feature

Фудбалер од Јамајка го засили Работнички

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на новата сезона. Тригодишен договор со нашиот клуб потпиша фудбалерот од Јамајка, Кристоџеј Дејли.

Дејли има 20 години и доаѓа од Харбор Вју, еден од најдобрите клубови во Јамајка. Тој дел од минатата сезона мина и во словенечкиот прволигаш Копер.

Кристоџеј Дејли е офанзивен играч за врска кој може да одговори и на потребите на левата крилна позиција.

Работнички ги продолжува подготовките во Словенија и сабота ќе одигра пријателски натпревар со словенечкиот нисколигаш Бриње.


Вардар се засили со Лука Трајкоски од Победа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го престави и третото засилување во летниот преоден рок. Дресот на Вардар во следната сезона ќе го носи 23-годишниот крилен играч Лука Трајкоски.

И покрај тоа што има 23 години, Трајкоски веќе има стекнато искуство и настапувајќи за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров и досега има преку 100 настапи во првата македонска фудбалска лига.

Вардар моментално е на подготовки во Златибор, каде веќе одигра еден контролен меч против Металец (1:1), а денеска од 18:30 часот ќе игра против Бокељ Котор од Црна Гора.


Јончевски ќе прозива на 24 јули за Олимписките квалификации

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12 до 20 август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).

Селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.

Освен тоа, на 24 јули (понеделник), од 18:00 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, е предвиден почетокот на подготвителниот период.

Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот

Селектор: Александар Јончевски.


Македонија остана на 68. место на ФИФА листата

Maкедонската фудбалска репрезентација и натаму е на 68. место на ранглистата на најдобрите светски селекции објавена од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

По јунските квалификациски натпревари за Европското првенство Германија, Македонија имаше 1.350 бода, а бидејќи потоа не одигра ниту еден натпревар, остана на истата позиција на која беше пред еден месец. На врвот на рангирањето и натаму е светскиот шампион Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија и Белгија. Хрватска во моментов е шеста, Холандија седма, додека Италија е осма, Португалија е деветта, а Шпанија е на десеттото место.

Најголемиот скок на листата овој месец очекувано направи Мексико, селекција која што неодамна го освои Голд купот, шампионатот на Централна и Северна Америка.

Од противниците на нашата селекција во квалификациите за ЕП, Украина е на 24-то место, додека Малта е на 171-то место.


Нејмар: Ќе останам во ПСЖ дури и да не ме сакаат

Напаѓачот на францускиот ПСЖ, Нејмар изјави дека планира да остане во парискиот клуб и покрај тоа што навивачите не го сакаат.

„Се надевам дека ќе останам во ПСЖ и следната сезона. Имам договор со овој тим, а никој ништо друго не ми кажал. Дури и ако навивачите не ме сакаат, јас ќе останам во ПСЖ, со или без љубов“, рече Нејмар во видео обраќањето  на каналот „CazeTV“ на YouTube. Претходно во медиумите се појави информација дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ.

На крајот од минатата сезона, во близина на домот на бразилскиот напаѓач во Париз се собраа дел од навивачите на ПСЖ, барајќи тој да го напушти клубот. Договорот на 31-годишниот Нејмар со ПСЖ е со важност до јуни 2025 година.


Диаби на чекор од потпис со Астон Вила

Астон Вила и Баер Леверкузен постигнале начелен договор за Муса Дијаби, пренесуваат медиумите во Англија.

Според истите, Англичаните и Германците си подале рака за сума од 50 милиони евра. Астон Вила ја преставува новиот шеф за фудбалските операции Рамон Мончи сака да ја заврши зделката што е можно поскоро, бидејќи се верува дека и арапските шеици од Ал-Наср се во потрага по Дијаби, бидејќи овој клуб веќе понудил 33 милиони евра за играчот на Баер Леверкузен.

Самиот Дијаби допрва треба да донесе конечна одлука, но Баер Леверкузен ќе го повика играчот да направи избор веднаш штом ќе добие втора понуда од Ал-Наср. Дијаби минатата сезона имаше 48 настапи за Баер Леверкузен во сите натпреварувања, постигна 14 гола и даде 11 асистенции, а е под договор до јуни 2025 година.


Гонзало Рамош од Бенфика прв избор на Луис Енрике за напаѓачката позиција

Примарна цел на ПСЖ ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач и „светците“ веќе ја почнаа потрагата.

Луис Енрике бара засилување во нападот бидејќи Меси замина, а иднината на Мбапе е несигурна. Најново име на списокот на ПСЖ е ѕвездата на Бенфика и португалски репрезентативец, Гонзало Рамош.

Португалецот оваа сезона постигна 26 гола и запиша 12 асистенции, а остави одличен впечаток и на Мундијалот.

ПСЖ наскоро ќе започне преговори со Бенфика и спрема понуда од 75 милиони евра.


Насер Ал Келаифи испрати порака до Мбапе: Клубот е над секој фудбалер

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, јасно му стави до знаење на Килијан Мбапе дека нема да му дозволи да си поигрува со угледот на клубот.

Еден од најдобрите играчи на денешницата доби услов од ПСЖ – или да го продолжи договорот или да си замине ова лето за клубот да заработи од неговиот трансфер. Мбапе тврдеше дека сака да остане, а останува да се види што ќе се случува.

Ако и дефинитивно не постигне договор за продолжување на соработката, клубот ќе тргне во акција на негова продажба, засега Реал Мадрид е главниот фаворит. Во медиумите се шпекулираше и дека ПСЖ може да го остави Мбапе цела сезона надвор од тимот ако не потпише нов договор, а остане.

„Клубот е поголем од сите, секој кој не сака да биде тука и кој не ги почитува нашите вредности, не би требало да биде тука. Тука се најдобрите фудбалери во светот, нема изговори. Ништо не недостасува. На тренинзите мора да се работи 200%. Ако сите даваме максимум резултатите ќе дојдат“, изјави Ал-Келаифи.


Осимен се согласи да остане и следната сезона во Наполи

Виктор Осимен, најдобриот стрелец во италијанската Серија А и следната година ќе игра во Наполи.

Одличниот Нигериец беше еден од најзаслужните што Наполи го освои скудетото по пауза од 33 години. Голем беше интересот за него од европските гиганти, но и понатаму ќе го гледаме под Везув. Де Лаурентис не сакаше да слушне за преговори за сума под 150 милиони евра, но и водеше преговори со менаџерот на фудбалерот за продолжување на соработката. Тие преговори според последните информации вродиле со плод.

Главниот услов за останувањето на Осимен беше неговата откупна клазула идната година да изнесува 120 милиони евра што е сума која е прифатлива за европските гиганти, секако ако ја задржи формата од последната сезона.


Струмица Никоб ја дозна групата за квалификациите на ЛШ

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица на денешната ждрепка во Ликсембург се најде во друштво на бугарскиот првак Нефтохимик Бургас, црногорскиот шампион Будва, како и екипата на Фино Капошвар од Унгарија во групата 1 за новата сезона од одбојкарската Лига на шампиони на ЦЕВ.

Струмица за пласман во следната фаза ќе мора да го освои првото или второто место во групата, кои единствено водат во следниот круг.

Според променетиот формат на ЦЕВ, оваа година ќе се играат две рунди во прелиминарната групна фаза на најсилното европско натпреварување.