feature

Рики Масара ќе го наследи Џунтоли во Наполи

Наполи е во потрага по нов спортски директор откако Џунтоли го напушти клубот и се пресели во Јувентус.

Италијанските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на Рики Масара, кој до пред два месеци беше спортски директор на Милан. Масара му беше десна рака на Малдини и важи како еден од најзаслужните за успесите на Милан изминатите години. Тој е слободен и имал средба со претседателот Де Лаурентис на која постигнале начелен договор.

Се очекува следните денови Масара и официјално да биде промовиран во нов спортски директор на Наполи.


Јуве ја одреди цената за Федерико Киеза

Ливерпул и Њукасл нема да можат да го купат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза се додека не продадат дел од постоечкиот играчки кадар. Јувентус и официјално потврди дека се подготвени да ги разгледаат понудите за Киеза, но само ако се повисоки од 50 милиони евра.

Ливерпул и Њукасл се подготвени да направат обид да го купат Киеза, доколку продадат дел од своите фудбалери. Ливерпул е подготвен да понуди 40 милиони евра за Киеза, но тоа нема да биде доволно.


Божидар Мојсов го презеде суперлигашот Прилеп

РК Прилеп официјално го потврди Божидар Мојсов како нов тренер на тимот. Поранешен помошен тренер на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде на клупата на прилепчани.

Мојсов богата кариера ја започна како помошен тренер уште со формирањето на Еурофарм Работник и ја продолжува со спојувањето на “Пелистер” и нивните бројни успешни пласмани во македонската суперлига. Своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига и СЕХА лигата.


Романецот Адриан Муту нов тренер на Нефчи

Некогашниот фудбалер на Интер, Челзи и Јувентус од денес е нов тренер на Нефчи.

Романецот со клубот од Азербејџан потпиша договор на две години, а во него постои опција за продолжување на уште една. Муту изрази задоволство затоа што како што веле доаѓа во најголемиот клуб во земјата.

„Нефчи е најголемиот клуб во Азербејџан и имаат најмногу навивачи. Мојата цел ќе биде да го вратам тимот на местото на кое заслужува да биде, во врвот на азербејџанскиот фудбал“, изјави Муту.


Бартра раскина со турски Трабзонспор

Трабзонспор на официјалниот сајт објави предвремен раскин на договорот со дефанзивецот Марк Бартра. Договорот на фудбалерот беше до 2025 година, но истиот вчера е раскинат со меѓусебен договор на страните.

32-годишниот Шпанец, кој е дете мна Барселона, стана слободен играч.

Бартра за турскиот клуб одигра 40 натпревари во сите натпреварувања.


Крсте Велкоски доби нов договор во Работнички

Работнички се засили со македонскиот репрезентативец Томче Гроздановски, а нов едногодишен договор потпиша и капитенот Крсте Велкоски.

Велкоски кој с еврати минатата сезона во Работнички и официјално парафираше договор со Работнички до јуни 2024 година.

„Најубаво е дома. Со Работнички се разбираме со поглед и драго ми е што во пресрет на новата сезона хоризонтот пред нас е сѐ поширок. Верувам дека заедно со момците можеме многу во новиот шампионат, а Работнички секако во себе има шампионски гени“, изјави капитенот Крсте Велкоски.


Розе добива нов договор цо Лајпциг

Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розe, кој има договор до летото во 2024 година набрзо може да потпише нова соработка со германскиот состав. Според весникот – „Билд“, двете страни се договориле за нов термин до 2026 година и зголемена плата на 4,5 милиони евра по сезона.

„Сите знаат дека навистина ми се допаѓа тука. Во моментов, сепак, има позначајни работи – да изградиме тим со кој можеме да ги постигнеме нашите цели“, изјави тренерот на Лајпциг.

Неговиот тим во претходната сезона го освои третото место во Бундеслигата и успеа да го подигне пехарот во Купот на Германија.


Огромна понуда од Саудиска Арабија за Бернардо Силва

Бернардо Силва веќе има голем предизвик пред себе, има фантастична понуда пред себе и наскоро мора да одлучи дали ќе направи трансфер.

Имено, Ал Хилал од Саудиска Арабија, на фудбалерот на Манчестер Сити му нуди 150 милиони евра и договор на три сезони, односно на плата од 50 милиони по сезона.

Што се однесува до Сити, на име на обештетување за клубот од Манчестер, клубот од Саудиска Арабија, биле подготвени да исплатат 70 милиони евра.

Силва е под договор на уште две сезони со „граѓаните“, а интерес за овој фудбалер има и од европските екипи, но под далеку поскромни понуди.

Од доаѓањето во Манчестер Сити, Бернардо Силва за Сити одигра 306 натпревари, постигна 55 голови и 59 пати асистираше кон соиграите. Со клубот од Етихад пет пати беше шампион во Премиерлигата и освои се што друго може да се освои.


Теодосиќ потпиша за Црвена Звезда

Кошаркарот, Милош Теодосиќ, ќе биде трето засилување за Црвена Звезда во текот на летово откако плејмејкерот ги прифатил условите на „црвено-белите“. 

Евролигашот претходно ги обезбеди потписите на  Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ.

Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња а претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.


Дали Дембеле ќе остане во Барселона?

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, размислува капитенската лента да му ја понуди на Усман Дембеле од идната сезона.

Веста за намерата на Чави ја пренесе дневниот весник СПОРТ, кој тврди дека со ваков потег, Ернандез сака да го убеди Дембеле да не размислува за никаков евентуален трансфер надвор од клубот.

Дембеле во Барселона пристигна летото 2017 година од Борусија Дортмунд. Францускиот фудбалер има договор со Барса до следната година, но досега има одбиено бројни понуди.

Тој може да ја напушти Барселона ако било која екипа ја плати неговата откупна клаузула која сега изнесува само 50 милиони евра, но по се изгледа, Дембеле размислува за долготрајна соработка со Барселона.

Шпанските медиуми тврдат дека Дембеле со доаѓањето на Чави на клупата на Барселона, го доби потребното внимание и допрва ќе ја има потребната минутажа.