Спал, Антверпен и индонезиски Бајанкари.
Неодамна му се приклучи на Локерен и постигна гол на своето деби против Лирс.
Иванишевиќ фаворит за нов тренер на Јаник Синер
Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите за иден тренер на најдобриот светски тенисер Јаник Синер. Ова го пишува „Газета дело Спорт“, потсетувајќи на успешната соработка помеѓу Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ и фактот дека актуелниот тренер Австралиецот Дарен Кејхил го напушта Синер на крајот од сезоната.
Горан Иванишевиќ, кој неодамна се раздели од Елена Рибакина, моментално е слободен агент. Поранешниот шампион на Вимблдон би можел значително да го подобри сервисот на Синер, како што тоа го правеше во годините на работа со Новак Ѓоковиќ.
Иванишевиќ беше клучен во претворањето на сервисот на Новак во моќно оружје. Плус, тој е дел од истата агенција како Синер, „Старвинг Спорт“ што ја олеснува потенцијалната соработка.
Да потсетиме, ова не би било првпат Синер да ги „превзема“ поранешните членови на тимот на Ѓоковиќ, бидејќи во својот тим веќе донесе двајца поранешни соработници на Новак.
Тоа се фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бади.
Покрај Горан Иванишевиќ како можни тренери на Синер се споменуваат Андре Агаси (кратко работеше со Ѓоковиќ) и поранешниот италијански тенисер Андреа Сепи.
Аргентинецот Анселми е нов тренер на Порто
Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27.
Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови.
На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на табелата се на 25. место од 36 екипи во пресрет на последното коло.
Витор Бруно мораше да се збогува пред една недела поради слабите резултати откако го презеде Порто од 1. јули минатата година.
Него сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.
Португалските медиуми пишуваат дека прв пат во историјата на португалското првенство, три најголеми клубови во земјата, во иста сезона им врачиле откази на тренерите. Претходно тренерите ги отпуштија Бенфика и Спортинг.
Инзаги: До крај ќе се бориме за скудетото
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не го крие задоволството по вчерашната убедлива победа на теренот на Лече. Неговиот тим славеше со 4-0 благодарение на головите на Давиде Фратези, Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Мехди Тареми.
„Делувавме организирано и агресивно бидејќи знаевме дека Лече нема да се плаши да не нападне. Се надевам дека играчите ќе издржат бидејќи неколку месеци играме натпревари на секои три дена.
Битката за титулата ќе продолжи до крајот“ – вели тренерот на „нерозурите“.
Омерагиќ и Пандев гости на Германската федерација во Лајпциг
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и директорот на национални репрезентации, Горан Пандев беа гости на Фудбалската федерација на Германија по повод одбележувањето 125 години од основањето на германскиот Сојуз.
На свеченоста што се одржа во Лајпциг, на присутните гости им се обрати германскиот канцелар Олаф Шолц, а меѓу бројните гости беа претседателите на ФИФА, Џани Инфантино и УЕФА, Александар Чеферин, многу легендарни асови на германскиот и светскиот фудбал Руди Фелер, Јирген Клинсман, Лотар Матаус, Филип Лам, Андреј Шевченко…како и семејството на легендарниот Франц Бекенбауер.
Првите луѓе на македонскиот фудбал ја искористија можноста да разговараат со раководството на УЕФА и други национални асоцијации, беа разменети првични искуства за претстојните предизвици во Лигата на нации и почетокот на квалификациите за СП 2026, како и тековни проекти во рамки на ФФМ.
Хрватска се протна во четвртфиналето, познати сите парови за нокаут фазата
Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Словенија со 29-26 во последниот натпревар од групата 4 на Светското првенство. Со оваа победа Хрватска го освои првото место во групата. Меѓу три селекции со ист број на бодови, Хрватите имаа најдобра гол разлика. Второто место го освои Египет.
Натпреварот не започна добро за Хрватска. Речиси полни осум минути хрватската репрезентација не постигна гол, а прими пет. Словенците одржуваа водство меѓу четири и пет гола, но со серија од 4-1, во која од Матео Мараш постигна три гола, Хрватска стигна до -2 во 23. минута.
Словенците поведоа со 15-12 во 26. минута, но Хрватска го заврши полувремето со серија од три гола и на одмор замина со резулта 15-15. Само што се огласи сирената, дојде до конфликт меѓу играчите, а овие грди сцени го завршија првото полувреме.
На почетокот на вториот дел се играше гол за гол. Словенија водеше со 16-15, 17-16, 18-17, а водството од 19-18 им беше последно на натпреварот. Од друга страна, Марин Шипиќ беше заслужен за првото водство на Хрватска со гол во 39. минута од натпреварот.
Резултатот беше изедначен до 22-22, а потоа со голоците на Иван Мартиновиќ, Звонимир Срна и Игор Карачиќ, Хрватска дојде до недостижни за Словенците три гола преднос (25-22).
Играч на натпреварот беше Марин Шипиќ со пет гола од исто толку обиди, а по пет постигнаа и Иван Мартиновиќ и Филип Главаш. Доминик Кузмановиќ имаше осум одбрани со 35% успешност. Алекс Влах беше најдобар стрелец кај поразениот тим со пет гола.
Следниот тпревар Хрватска ќе го одигра во вторник од 20:30 часот, повторно во Загреб против Унгарија. Во случај на победа, Хрватска во полуфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Франција и Египет.
Преостанатите две четвртфинални двојки се Португалија – Германија и Бразил – Данска.
Барса му даде седум гола на немоќната Валенсија
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија на домашен терен со 7-1 во 21. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонците маестрално влегоа во мечот и поведоа во третата минута кога Ламин Јамал го пригра Френки Де Јонг за 1-0.
Само пет минути подоцна гол постигна Феран Торес кој погоди на асистенција на Алехандро Балде.
По 15 минути игра Барселона веќе имаше убедливо водство од 3:0, бидејќи и Рафиња постигна гол по додавањето на Фермин Лопез.
Асистентот за третиот гол, Балде, го постигна четвртиот гол во 24.минута. Барселона кратко застана, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување, Фермин Лопез постигна уште еден гол за убедливи 5-1.
Валенсија имаше малку подобар почеток во вториот дел, бидејќи Уго Дуро погоди на асистенција на Диего Лопез.
Сепак, Барселона ја направи победата уште поубедлива, бидејќи само седум минути подоцна погоди Роберт Левандовски, а Сезар Тарега во 75. минута кога си постигна автогол за Барселона за 7-1.
Каталонците се на третото место во Ла Лига со 42 освоени бода, додека Валенсија е на претпоследното место со 16 бода.
Нејмар дал согланост, се враќа во матичниот Сантос
Одбројани се деновите на Нејмар во Ал Хилал, веќе еден месец се зборува за враќање во родниот Бразил, во Сантос каде ја започна кариерата.
Нејмар наводно кажал дефинитивно „да, бидејќи тој сака да се врати во татковината.
Сега следува потешкиот дел од работата. Клубовите треба да се дооворат. Претходните вести укажуваа дека Бразилецот е подготвен да замине, но само доколку Ал Хилал го исплати до крајот на договорот. Станува збор за сума од околу 65 милиони евра.
Се очекува работите да се забрзаат во наредните денови, бидејќи во интерес на сите три страни е успешно да се стави крај на оваа сага. Ал Хилал да го растерети буџетот, Нејмар да оди некаде за да почне да се враќа во форма за да има шанса да си го исполни сонот да го води Бразил на Светското првенство следната година, а Сантос што поскоро да добие големо засилување.