Трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри од следната сезона ќе го води Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Двете страни постигнаа договор, а оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо.
Алегри е без работа од минатата сезона, кога на крајот на сезоната доби отказ во Јувентус.
Тој ќе го предводи тимот кој моментално е петти на табелата со 14 бода помалку од лидерот Ал-Хилал. Ал Ахли три пати беше шампион на Саудиска Про лига, последен пат во 2016 година.
Алегри, покрај Јувентус, со кого пет пати беше шампион на Италија, исто толку пати освојувач на купот, два пати освојувач на Супер купот и два пати финалист во Лигата на шампионите, раководеше со Милан со кој победи Серија А и Супер купот, а ги водеше и Каљари, Сасуоло, Гросето, СПАЛ и Аланезе.
Солскер го презема Бешикташ
Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција. Норвежанецот ќе го преземе тимот на Бешикташ. Солскјер со Бешикташ ќе потпише договор со крајот на сезоната.
Оле Гунар Солскјер тренерска кариера ја започна во 2008 година како менаџер на У-21 тимот на Манчестер јунајтед. Три години подоцна го презеде Молде и остана таму, со кратка пауза во која се испроба како тренер на Кардиф Сити, до 2018 година.
Врв на неговата тренерска кариера беше преземањето на Јунајтед, кој во сезоната 2020/21 го донесе до финалето на Лига Европа.
Солскјер во Бешикташ доаѓа на местото на Џовани ван Бронкхорст, кој минатиот месец мораше да ја напушти клупата. Норвешкиот стручњак е без работа од ноември 2021 година кога го напушти „Олд Трафорд“.
Пешевски: Холандија е респектабилна селекција
Жарко Пешевски очекува уште еден добар меч на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Втор противник на Македонија во групната фаза ќе и биде селекцијата на Холандија. Мечот ќе се реализира утре во арената во Вараждин.
„Максимално се фокусираме на Холандија, заборавме што се случуваше против Унгарија, немавме среќа да победиме, но ремито е одличен резултат. Мислам дека максимално сме мотивирани.
Излегуваме максимално мотивирани и се надеваме дека ќе стигнеме до добар резултат. Тие се побрзи од Унгарците, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен меч, но, подготвени сме и мислам дека имаме шанси“, изјави нашиот ракометар.
Аморим: Диало треба да продолжи да работи, има огромни квалитети
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, имаше само пофални зборови за младиот напаѓач, Амад Диало, кој со три гола на вчерашниот меч со Саутемптон донесе голем пресврт на стадионот – „Олд Трафорд“.
„Тој заврши одлична работа но, има уште многу да се подобри. Денеска играше на друга позиција и ги искористи квалитетите.
Тој има иста одговорност како и секој друг играч на Јунајтед. Тој мора да продолжи да работи“ , изјави Аморим.
Кварацкелија се збогува со фановите на Наполи
Квича Кварацкелија, кој направи трансфер во францускиот гигант ПСЖ, ги искористи социјалните мрежи и се прости од италијанскиот Наполи.
„Неапол беше мојот дом, сè уште размислувам за патувањето низ кое поминавме заедно и тоа ми носи многу емоции.
„Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во клубот, тренери, секој член на персоналот, партнери и навивачи“, беа дел од зборовите на Кварацхелија
Вилфред Канга го засили Динамо Загреб
Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга од Брегот на Слоновата Коска.
Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо.
Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз.
Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони евра, откако Извршниот одбор на клубот даде зелено светло за реализиција на трансферот.
Очигледно Динамо сакаше да го донесе Канга на позајмица, но напаѓачот сакаше комплетен трансфер.
Работите не му одеа најдобро во Кардиф во есенскиот дел од сезоната. Одигра 15 натпревари, но само на почетокот беше во стартниот состав, а потоа доби мала минутажа.
Во текот на кариерата, покрај за Кардиф и Херта, играше и за Јанг Бојс, Стандард, Анже, Кајзериспор.
Адејеми е нова желба на Конте и Наполи
LONDON, ENGLAND – JUNE 01: Karim Adeyemi of Borussia Dortmund reacts during the UEFA Champions League 2023/24 Final match between Borussia Dortmund and Real Madrid CF at Wembley Stadium on June 01, 2024 in London, England. (Photo by David Ramos/Getty Images)
Челнивите на Наполи се заинтересирани за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Италијанците сакаат да го ангажираат крилниот напаѓач во текот на месецов но, тешко е да се постигне договор бидејќи „милионерите“ ќе бараат голема сума.
Договорот на Адејеми со германскиот тим е до 2027 година. Тој во сезонава постигна 2 гола и направи 3 асистенции во Бундеслигата.
Коентрао уапсен заради нелегално одгледување на ракови
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао е уапсен поради нелегално одгледување ракови, јавуваат португалските медиуми.
Коентрао, наводно, одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња. Пред три години ја заврши фудбалската кариера и започна да се бави со рибарство.
„Татко ми секогаш имаше брод, секогаш беше во него. Таму се моите корени. Често одевме заедно, го засакав тоа. Кога и да имав време, кога и да бев на одмор, бев на море. Знаев дека кога ќе завршам со фудбалот дека ќе за заминавам со рибарство. Се чувствувам среќен на море, сакам да живеам таков живот, но тоа не е е работа како и секоја друга и треба да се почитува“, изјави неодамна Португалецот.
Со Реал Мадрид, Коентрао две ЛШ и две шампионски титули на Шпанија. Тој исто така крена трофеи како играч на Бенфика и Спортинг. Поранешниот лев бек на Реал Мадрид и португалската репрезентација одигра 106 натпревари за Реал Мадрид.
Медведев сензационално елиминиран од Австралија опен
Данил Медведев, во спектакуларен меч по четири часа и 48 минути загууби во второто коло на Австралија опен од Американецот Лернер Тиен. 19-годиникот победи со 6-3, 7-6, 6-7, 1-6, 7-6. Мечот заврши во три часот наутро по Аватралиско време.
Медведев налета на „тврд орев“ во младиот Американец. Не делуваше добро во првите два сета, но успеа да се извлече во третиот сет, во тај-брејкот спаси меч топка, а потоа со 10-8 ја доби 13.игра и остана во мечот.
Во четвртиот, Тиен под импресија од пропуштената шанса, не постоеше на теренот. Му дозволи на Медведев да се прошета низ сетот и да изедначи на 2-2.
Драмата колуминираше во сетото на одлука. Медведев на стартото пропушти три топки за брејк, пропушти брејк топка и во петтиот гем. Успеа да му го одземе сревисот на противникот во 11. гем, сервираше за победа, но рускиот тенисер тој гем го одигра ужасно лошо.
Во супер-тај брејкот, Тиен доигра неколу спектакуларни поени, а два пати му го одзеде сервисот на Медведев и дојде до предност 8-7 беше јасно дека е ја забележи најголемата победа во кариерата.
Лазаров: Треба да ја заборавиме Унгарија, Холандија е селекција која не ни одговара!
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров целосно се фокусира на утрешниот предизвик против Холандија во рамки на второто коло на Светското првенство. Турнирот го почнавме добро со реми против фаворитот Унгарија иако имавме големи шанси и да го освоиме цел плен и да почнеме со победа во рамки на групата Д.
„Мислам дека треба да бидеме навистина задоволни и нема за што да жалиме. Треба да го заборавиме натпреварот со Унгарија и со една позитивна мисла да одиме напред. Треба да бидеме свесни дека и покрај добриот резултат, можеше да биде и подобро, но да не бараме ‘леб преку погача’. Треба да бидеме задоволни и да се фокусираме на она што ни претстои, веќе утрешниот натпревар со Холандија и следните натпревари“, изјави Лазаров.
„Лалињата“ се селекција која можеби го игра најбрзиот ракомет во светот и според тоа Лазаров смета дека се понезгоден противник за Македонија од Унгарија. Но добрата атмосфера и самодовербата кај играчите треба да се надополни со нов добар натпревар во Вараждин.
„Мислам дека Унгарија е поцврста репрезентација, но мислам дека Холандија е репрезентација што помалку ни одговара според стилот на игра. Тоа е репрезентација што игра брз ракомет, има ритам во текот на сите 60 минути, не дека Унгарија го нема, напротив исто така го има, но дека со тоа што правеа повеќе измени ни даваа повеќе опции. Затоа јас сум максимално фокусиран, гледајќи да не ги оптоварувам премногу момците, затоа што се во една добра атмосфера, можам да кажам дека имаат и добра самодоверба, подржани од нашите навивачи, кои се надевам дека утре ќе бидат во уште поголем број. Треба да го искористиме тоа утре“, додаде македонскиот селектор.
Македонија и Холандија утре својот натпревар од 2.коло во групата Д на Светското првенство го играат со почеток од 18:00 часот.