feature

Реал го договори првото засилување за следната сезона

Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Тео Маледон, ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.

Францускиот плејмејкер постигнал договор со „кралскиот“ клуб, ексклузивно пренесува „Енцестандо“ и од следната сезона ќе стане играч на Реал.

Маледон е најдобриот играч на Асвел со просек од 18,8 поени, 4,2 скока и 4,8 асистенции, со одличен индекс на корисност од 23,5 во Евролигата.

Французинот „експлодира“ во декември кога беше прогласен за МВП на месецот во елитното европско натпреварување. Има само 23 години и нема сомнеж дека ќе биде еден од клучните играчи на Реал во наредните години.

Маледон ја започна својата професионална кариера во Асвел во 2017 година. Замина во НБА три години подоцна. Играше за Оклахома, Шарлот и Феникс, а летово се врати во клубот.


Ѓоковиќ пресилен за Монфилс, втора победа на Србинот бо Бризбејн

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на турнирот од серијата 250 во Бризбејн. Во втората рунда, Ѓоковиќ за 72 минути го победи Гаел Монфилс со 6-3, 6-3.

Новак Ѓоковиќ, рутински против рудовната муштерија, Гаел Монфис, избори место во четвртфиналето. Еден брејк во првиот и два во вториот сет му беа доволи за пласман меѓу најдобрите осум. Српскиот тенисер искористи три од четирите брејк топки, а во исто време на протвникот не му дозволи ниту една шанса за брејк.

Неверојатно звучи податокот дека во 20. меѓусебен дуел, Ѓоковиќ ја забележа 20.победа над Монфис.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Американецот Рајли Опелка.


Родри му одговори на Роналдо за темата „Златна топка“

Шпанскиот фудбалер Родри, добитник на престижната награда „Златна топка“, изјави дека е изненаден од ставот на Кристијано Роналдо дека не ја заслужил наградата.

Португалецот, за потсетување, неодамна изјави дека Винисиус од Реал е тој што требало да ја добие наградата за најдобар играч на годината.

Секако, Родри не се согласува со таа констатација. Тој рече дека не очекувал ваква изјава од Роналдо.

„Па, ме изненади, искрено, бидејќи тој знае подобро од кој било колку работа и одрекување е потребно за да се добие ваква награда и, пред се, како се избира победникот.

Оваа година, новинарите кои гласаа решија да ме изгласаат за победник. Веројатно, некои од тие новинари некогаш гласале и за него (Роналдо), а претпоставувам дека тој тогаш не се бунеше“.


Ричи доби договор до 2028 година со Торино

Торино денес соопшти дека Самуеле Ричи потпишал нов договор.

Ричи има 23 години, игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а интересно е што Манчестер сити го следеше цела есен и што се споменуваше како замена за Родри.

Сепак, Италијанецот реши да потпише нов договор со Торино, до летото 2028 година.

Неговиот актуелен договор истекуваше во 2026 година. Ричи во Торнио пристигна од Емполи во летото 2022 година за 8,5 милиони евра.

Во меѓувреме Ричи стана италијански репрезентативец, со шест настапи за „азурите“.


Јунајтед ризикува да загуби многу пари од спонзорски договор

Манчестер Јунајтед може да загуби голем спонзорски договор со производителот на спортска облека и обувки Адидас доколку испадне од англиската Премиер лига, пишува „Телеграф“.

Според изворот, според условите на спонзорскиот договор во вкупна вредност од 900 милиони фунти (над 1 милијарда евра), компанијата има право да го раскине договорот доколку Манчестер Јунајтед го загуби местото во највисоката дивизија на англискиот фудбал.

Се известува дека втората опција на Адидас доколку „црвените ѓаволи“ испаднат во Чемпионшип е да ги преполови годишните исплати на 45 милиони фунти.


Нова практика во Англија: Судиите ќе ги објаснуваат ВАР-одлуките

Фудбалските судии во Англија во иднина ќе им ги објаснуваат сите одлуки донесени во ВАР-собата на навивачите присутни на стадионите. Со оваа пракса ќе се започне од полуфиналните натпревари од Лига купот.

Имплементацијата на оваа идеја првично ќе биде пробна, за да се утврди на лице место како функционира комуникацијата помеѓу главниот судија, неговите колеги во ВАР собата и публиката. Односно, колку ќе го наруши текот на настаните на терен.

Пробниот период ќе ги опфати двата полуфинални натпревари од Лига купот, меѓу Арсенал и Њукасл и Тотенхем и Ливерпул, закажани за 7 и 8.јануари следната година.

Здружението на професионални судии соопшти дека ова е чекор кон транспарентност, со надеж дека на тој начин фудбалот ќе биде дополнително достапен и разбирлив за крајните потрошувачи. Судиите за ова се подготвуваа во тренинг кампови, но ’вежбаа’ и на самите стадиони.


Мурињо се подготвува за селекторска кариера

Еден од најдобрите тренери во светот Жозе Мурињо има договор со турски Фенербахче до 2026 година, по што сака да биде селектор на репрезентација.

„Сакам да водам тим на Европско или Светско првенство. Тоа ќе биде неверојатно искуство“, вели Мурињо.

Мурињо и во минатото го поврзуваа со тренерските столчиња на Португалија, Бразил и Саудиска Арабија, но не се остварија шпекулациите.


Цвијиќ и Лекиќ спремни да се вратат во репрезентацијата на Србија

Andrea Lekic i Dragana Cvijic rukomet zene reprezentacija Srbija utakmica cetvrtfinala 1/4 IHF Svetskog prvenstva Srbija 2013 protiv Norveska u hali Kombank Beogradska arena 18.12.2013. godine Foto: Marko Metlas

Ракометарките на Србија добија две огромни засилувања во името Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

Селекцијата не успеа да дојде до резултат на неодамна завршеното Европско првенство, доживеа три порази во групната фаза и така го зазеде 21. место во генералниот пласман.

Последната победа Србија на Европското првенство ја оствари пред четири години кога ја совлада Холандија, а оттогаш има осум порази во низа, што е поразителен податок за федерацијата.

Двете ракометни ѕвезди ќе бидат на располагање за бараж натпреварите за Светското првенство. Лекиќ и Цвијиќ играат со голем успех во Лигата на шампионите, каде се главни играчи на унгарски Ференцварош.

Србија оди во битка за мундијалска виза против Словенија, а дуелите ќе се играат на 9 и 10, односно 12 и 13 април.


Саша Зверев се повреди непосредно пред Австралија опен

Зверев се повреди на Јунајтед Купот и поради тоа мораше да се откаже од натпреварувањето, а по деталните прегледи ќе се знае колку време ќе паузира.

„Александер се повреде од турнирот поради повреда на бицепсот“, соопштија организаторите на натпреварувањето.


Секо Фофана ја напушти Саудиска Арабија и потпиша за Рен

Фудбалерот на Ал Наср, Секо Фофана ја напушти Саудиска Арабија и се врати во Франција. Во иднина ќе го носи дреост на Рен.

Рен не ја прецизираше вредноста на трансферот, но познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека се работи за сума од 20 милиони евра.

Фофана со францускиот клуб потпиша договор на четири и пол сезона.

„Тој е одличен играч, ќе ни помогне многу, со оглед на тоа што ги покажа сите свои квалитети на почетокот на кариерата. Има одличен карактер и менталитет. Тој е играч кој добро ја познава француската лига. Неговото доаѓање денес ни причинува големо задоволство. Имаме целосна доверба во него“, изјави спортскиот директор на Рен, Фредерик Масара.

Претходниот дел од сезоната Фофана го помина на позајмица во Ал Итифак, а во кариерата играше и за Фулам, Бастија, Удинезе и Ленс од кој во 2023 година се пресели во Ал Наср за 25 милиони евра.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, како играч на Ленс беше избран во идеалниот тим на француската лига за сезоните 2021/22 и 2022/23, а во 2022 година ја освои и наградата „Марк-Вивиен Фое“ која му се доделува на фудбалер од Африка, кој бил најдобра во Лига 1.

Фофана годинава го освои Африканскиот куп на нации со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, за која одигра 26 натпревари.

Рен е на 12. место на табелата во француското првенство со 17 бодови.