feature

Ла Лига го обвини Винициус за пиратерија

Винисиус Жуниор поради повреда не играше за Реал против Ливерпул, во средата. Реал загуби на „Енфилд“ со 2-0.

Бразилецот и покрај тоа што не играше успеа да предизвика скандал и реакција од Ла Лига. Тој со објавата на Инстаграм сакаше да покаже колку му е тешко што не е со тимот на „Енфилд“.

Винисиус се снимил како го гледа натпреварот во својот дом во Мадрид и го објавил на споменатата социјална мрежа. На екранот на неговиот телевизор јасно се гледа логото на ТНТ Спортс од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која на Реал му испрати официјална жалба за однесувањето на својот ас.

„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус објави фотографија на Инстаграм како го следи натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спортс. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите од Шпанија, тоа мора да се направи преку Мовистар канал, кој ги плаќа правата за споменатото натпреварување во оваа земја“, стои во дописот од Ла Лига испратен до Реал.


Баерн ќе го позајми Тел оваа зима

Матијс Тел беше претставен како важно засилување и проект на Баерн, но кај Винсент Компани нема место во тимот, па разделбата е блиску.

Во претходните две сезони Тел и покрај тоа што имаше само 19 години редовно добиваше шанса, особено кај Томас Тухел. Работите се сменија со доаѓањето на новиот тренер. Венсан Компани смета дека младиот Французин не му е потребен.

Од почетокот на сезоната, Тел има само четири настапи во Бундеслигата, од кои еден во второто коло против Фрајбург. Оттогаш не игра разделбата е извесна што потврди и спортскиот директор на Баерн:

„Разговараме со играчите, како и со стручниот штаб, бидејќи за нас е важно момците да преземат добри чекори во развојот на нивните кариери“, изјави Фројнд.

Баерн би можел да го испрати Тел на позајмица, а договорот на Французинот со клубот од Минхен истекува во 2029 година.


Аморим го пречкртал Ериксен, Данецот заминува во јануари

Веднаш штом Рубен Аморим стана нов тренер на Манчестер јунајтед, јасно беше дека во јануарскиот рок ќе се обиде максимално да го прилагоди ростерот на сопствената визија што значи дека некои играчи ќе го напуштат клубот, особено оние на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната.

Германскиот инсајдер Флоријан Платенберг тврди Јунајтед нема да му понуди нов договор на Кристијан Ериксен, што значи дека во јануари ќе се обидат да го продадат за клубот да добие барем некаков вид компензација.

Аморим сака освежување на сите позиции во средниот ред , наводно го сака во тимот Даглас Луиз. Бразилецот е незадоволен во Јувентус, бидејќи не успева да се снајде во системот на Тијаго Мота.

Ериксен пристигна во Јунајтед летото 2022 година, една година откако доживеа срцев удар на ЕП, а во меѓувреме половина сезона ја мина во Брентфорд, каде му се врати на фудбалот.


Гвардиола пикирал две засилувања за оваа зима

Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити размислува да ги ангажаира играчите од средниот ред Мартин Субименди или Едерсон во следниот преоден рок.

Според „Телеграф“ клубот ги гледа овие играчи како потенцијални замени за освојувачот на Златната топка во 2024 година, Родри, кој има скинати вкрстени лигаменти.

Дваесет и петгодишниот Субименди игра за Реал Сосиедад. Оваа сезона Шпанецот има 18 натпревари за клубот во сите натпреварувања, еден гол и една асистенција. „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот од средниот ред на 60 милиони евра.

Едерсон (25) е играч на Аталанта и е во клубот од 2022 година. Оваа сезона Бразилецот одигра 17 натпревари за клубот, на кои постигна два гола и една асистенција.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.


ФФМ го помести 17. коло во Првата лига за три дена

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13:00 часот.

-Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.

Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13:00 часот.


Српски кошаркар доживотно суспендиран заради местење натпревари

Светската кошаркарска федерација ФИБА соопшти дека доживотно го суспендирала српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ.

Ќирковиќ доби забрана за професионална кошарка до крајот на животот, a сето тоа поради местење натпревари и обложување

Последниот ангажман на Ќирковиќ беше во Слобода од Ужице, а претходно играше на паркетите во Босна и Херцеговина во Братунац. Играше и за српските прволигаши Напредак, Вршац и Динамик, а кратко време беше и член на шпанскиот третолигаш Биеле.

Ги мина младинските селекции на српската репрезентација и своевремено важеше за многу талентиран кошаркар.

На почетокот на оваа година, ФИБА доживотно го суспендираше и Мирослав Пашајлиќ, уште еден српски кошаркар, наведувајќи го како причина нарушување на интегритетот и етичкиот кодекс на натпреварувањето.


Нандо Лорис обезбеди пол-позиција во Катар

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Катар.

Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше десетти зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.

Шампионот Макс Ферстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.


Интер крои планови да го купи Салах

Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул, минатата недела, по победата над Саутемптон (3-2) во која постигна два гола, на новинарите им откри дека не добил никаква понуда за продолжување на договорот. На „Сент Мери“ стадионот разочарано им кажа на новинарите дека големи се шансите да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Изјавата на Салах ги разочара навивачите на Ливерпул и го вклучи алармот кај големите клубови. Салах е еден од најдобрите во светот, плус тој без оштета може да го напушти Ливерпул.

Наводно, интерес за Салах има кај ПСЖ, Барселона и Баерн, а медиумите во Италија тврдат дека челниците на Интер веќе подготвиле конкретни чекори.

За да му понудат финансиски услови кои нема да може да ги одбие, Интер наредното лето ќе стави на продажба тројца напаѓачи, станува збор за Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореа и Мехди Тареми.


Конате се повреди, го чека пауза од 5-8 недели

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден. Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.

„Многу е фрустрирачки да се повредите на самиот крај од еден одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодариме за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.

Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.


Москеро заминува од Валенсија, Милан фаворит за неговиот потпис

Валенсија во последните години стана тим од кој младите фудбалери брзо заминуваат, па така нема некој квалитет како што беше некогаш кога шпанскиот тим беше дел од Лигата на шампионите, своевремно играше и финале во ова натпреварување.

Сега клубот за сума од 30 милиони евра би можел да го напушти Кристијан Москеро.

Станува збор за одличен стопер на кого Валенсија се обиде да му даде договор до 2026 година, но шпанскиот стопер веројатно ќе го промени клубот.

Најмногу интерес засега според медиумите покажал Милан кој е спремен да ги плати споменатите 30 милиони евра.

Москеро беше дел од репрезентацијата на Шпанија на Олимписките игри летово каде што го освои златниот медал.