feature

Реал руши дефанзивен рекорд за да го доведе Вилијам Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањето на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, објави шпанскиот „Спорт“.

Кралевите ги разгледуваат сите опции и разговараат со блиски луѓе околу играчот и добиле позитивен одговор. Преговорите во моментов се водат без голема врева, при што двете страни сакаат сето тоа да помине без голем публицитет.

Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а идејата на Реал Мадрид е да го убедат играчот да побара трансфер во Шпанија, ако биде понудена неодолива сума од 100 милиони евра или повеќе. Оваа цена би го соборила рекордот за трансфер на одбранбен фудбалер.

Вилијам Салиба е дел од Арсенал од 2019 година, а неговата моментна вредност е проценета на 80 милиони евра.


Ливерпул го краде Керкез пред „носот“ на Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕвездата на Борнмут, Милош Керкез.

Керкез се промовираше во еден од најдобрите бекови во Премиер лигата и неговата цена драстично порасна оваа сезона.

Аморим сака да состави тим по своја мерка, а како приоритет ќе биде засилување на левата бековска позиција.

Меѓутоа, Ливерпул сака да го „украде“ Керкез пред носот на големиот ривал и веќе стапил во контакт со агентот и е спремен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.


Иван Чупиќ почнува тренерска кариера, ќе го предводи Метковиќ

Поранешниот ракометар на Вардар и легенда на хрватскиот ракомет, Иван Чупиќ, го започнува своето ново поглавје како тренер. Со својата богата кариера и искуство на теренот, тој го презема управувањето со РК Метковиќ, клуб од неговиот роден град.

Чупиќ се соочува со предизвикот да го задржи Метковиќ во елитниот ранг на хрватскиот ракомет, откако тимот освои само три бода во првиот дел од сезоната. Според правилата на првенството, двете најслабо рангирани екипи директно испаѓаат, додека следните две играат бараж за опстанок, што дополнително ја отежнува задачата.

Покрај улогата на главен тренер, Чупиќ ќе работи и како координатор за младинските категории, со цел да го поттикне развојот на младите таленти и да го зајакне тимот на долг рок.


Португалецот Семедо заради семејно насилство празниците ги мина во затвор

Поранешниот португалски репрезентативец Рубен Семедо се најде во проблеми со законот.

Според португалските медиуми поранешниот стопер на Виљареал изминатиот викенд физички ја нападнал својата партнерка, па дури и ја затворил во куќата недозволувајќи ѝ да замине. Поради тоа празниците ќе ги мине во затвор.

Семедо е фудбалер на катарски Ал-Кхор каде што е позајмен од Ал-Мархије. Поради семејно насилство му се заканува одземање на пасошот што ќе доведе до веројатно раскинување на соработката.

Инаку, ова не му е првпат да биде во слични проблеми. Во 2018 година тој беше уапсен во својот дом во Валенсија поради обид за убиство, насилен грабеж и илегален посед на оружје. Тогаш мина 142 дена во затвор, а беше пуштен откако плати кауција од 30.000 евра.

Исто така Семедо во два наврати беше обвинет за силување и семејно насилство.


Чофениг победи во Гармиш, Хајбек постави нов рекорд на скокалницата

Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп.

Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. Второто место со 290,3 поени го освои Швајцарецот Дешванден, додека на најниското скалило на подиумот се искачи уште еден Австриец, Михаел Хајбок. Словенецот Анже Ланиншек го освои четвртото место.

По натпреварите во Оберстдорф и Гармиш, првото место во поредокот на турнејата го презеде Чофениг (622,5), пред Јан Херл (614,6) и Штефан Крафт (613,8).

Чофенинг го презеде водството и во поредокот на Светскиот куп со 796 бодови, два повеќе од Германецот Пиус Пашке, додека на третото место е Австриецот Јан Херл со 756 бодови.


Аргентинецот Дек се повреди, Реал во клучен период остана без важен играч

Аргентинскиот кошаркар на Реал Мадрид, Габриел Дек го очекува пауза најмалку до средина на месец февруари поради новостeкнатата повреда на шпанското дерби против Барселона.

Дек имаше лош доскок во третата четвртина по забивање по кој ја повреди задната ложа и не беше во можност да го продолжи натпреварот.

Крилото оваа сезона бележи просек од 9.6 поени и 3.4 скокови на 18 одиграни натпревари во Евролигата. Неговото отсуство ќе биде голем проблем за Реал Мадрид кој веќе се мачи во сезоната.


Арсенал го освои Брентфорд и ја почна годината во голем стил

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Брентфорд со 1-3 на гостински терен во натпревар од 19.коло во Премиер лигата. Арсенал со вој триумф се искачи на второто место на табелата.

Брентфорд поведе во 13. минута преку Брајан Ембуеумо, потоа домашните имаа одлична шанса за 0-2, кога голманот на Арсенал, Раја, некако успеа да го одбрани својот гол. Веднаш потоа Габриел Жесус израмни пред полувремето.

Гостите го зголемија темпото во вториот дел, Микел Мерино го комплетираше пресврто во 50. минута, а Мартинели стави тошка на натпреварот три минути подцна.

Арсенал со натпревар повеќе заостанува шест бода зад Ливерпул.


Срѓан Благојевиќ е нов тренер на Партизан

Белградски Партизан во новата година влезе со нов тренер, Срѓан Благојевиќ е новиот стратег на црно-белите. „Црно-белите“ објавија дека 51-годишниот стратег потпишал договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една.

„Голема чест и предизвик за мене е да се биде тренер на Партизан. Без оглед на околностите кога добив повик немав ниту најмала дилема дали да прифатам. Мојата амбиција е преку напорна работа и посветеност да ја унапредиме нашата игра. Свесен сум за тежината на задачата и очекувањата од јавноста, но верувам дека со заеднички сили можеме да го вратиме Партизан каде што припаѓа“, изјави Благојевиќ.


Џошуа најави две борби во 2025 година

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа планира две борби во 2025 година. Ова го изјави неговиот менаџер Еди Херн во интервју за „ИФЛ ТВ“.

„Ја чекаме одлуката на Тајсон Фјури за неговата кариера, како и борбата меѓу Даниел ДуБоа и Џозеф Паркер на 22 февруари. Планираме две борби во 2025. Една во лето и една во зима“, изјави менаџерот.

Претседателот на промотивната компанија „Мечрум Боксинг“ додаде дека средбата меѓу Џошуа и Фјури може да стане најголемата борба во боксот во последните години.

„Никој не би бил заинтересиран за трета борба меѓу Фјури и Усик. Нема друг противник кој е посоодветен за Фјури од Џошуа“, категорично изјави Херн.

Потсетуваме, Тајсон Фјури во 2024 година претрпе два порази од неприкосновениот шампион во дивизијата Александар Усик. Џошуа (35) беше нокаутиран од Даниел Дубоа.


Ибра јавно му се извини на Фонсека

Во Милано не цветаат рози, тоа добро го знае и Златан Ибрахимовиќ, кој е во управата на клубот. Тој се појави пред новинарите за јавно да им се извини на навивачите за тоа што се случи по мечот со Рома.

„Волчицата“ му зедоа бод на Милан на „Сан Сиро“ (1-1), по што беше сменет тренерот Пауло Фонсека.

Популарниот Ибра смета дека клубот не требало да дозволи Фонсека да присуствува на прес-конференција по натпреварот.

Имено, Фонсека веднаш по завршувањето на натпреварот доби отказ, па под емоции излезе пред камерите и тоа им го соопшти на сите.

-Одлуката за отказот дојде веднаш по натпреварот со Рома. Направивме грешка што го пуштивме на прес-конференција и сега им се извинуваме на навивачите. Би сакал да му се заблагодарам на Пауло за тоа колку професионален беше за време на престојот овде. Тој ја има мојата целосна почит за тоа. Причина за отказот беше неконзистентноста во резултатите. Кога си во Милан, резултатите се многу важни. Несреќни сме што не ги постигнавме нашите цели. Првиот чекор е да го освоиме италијанскиот Суперкуп, изјави Ибрахимовиќ.

За наследник на Португалецот беше назначен неговиот сонародник Серџо Консеисао.

-Одговорноста за неуспехот не оди само на душата на тренерот, туку на сите нас во клубот. Добро или лошо, Милан секогаш мора да биде подготвен за следниот чекор. Сега ви го претставуваме Консеисао. Секој знае кој е тој. Има карактер на победник, многу е директен. Во Порто беше добар, забележа одлични резултати, изјави Ибрахимовиќ.