Најтрофејниот шпански клуб, Реал Мадрид, донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на бразилскиот интернационалец Ендрик.
Иако, малдиот напаѓач, на неколку пати изјавуваше дека и покрај скромната минутажа сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, раководните лица на „кралскиот клуб“ дошле до заклучок дека најдобро ќе биде Бразилецот новата сезона да ја одработи како позајмен фудбалер во некој друг клуб.
Бардџи пристигна во Каталонија, Копенхаген доби два милиони евра
Руни Бардџи потпиша договор со Барселона. Tрансферот на 19-годишниот крилен напаѓач од Копенхаген во каталонскиот клуб e реализиран за скромни два милиони евра.
Фудбалерот потпиша договор до 2029 година. Шведскиот младински репрезентативец ги одби понудите од Мајорка и Порто бидејќи е навивач на Барса уште од детството.
Бардџи во претходната сезона oдигра само 5 натпревари во данската прва лига поради скинати вкрстени лигаменти. Една сезона претходно имаше 23 натпревари и седум голови.
Венус Вилијамс се враќа на тенисот на 45 години
Венус Вилијамс го објави своето враќање на теренот и настапот на Отвореното првенство на Вашингтон, кое започнува на 21 јули во главниот град на САД.
Tенисерка не одиграла официјален натпревар 16 месеци, а нејзиниот последен настап беше на минатогодишниот Мастерс во Мајами.
На официјалната веб-страница на ВТА турнејата, Венус беше означена како „неактивна“, но сега ќе се врати во градот за кој, вели таа, има посебно место во нејзиното срце.
„Вашингтон има нешто навистина посебно – енергијата, навивачите, историјата. Овој град отсекогаш ми давал толку многу љубов и едвај чекам повторно да се натпреварувам таму“, рече постарата сестра на Вилијамс.
Последен пат играше во Вашингтон во 2022 година.
Олимпија Милано се пофали со потписот на Лоренцо Браун
Лоренцо Браун официјално е нов играч на италијанскиот евролигаш, Олимпија Милан.
Клубот објави дека потпишал двегодишен договор со 34-годишниот Браун, кој во кариерата го носеше дресот на повеќе европски гиганти и неколку тимови од НБА лигата.
За Панатинаикос одигра само една сезона и просечно бележеше 6,3 поени, 2,7 асистенции и два скока по натпревар.
Ал-Наср преговара со Кристијан Пулишиќ
Саудискиот тим го убеди Кристијано Роналдо да потпише нов договор, а во преговорите му беше ветено дека ќе му направат тим со кој клубот ќе може да атакува на важните трофеи.
Последните информации велат дека Ал Наср ќе тргне по ѕвездата на Милан, Кристијан Пулишиќ.
Пулишиќ е еден од најдобрите фудбалери на Милан и Ал Наср е подготвен да му испрати понуда каква што не може да одбие.
Според италијанските медиуми во преговорите би можел да биде вклучен и Ејмерик Лапорт кој од Ал Наср би се преселил во Милан.
Арчи Браун од Гент се сели во Фенербахче
Фенербахче го комплетираше трансферот на Арчи Браун од Гент кој пред да потпише за турскиот клуб беше ептен блиску до Милан.
Браун имаше договорено трансфер во Милан, но пред да отпатува во Милано добил повик од претседателот на Фенербахче, Али Коч кој го убедил да потпише со неговиот клуб.
Трансферот вечерва е комплетиран, 23-годишниот англиски бек стави потпис на договор со Фенер на три години плус уште една дополнителна сезона.
Неизвесна иднината на Донарума во Париз
firo: 09.07.2025, Football, Football: International, FIFA Club World Cup 2025, FIFA Club World Cup 2025, Semi-final Paris Saint Germain, PSG – Real Madrid 4:0 Gianluigi Donnarumma goalkeeper of Paris
Според најновите извештаи, тимот на Париз Сен Жермен, кој важи за еден од највлијателните клубови денес, би можел да претрпи промени во играчкиот кадар ова лето. Оваа вест доаѓа од реномираниот “Л’Екип”, само ден пред финалето на Светското клупско првенство против Челси, и не е особено пријатна за навивачите на клубот од Париз.
Како што пишува “Л’Екип”, прашањето околу првиот голман на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, сè уште не е решено. Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2026 година, но нов договор сè уште не е потпишан. Ова отвора оправдани дилеми за неговата иднина во клубот.
Ако договорот му истече, Донарума ќе може да промени клуб без обештетување, нешто што Париз би сакал да го избегне.
Според истиот извор, клубовите Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед внимателно ја следат ситуацијата со италијанскиот голман и се подготвени да не жалат средства за негово доведување доколку се укаже можност.
Ига Швјонтек без загубен гем во финалето го освои Вимблдон
Полската тенисерка Ига Швјонтек е новата шампионка на Вимблдон откако попладнево во финалето ја надигра Аманда Анисимова од САД со убедливи 2:0 во сетови (6-0 и 6-0).
На тој начин полската тенисерка со овој успех испиша дел од историјата на Вимблдон. Финалниот меч траеше 57 минути.
Во текот на мечот Швјонтек имаше шест брејка од девет можности, притоа ривалката ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка. Во вкупниот број поени скорот беше 55-24 за Швјонтек.
За Швјонтек ова е прва Грен слем титула на Вимблдон во првото финале, а вкупно шеста грен слем титула во кариерата.
Анисимова со солзи во очите во заврши мечот.
Финалето во машка конкуренција се игра утре со почетокот 17 часот, а ќе играат Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Барди претставен како нова десетка на Коњаспор
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим.
Ова воедно ќе биде трет тим од Турција за кој ќе настапува Барди, откако претходно беше член на Трабзон и на Бодрум.
Барди ќе го носи дресот со број 10.
Еурофарм Пелистер се засили со 15-годишен десен бек
Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 активо работи на засилувањата за новата сезона. Ново име е 15-годишниот Илија Илијевски, еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет. Тој во Битола доаѓа од матичниот клуб Вардар Неготино.
Младиот ракометар потпиша договор на четири години, а со тоа клубот од Битола ја продолжува стратегијата за млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на клубот.
Илиевски е висок 202 сантиметри и игра на десната бековска позиција.