feature

Мојс фаворит за испразнетото тренерско место во Евертон

Шокантниот отказ на Шон Дајч во Евертон им донесе на „карамелите“ пласман во следната рунда од ФА Купот синоќа, но тој и понатаму е тема на разговор на Островот.

Последните два порази од Бурнмаут и Нотингем го чинеа отказ стручњакот кој ги запре Арсенал, Сити, Челси и беше одличен на „Гудисон“.

Навивачите беа изненадени од потегот на управата, но утринава веста дека Дејвид Мојс е блиску до враќање на клупата на тимот со кој раководеше со голем успех од 2002 до 2013 година може да објасни се. Во последниве недели, широко распространето е верувањето дека на Евертон му треба тренер кој не е одличен само во одбраната, а Мојс во Вест Хем докажа дека може да го создаде тој дефанзивно-офанзивен баланс.

Според информациите од Англија, Мојс не е единствениот кандидат да дојде на „Гудисон“, но тој е најсилен бидејќи навивачите го обожаваат. Се може да биде готово до вечерва, забележуваат медиумите, бидејќи Евертон не го отпушти Дајч без веќе да најде нов менаџер.

Ако Мојс се согласи да се врати, ќе има сериозна задача да обезбеди опстанок. Досегашната 16-та позиција со 17 бодови по 20. коло (имаат натпревар помалку) само ветува голема неизвесност во Премиер лигата.


Ерик Мекалум потпиша за Фенербахче

Ерик Мекалум до крајот на сезоната ќе игра за Фенербахче, соопшти турскиот клуб.

Мекалум е добро познато лице во Евролигата каде последен пат играше пред четири години во дресот на Химки. За оние кои не знаат, Мекалум е постар брат на кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Си Џеј Мекалум.

Во Фенербахче пристигнува од Каршијака, каде играше во претходните две сезони.

Неговото доаѓање во Фенербахче е последица на лошата кадровска ситуација во тимот на Шарунас Јасикевичиус и повредите кои го зафатија тимот. Мекалум ќе треба да го надополни отсуството на Скоти Вилбекин, Вејд. Болдвин и Артурас Жагарс.

Во Каршијака, Мекалумимаше просек од 16 поени, 2,2 скока и 5,2 асистенции.


Тони Атанасов е третиот тренер на Брера сезонава

Со одлука на Управниот одбор на Брера Струмица за нов кормилар на екипата е именуван Тони Атанасов, а помошник му е Панче Стојанов.

Покрај нив во Стручниот штаб на струмичкиот прволигаш ќе работат и Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.

Оваа одлука на раководството на Брера доаѓа откако спогодбено ја раскина соработкат со досегашниот тренер Горазд Михаилов.

-Тони Атанасов и Панче Стојанов се добро познати на струмичката јавност. Оставија печат како фудбалери, но и со работата во младинските погони на Академија Пандев, а сега Брера Струмица. Со својот професионален пристап ќе се обидат да извлечат максимум од првиот тим кој есенскиот дел го заврши на осмата позиција, се наведува во соопштението од клубот.

Инаку, струмичкиот прволигаш утре ги започнува подготовките за продолжението на првенството. Како што информираат од Брера Струмица, според планот ќе се работи секојдневно, а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет.


Роналдо постави уште еден рекорд: Гол во 24 сезони по ред

Португалецот Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол во секоја од 24 последователни календарски години.

Напаѓачот на Ал-Наср го постигна својот прв гол во 2025 година против Ал-Окдуд во победата од 3-1.

Погоди од пенал по шести пат оваа сезона, со што дојде до 11 го во првенството на Саудиска Арабија.

Од 2002 година кога дебитираше во дресот на Спортинг од Лисабон, Роналдо постигна 917 гола, 782 за клубовите и 135 за репрезентацијата на Португалија.


Фратези не е во плановите на Симоне Инзаги

Soccer Football – Serie A – Inter Milan v AC Milan – San Siro, Milan, Italy – September 16, 2023 Inter Milan’s Davide Frattesi celebrates scoring their fifth goal with Stefan de Vrij REUTERS/Daniele Mascolo

Давиде Фратези решил да се соочи со тренерот Симоне Инѕаги и да го истакне незадоволството од минутажата која ја добива во Интер, но останал разочаран од односот на тренерот.

Актуелниот шампион во Серија А има голема конкуренција во средниот ред, а италијанскиот репрезентативец добива се помала минутажа, па незадоволството кај Фратези кулминирало и по последните натпревари во Суперкупот, кој заврши на разочарувачки начин за „нероазурите“.

Фратези решил да се соочи со Инѕаги и да му го каже своето мислење, но „Газета дело Спорт“ тврди дека добил дополнителна причина за незадоволство и тоа поради фактот што тренерот воопшто не се обидел да го премисли во обидот да бара друга средина уште во јануари.

Инѕаги бил индиферентен кон скапото засилување од пред две сезони и му ставил на знаење на Фратези дека не е во неговите планови, па сега фудбалерот сериозно размислува околу иднината, а агентите бараат солуции.


Араухо на чекор до позајмица во Јуве

Роналд Араухо (25), уругвајски репрезентативец и централен бек на Барселона, наскоро би можел да стане играч на Јувентус. Италијанскиот гигант веќе подолго време преговара со Барселона, а каталонски „Спорт“ вчера објави дека Араухо им кажал на соиграчите дека до крајот на овој месец ќе го напушти клубот.

Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Барселона го донесе во 2018 година за пет милиони евра и оттогаш одигра 151 натпревар, постигна осум гола и шест асистенции и освои три трофеи.

Прашање е само колку Барселона ќе може да заработи од овој трансфер. До пред една година, Барселона за Араухо бараше 100 милиони евра, но неговата вредност на пазарот се намали бидејќи долго време не играе поради повреда.

Италијанските медиуми тврдат дека Араухо ќе му се приклучи на Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, но и дека Јувентус ќе има клаузула со која ќе може да го откупи неговиот договор од Барселона. Заемот би го чинел Јувентус пет милиони евра, плус четири милиони евра како дела од платата на Араухо.

Доколку челниците на Јувентус решат да го откупат договорот на Араухо, тоа би ги чинело 20 милиони евра, плус пет милиони евра потенцијални бонуси. Договорот на Араухо со Барселона истекува во летото 2026 година, што значително ја намалува неговата вредност кога се во прашање преговорите.


Џокер од Сомбор се повлече од АБА2 лигата

Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор донесе одлука да ја напушти АБА 2 лигата на половина од сезоната.

Како што е објавено на веб-страницата на натпреварувањето, Џокер ја донел шокантната и неочекувана одлука откако обезбеди место во Топ 8 фазата, како најдобар во својата група во првата фаза.

Тимот на Сомбор беше пред екипите на Подгорица, Широки Бријег и Пелистер.

На веб-страницата на АБА 2 лигата се наведува дека клубот се заблагодарил на конкуренцијата за професионалната, фер и коректна соработка, но поради причини кои се надвор од нивна контрола, клубот не може редовно да се натпреварува до крајот на сезоната.

Според правилата на ФИБА и политиките на АБА 2 лигата, сите натпревари на Џокер се регистрирани со официјален резултат 20:0 во корист на противниците. Ова значи дека првото место во Ц групатаг освои Подгорица, а во Топ 8 од втората позиција пласман избори Широки Бријег.


Доминик Кузмановиќ играч на годината во хрватскиот ракомет

Хрватскиот Ракометен Сојуз во соработка со „Спортске Новости“ ги прогласија најдобрите во ракометот за 2024 година.

Свеченоста се одржа на полувремето од натпреварот меѓу Македонија и Хрватска што се одигра во Вараждин.

За најдобар ракометар беше избран Доминик Кузмановиќ од Гумерсбах, додека најдобра ракометарка за 2024 е Катарина Јежиќ од Дунареа Браила.

Најдобар хрватски стратег за минатата година е прогласен Андрија Николиќ, додека најдобар судиски пар се Јуриновиќ и Мрвица.


Атлетико Мадрид го крена гласот против регистрацијата на Олмо и Виктор

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид не е среќен со тоа што Барселона доби дозвола привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, откако во претходниот период имаше проблем пораид финансиите.

Барселона ја бараше правдата на суд и доби дозвола за регистација на фудбалерите, а на ова веднаш реагираше Атлетико кој посочи дека оваа одлука ги прекршува правилата.

„Атлетико сака да изрази голема загриженост поради ситуацијата која се случи во шпанскиот фудбал поради одлуката на судот. Веруваме дека таа го загрозува нашиот систем. Без јазни и еднакви правила за сите, фер натпреварување не е возможно“, соопштија од Атлетико.

Гигантот од Мадрид имаше поддршка од Севилја и Атлетик Билбао во обидот да ја запрат Барселона за регистрацијата на Олмо и Виктор.


Фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување

Неименуван фудбалер од англиската Премиер лига е обвинет за силување, јавуваат островските медиуми. Од правни причини неговото име не се открива, познато е само дека има 31 година, дека е истакнат интернационалец и има шестцифрена неделна плата. Играчот е под истрага за наводно силување на две жени и сексуално недолично однесување во врска со трета жена.

Прво бил приведен во јули 2022 година, тогаш бил ослободен со кауција и продолжил непречено да игра за својот клуб.

Метрополитен полицијата сега предаде „целосно досие“ со докази за фудбалерот обвинет за силување до Кралското обвинитеслтво.

„Гардијан“ уште во јули 2022 година објави дека клубот бил запознаен со она што се случило есента 2021 година.

„Целосното досие е предадено на Кралската обвинителска служба (КПС) и детективите продолжуваат да работат со обвинителите“, се вели во соопштението.